Контакт

Свет

Иран произведе концентрат-суровина за обогатување ураниум

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Иранските власти произвеле концентрат на ураниум, што служи како основа за производство на збогатен ураниум, изјави денеска шефот на иранската нуклеарна програма Али Акбар Салехи.

„Западот се надеваше дека ќе имаме проблеми околу набавката на основната суровина за производство на збогатен ураниум, но денеска го добивме првото количество концентрат од рудникот Гашин, на југот на Иран“, рече Салехи.

Тој додаде дека концентратот Иран досега го увезуваше, без да наведе други детали, пренесува агенцијата Франс прес.

Концентратот во облик на прав се користи за производство на посебен гас (УФ-6), кој потоа се става во центрифугите кои произведуваат збогатен ураниум.

Западот се сомнева дека Иран сака да произведе нуклеарно оружје, додека Техеран тврди дека нуклеарната програма е исклучиво за цивилни цели. /крај/афп/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Објавено пред

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент.

dobivaj vesti na viber

Обвинителите соопштија дека во текот на операцијата биле извршени 21 претрес во Брисел, како и во Фландрија и Валонија, објави „Ројтерс“.

Иако имињата и позициите на лицата вклучени во случајот не беа откриени, обвинителите рекоа дека истрагата е фокусирана на корупција, фалсификување документи и употреба на лажни легитимации, за кои се верува дека се случувале редовно и многу дискретно од 2021 година до денес.

Овие акции наводно се случиле под изговор за комерцијално лобирање и вклучувале разни форми, како што се плаќања за преземање политички позиции или давање подароци, како што се оброци, патни трошоци или покани за фудбалски натпревари.

Обвинителството соопшти дека се запленети документи и предмети, а целта е да се истражи можна поврзаност со перење пари, според медиумот.

Прикажи повеќе...

Свет

Финска и Украина потпишаа договор за одбранбена соработка

Објавено пред

Финска и Украина потпишаа билатерален договор за соработка во одбраната, соопшти финското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Двете земји се согласија да ја продлабочат одбранбената соработка, вклучително и во однос на вооружувањето, размената на разузнавачки информации и производството на муниција, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството најави и дека ќе обезбеди нов пакет воена помош за Украина во вредност од речиси 200 милиони евра, вклучувајќи артилериска муниција.

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: Доколку странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

Објавено пред

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека распоредувањето странски сили во Украина ќе предизвика жестока реакција од Москва.

dobivaj vesti na viber

„Кремљ ќе го смета доаѓањето странски сили како директно мешање во конфликтот“, истакна таа. Додаде дека Русија „ќе одговори со сите расположливи средства“ доколку некоја земја се обиде да распореди свои војници во Украина.

Како дел од напорите да се гарантира безбедноста на Украина по каков било потенцијален мировен договор, европските лидери предложија испраќање мировни сили во земјата, потсетуваат медиумите. САД ја отфрлија можноста за испраќање свои војници, но Велика Британија и Франција се меѓу земјите во Европа кои ја разгледуваат можноста.

Британските медиуми минатата недела објавија дека 20-ина земји, главно од Европа и Комонвелтот, покажале интерес да се приклучат на т.н. коалиција на спремни, која би ѝ дала помош на Украина. Иницијативата за формирање таква коалиција доаѓа од Британија, поточно од кабинетот на британскиот премиер, Кир Стармер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Јаневски: Да сме набавеле нови автобуси, па вие и овие што ги имате не можете да ги сервисирате

Дали вие знаете дека минатата година Град Скопје за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие одвои 685 милиони денари, 11 милиони...

Македонија2 часа

МНР со реакција на бугарското министерство: Политиката на условувања создава непотребни тензии, кои не одговараат на европскиот дух на соработка

Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз...

Македонија3 часа

Дел од сегашните судии и обвинители е последниот штит на криминалот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка...

Македонија3 часа

Институтот интерпелација во никој случај не може да се примени за уставните судии, тоа е упад во самостојноста велат од Уставниот суд

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, судот информира дека Уставот...

Македонија3 часа

Жртвите на сексуално насилство ќе може да побараат помош и без да пријават во полиција силување или обид за силување

Сервисите за помош и поддршка на жртвите на сексуално насилство, кои сега се достапни само за жртвите откога ќе го...

Свет4 часа

Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент. Обвинителите соопштија...

Македонија5 часа

ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го разгледа решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството...

Македонија6 часа

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година...

Македонија6 часа

Трендафилов продолжува да дејствува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси,...

Македонија7 часа

„Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски“, бара СДСМ

„Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во...

Свет8 часа

Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната...

Европа9 часа

Британија протера двајца руски дипломати

Откако во понеделникот двајца британски функционери беа протерани од Русија, Обединетото Кралство им ја укина акредитацијата на руски дипломат и...

Свет9 часа

Русија им ги претстави условите за прекин на огнот на Американците, пренесува „Ројтерс“

Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите...

Европа10 часа

(Видео) Путин ненадејно се појави во Курск: „Тој ѝ постави задача на армијата“

Рускиот претседател Владимир Путин постави задача конечно да ги порази украинските вооружени сили во регионот Курск во најкус можен рок,...

Македонија19 часа

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд

„Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за...

Македонија1 ден

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија: евроамбасадорот Рокас најави посети на европски лидери во Скопје

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека се работи и е во тесна соработка со македонската Влада со цел да се надминат...

Македонија1 ден

Очекувам да ги напуштат позициите, тие што ги избраа јасно кажаа дека повеќе немаат кредибилитет, вели Мицкоски по интерпелациите

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да...

Македонија1 ден

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата на МВР и БЈБ

По акцијата за канцерогениот мазут, во која беа уапсени 11 лица, премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека бил шокиран од...

Македонија1 ден

Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена...

Македонија1 ден

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...