Свет
Британија доби налог за апсење на Асанж
Велика Британија доби налог и сите потребни документи за апсење на основач на интернет страницата Wikileaks, Џулиан Асанж, кој е обвинет за силување и сексуално малтретирање во Шведска, според британските медиуми
Европскиот налог се разгледува од страна на Агенцијата за борба против организираниот криминал (Serious Organised Crime Agency) а потоа ќе биде препратен до Скотланд Јард, затоа што, како што пишуваат британските медиуми, Џулиан Асанџ се наоѓа во британскиот главен град.Судот во Стокхолм во ноември го одобри барањето на обвинителството да го приведе 39-годишниот Австралиец, кој е обвинет во Шведска за силување и сексуално малтретирање, а од 20-ти ноември Интерпол (на барање од канцеларијата на шведскиот обвинител) дистрибуираше до сите 188 земји членки на организацијата ткн. „црвена потерница“ со името на Асанж , што е еднакво на негово влегување на листата на најбарани лица. Сепак, според адвокатот на Санж, Марк Стивенс, Скотланд Јард ќе го отфрли налогот бидејќи тоа ги прекршува законските норми. Во четвртокот, британскиот весник Independent напиша дека Асанж наводно се наоѓа во Лондон, и дека на полицијата и ги дал сите негови контакти и адресата на којашто престојува. И покрај тоа, во понеделникот британските власти ги добиле сите потребни документи.Денеска Асанж првпат беше жестоко критикуван од британските власти по објавувањето на листата на инфраструктура, објекти и компании во целиот свет коишто САД ги сметаат од стратешка важност за американската национална безбедност. Особено, за тоа што во обајвените тајни дипломатски дописи се наведени телекомуникациски линии, нафтоводи и рафинерии во Велика Британија, кои, според американски дипломати, се важни во смисла на безбедноста на Обединетото Кралство.Бритнаската валда и министерството за надворешни работи изјавија дека објавувањето на овие документи може да биде од интерес и од полза на терористите. Шефот на британското министерство за внатрешни работи Тереза Меј, истовремено соопшти дека сите безбедносни служби ќе почнат веднаш со проверка на внатрешната безбедност н аобјектите, инфраструктурата и субјектите кои се наведуваат во објавените документи на WikiLeaksАнглискиот информативен сервис BBC наведува дека во документите објавени на Wikileaks локаците Девон и Корнвол се наведени како „витални за американската безбедност”. Стејт Департментот на САД во февруари 2009 г. ги задолжува сите американски мисии во странство да ги набројат сите инсталации, инфраструктурата и објектите чие оштетување или друг начин на сибверзивно дејствување врз нив има важно влијание врз американската национална безбедност. На листата се нафтоводи, гасоводи, комуникациски јазли и транспорт центри, наведува BBC.Во Британија на листата објекти се движи од Корнвол во Шкотска, вклучувајќи ги и клучните сателитски комуникации сајтови и местата каде што минуваат транс-атлантската кабли.Капацитети во сопственост на BAE Systems во областа Саутвеј кај Плимут, исто така се вклучени во листата. Како што забележува британската мрежа, голем број од концернот BAE се вклучени во заеднички програми за вооружување со Американците.Во Корнвол, наведени се сателитските објекти во Гунхили Даунс, а се споменуваат и два подморскиот кабли кај Буд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд.
„Можам да ставам царини на земјите ако не се согласат за Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравје.
Трамп постојано изјавува дека САД апсолутно мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ќе го зголемат притисокот врз Данска, на која формално ѝ припаѓа островот.
Неговата изјава доаѓа по состанокот во Белата куќа во средата, на кој присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.
Истиот ден, Врховниот суд на САД објави дека очекува во вторник да донесе долгоочекувана одлука за легалноста на царините на Трамп. Прашањето е дали претседателот може сам да воведе царини или за тоа е потребно одобрение од Конгресот.
Трамп зборуваше на состанок кој формално беше посветен на инвестиции во руралните средини, но за време на говорот, како што е неговиот обичај, тој се осврна и на други политички теми.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон и Мелони предлагаат разговори со Путин, Стармер не сака
Британскиот премиер Кир Стармер „нема планови“ да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што предложија францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, изјави денес портпарол на Даунинг стрит.
„Премиерот нема планови да разговара со претседателот Путин. Неговата цел е јасно да ја поддржи Украина во постигнувањето праведен и траен мир и да ја стави земјата во најсилната можна позиција да ја продолжи борбата и да се движи кон мировни разговори“, изјави портпаролот за новинарите.
Портпаролот додаде дека рускиот претседател „досега не покажал знаци“ дека сака да ја заврши војната во Украина. Тој исто така нагласи дека британската влада има „редовен“ контакт со руската влада, особено преку нејзината амбасада во Москва.
Кремљ претходно го оцени како „позитивен“ фактот што некои европски земји изразија подготвеност да го продолжат дијалогот прекинат по почетокот на рускиот напад врз Украина во 2022 година. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ја критикуваше позицијата на Обединетото Кралство, велејќи дека „засега останува на радикални позиции“ и „не сака да придонесе за воспоставување мир“.
„Ставот на Лондон е деструктивен по природа“, рече Песков.
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, изјави на почетокот на јануари дека „дојде време кога Европа треба да разговара и со Русија“, залагајќи се за европски „специјален претставник“ кој ќе им овозможи да зборуваат со еден глас.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, во декември 2025 година изјави дека Европејците „ќе имаат корист од повторното разговарање со Владимир Путин“ како дел од „сеопфатен дијалог со Русија“, додека германскиот канцелар Фридрих Мерц потврди во средата дека „наоѓањето долгорочна рамнотежа со Русија“ ќе ѝ овозможи на Европската Унија „да гледа кон иднината со поголема доверба“.
Со оглед на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп го обнови контактот со својот руски колега, застапниците на обновениот дијалог тврдат дека Европа, останувајќи настрана, ризикува да биде ништо повеќе од адут за преговарање во евентуално политичко решение за војната во Украина и, пошироко, во обновувањето на односите меѓу САД и Русија.
фото/епа
Свет
Зеленски: Украинскиот тим оди во САД за да разговара за безбедносните гаранции
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинската делегација е на пат кон Соединетите Американски Држави за да разговара за безбедносните гаранции и пакет мерки за зајакнување на напредокот на земјата.
Во исто време, тој изрази надеж дека документите за овие прашања би можеле да бидат потпишани на маргините на Светскиот економски форум во Давос следната недела, објави Ројтерс.
На прес-конференција во Киев, Зеленски, исто така, рече дека украинската делегација се надева дека ќе добие појаснувања од САД за ставот на Русија кон дипломатските напори поддржани од Америка за завршување на војната.
Во понеделникот, најавувајќи го состанокот, Зеленски рече дека го слушнал деталниот извештај на преговарачкиот тим за контактите со американската страна и наредил документот за безбедносните гаранции за Украина да се финализира.
Според него, украинската делегација дефинирала јасен план за дејствување за следните 14 дена, што вклучува подготовка на документи и подготовка за нивно евентуално потпишување, а текстот „достигнува ниво што ќе обезбеди стратешка одбрана на земјата“, пренесува Танјуг.

