Свет
Посетата на Медведев на Полска „многу позитивна“

Масакрот во Катинската шума, соработката во енергетскиот сектор и ракетната одбрана ќе доминира со агендата на рускиот претседател Дмитри Медведев при неговата посета на Полска идната недела, пренесува Риа Новости
Медведев ќе ја посети Полска на шести и седми декември и, според сите очекувања, посетата ќе „многу позитивна“. Двајцата претседатели треба да заклучат повеќе договори, вклучувајќи ги тие за борбата против загадувањето на Балтичкото море и за соработка на обвинителствата на двете земји.
Минатата недела рускиот парламент официјално го прогласи советскиот диктатор Јозеф Сталин за виновен за масакрот на полските офицери во Катинската шума во 1940 година, потег кој Полска срдечно го поздрави./крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Пилот се катапултирал од украински борбен авион Ф-16, не е познато што се случило

Украина утрово изгуби борбен авион Ф-16 по инцидент во лет, при што пилотот безбедно се катапултирал, соопштија украинските воздухопловни сили.
„Според прелиминарните податоци… во авионот се случила невообичаена ситуација. Пилотот го оддалечил авионот од населени места и успешно се катапултирал“, се наведува во соопштението на платформата Телеграм.
Воздухопловните сили соопштија дека пилотот се чувствува добро.
Посочија дека несреќата не е резултат на руски оган и дека е назначена комисија за да ги истражи сите околности на инцидентот.
Ова е второ соборување на авион Ф-16 откако Киев почна да добива борбени авиони од сојузниците на САД минатата година во рамките на програмата одобрена од администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден.
Кон крајот на август 2024 година, се урна еден Ф-16, а неговиот пилот загина додека одбиваше голем руски воздушен напад.
Украина не го открива бројот на авиони што ги добила од сојузниците.
Свет
Емирати инвестираат 800 милиони долари во сириското пристаниште Тартус

Сириската влада потпиша меморандум за разбирање со државна компанија од Обединетите Арапски Емирати за инвестиција вредна 800 милиони долари во пристаништето Тартус, објави сириската новинска агенција САНА кратко по укинувањето на американските санкции врз Сирија.
Договорот за изградба и работа на повеќенаменски терминал во Тартус, исто така, вклучува соработка во воспоставувањето индустриски и слободни трговски зони. „ДП Ворлд“, компанијата што го потпиша меморандумот со Дамаск, е подружница на „Дубаи Ворлд“, државната инвестициска компанија на ОАЕ.
Сирија се обидува да привлече странски инвестиции за да ја зајакне својата економија, разорена од граѓанската војна, а договорот со Емиратите беше потпишан истата недела кога американскиот претседател Доналд Трамп објави укинување на санкциите на САД врз Сирија за време на посетата на Саудиска Арабија.
Трамп рече дека ја донел одлуката откако разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и турскиот претседател Таип Ердоган, двајца лидери кои силно повикаа на укинување на мерките.
Во средата во Ријад, американскиот претседател се сретна и со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, поранешен милитант баран од САД, кој ја презеде контролата врз земјата по соборувањето на Башар ал-Асад.
Регион
Статуа на Меланија Трамп украдена во Словенија

Полицијата во Словенија истражува исчезнување на бронзена статуа на Меланија Трамп, која ја замени дрвената статуа уништена во пожар во 2020 година, објави „Гардијан“. Бронзената статуа, прикажана во природна големина, беше поставена на трупец од дрво на приватна нива во нејзиниот роден град Севница.
Според полицијата и творецот на статуата, американскиот концептуален уметник Бред Дауни, статуата била отсечена кај глуждовите и украдена. „Пријавата за кражбата е примена на 13 мај, а полициските службеници веднаш излегоа на местото на настанот и започнаа истрага“, изјави вчера портпаролката на полицијата Аленка Дреник Рангус.
Дауни рече дека дознал за исчезнувањето додека подготвувал нов проект во Германија и изрази жалење за загубата на статуата. Тој исто така изјави дека бронзената статуа била наменета како анти-споменик и анти-пропаганда и дека заменила дрвена скулптура што била запалена, што, според него, во тоа време не му било во ред.
Оригиналната дрвена скулптура ја прикажуваше Меланија во син фустан и високи потпетици, а ја изработи локалниот уметник Алеш Жупевц со моторна пила. Бронзената статуа беше подигната на крајот од првиот мандат на Доналд Трамп, додека тој водеше кампања за реизбор. Беше зајакната со бетон и метални прачки на приватно земјиште. Истрагата за исчезнувањето на статуата е во тек.
Титулата на Меланија како прва дама разбуди надеж во нејзиниот роден град дека Доналд Трамп би можел да ја посети Словенија, што досега не се случило, а во Севница разни производи како колачи, чоколадо, мед и влечки беа посветени токму на неа.