Свет
Без видео игри по полноќ
Јужнокорејската влада најави дека ќе усвои закон со кој ќе им оневозможи на помладите од 16 години по полноќ да имаат пристап до онлајн видео игрите.Нацрт законот, кој овој месец ќе биде доставен до парламентот на разгледување, предвидува обврска за компаниите кои се занимаваат со онлајн игрите да го блокира пристапот до децата и адолесцентите во време кога тие би требало да спијат, објавија претставниците на јужнокорејското министерство за култура и семејство.Целта е како што соопштуваат од министерството, да се зачува сонот на децата, за да се одбегне заморот на училиште и да се овозможи нормален живот во текот на денот, пренесуваат агенциите.На барање на родителите, владата исто така планира да го ограничи и времето кое децата го поминуваат дневно во играње на видео игри. крај/смедиа.рс/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Калас: Вашингтон ќе изврши притисок врз Киев да направи отстапки кон Москва
Средбата на специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф со рускиот претседател Владимир Путин би можела да означи почеток на нова фаза во пристапот на Вашингтон кон украинската криза, а според проценките од Брисел, таа би можела да доведе и до притисок врз Киев да направи отстапки кон Москва.
Како што објави Гардијан, шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изрази загриженост дека претстојните дипломатски контакти би можеле да бидат насочени кон „убедување на жртвата“ да попушти.
„Се плашам дека целиот притисок ќе биде насочен кон жртвата, што значи дека Украина ќе мора да направи отстапки и да преземе обврски“, предупреди Калас, оценувајќи дека таквото сценарио би можело да ја ослабне позицијата на Киев во долгорочниот конфликт.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Виткоф ќе се сретне со Путин во вторник, 2 декември, попладне. Тој додаде дека рускиот претседател ќе има неколку приватни консултации во текот на денот како дел од подготовките за претстојните руско-американски контакти.
Средбата доаѓа веднаш откако САД и Украина одржаа разговори во Флорида за време на викендот. Украинската делегација ја предводеше поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров, кој го наследи Андриј Јермак на чело на претседателската администрација по големиот корупциски скандал.
Според руските медиуми, на состаноците во Флорида биле разгледани клучни прашања за идната стратегија, очекувањата од Вашингтон и Киев, како и можните модели за понатамошниот процес на преговори. Нивните извештаи укажуваат дека пристапите на двете страни се промениле до одреден степен, што дополнително ја зајакнува важноста на мисијата на Виткоф во Москва.
Пред продолжувањето на дипломатските контакти, останува прашањето дали Вашингтон ќе инсистира на забрзано барање компромис или, како што предупредуваат некои европски претставници, ќе се обиде да го префрли товарот на отстапките врз Киев.
Фото: ЕПА
Свет
САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад. Тензиите се на врвот поради големото американско воено распоредување во Карибите, кое вклучува носач на авиони и илјадници војници, пишува Скај њуз.
Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со својот тим за национална безбедност синоќа откако минатата недела предупреди дека копнените напади би можеле да започнат „многу наскоро“. Иако деталите од состанокот не беа објавени, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, им изјави на новинарите: „Претседателот има многу опции што се на маса – и ќе го оставам тој да зборува за нив“.
Американските сили извршија најмалку 21 напад во последните неколку месеци врз бродови за кои тврдат дека превезуваат наркотици до американските брегови. Белата куќа го обвинува Мадуро за вмешаност во трговија со дрога, што тој жестоко го негира.
Мадуро: „Ова е психолошки тероризам“
Мадуро, кого западните земји најчесто го сметаат за диктатор, вчера на митинг во Каракас изјави дека Венецуелците се подготвени да „ја бранат земјата и да ја водат по патот на мирот“. „Преживеавме 22 недели агресија што може да се опише само како психолошки тероризам“, им рече тој на своите поддржувачи.
Венецуела вели дека нападите на САД врз бродовите, во кои загинаа повеќе од 80 луѓе, се еднакви на убиство. Според Каракас, вистинскиот мотив на Трамп е да го собори Мадуро со цел да ги заплени венецуелските резерви на нафта.
Свет
Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва
Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во вторник на разговори за завршување на најкрвавиот конфликт во Европа по Втората светска војна, објави Ројтерс.
Откако се врати во Белата куќа, Трамп постојано повторува дека сака крај на војната во Украина, но неговите досегашни напори, вклучително и средбата со Путин во Алјаска, досега не вродија со плод. Минатата недела беше протечен мировен план на САД од 28 точки, за кој украинските и европските претставници велат дека е премногу услужлив кон Москва.
Русија бара Украина да се откаже од членството во НАТО, да ја задржи руската контрола врз една петтина од украинската територија и да воведе ограничувања на украинската војска. Европските земји дадоа свој контрапредлог за мир на разговорите во Женева, а САД и Украина објавија дека создале „ажурирана и ревидирана мировна рамка“ за да се стави крај на војната.
Портпаролот на Кремљ им изјави на новинарите дека средбата на Виткоф со Путин ќе се одржи во втората половина од вторник. Тој одби да разговара за црвените линии на Русија, велејќи дека „мегафонската дипломатија“ не помага во процесот. Белата куќа објави дека на Виткоф во руската престолнина ќе му се придружи Кушнер, објави Ројтерс.
Путин повтори дека е подготвен за мировни преговори, но дека Русија ќе продолжи со својот воен напредок доколку Украина го отфрли договорот. Русија моментално окупира повеќе од 19 проценти од украинската територија, што е еден процент повеќе отколку пред две години.
Според украински извори, Русија напредувала со најбрзо темпо во 2025 година од 2022 година. Руските воени команданти го известија Путин во понеделникот дека ги освоиле стратешки важните градови Покровск и Вовчанск, објави Ројтерс.

