Свет
WikiLeaks – НАТО сакал да ги заштити балтичките земји од Русија
Северо-атлантската воена алијанса изработила планови за заштита на трите балтички држави од закана од Русија, се истакнува во дипломатските преписки кои ги објави фамозната итнернет страница во вторникот а ги објавува британски Guardian
Планот кој НАТО го подготвил за Полска бил проширен на сите три балтички поранешни советски републики, Естонија, Латвија и Летонија, во кои има големо руско малцинство, откако тие самите побарале дополнителна заштита од Русија, стои во дипломатските депеши што ги објави британскиот весник. Руско грузиската војна од 2008 г. кога се судирија Тбилиси и Москва којашто интервенирала, како што беше официјално објавено – да ги заштити правата на руското малцинство и првата на Осетијците од кои најмногу се со руско државјанство во автономната област на Грузија која прогласи отцепување, ги вознемири властите на Балтикот, се забележува од белешките во кои се додава дека и американските челници барале од нивните балтички колеги да останат смирени за да не ја разлутат Русија. „Случувањата во Грузија ги засенија сите дотогашни случувања овде, што одамна не е забележано“, се истакнува во едно од писмата на американската амбасада во Рига коешто во вторникот го цитира New York Тimes, кој исто така има пристап до документите коишто WikiLeaks ги лиферуваше до неколку светски весници.Латвицјите во тој период страхувале дека во случај на руска интервенција, ситуацијата во земјата ќе биде слична како и ситуацијата на Кавказ, стои во објавените дипломатски депеши. Инаку, трите балтички држави влегоа во составот на НАТО во 2004. г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц обвинет за пренасочување на парите за одбрана, за финансирање на поголем социјален буџет
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со обвинувања од економските институти и централната банка дека пренасочува милијарди евра од новиот државен долг, наменет за инвестиции во одбраната и инфраструктурата, за финансирање на поголем социјален буџет и тековни расходи, што, според нив, ризикува „поткопување на конкурентноста на Германија“ наместо да го стимулира растот на БДП.
„Бундесбанк“ и два економски институти предупредија дека значителен дел од планираното дополнително владино задолжување веројатно ќе се искористи за области што треба да се финансираат од редовниот буџет, вклучувајќи даночни олеснувања и субвенции, според „Фајненшл тајмс“.
По победата на федералните избори во февруари, Мерц постигна договор со социјалдемократите и Зелените за ублажување на уставното ограничување за задолжување, познато како „кочница за долг“, за инвестирање во инфраструктура и одбрана.
Новите одредби отворија можност за дополнителни инвестиции до 1.000 милијарди евра во овие две области во текот на следната деценија, што, според очекувањата, треба да го стимулира растот на бруто домашниот производ (БДП) по четири години стагнација, анализираат медиумите.
Институтот за економија од Келн, кој е финансиран од здруженија на работодавачи, изрази загриженост, наведувајќи дека најмалку 40 проценти од планираниот дополнителен долг до 2029 година ќе се користи за покривање на дефицитот во редовниот буџет.
Коалицијата на канцеларот Мерц користи „цела низа механизми за заобиколување“ за да ги заобиколи правилата што диктираат дека дополнителниот долг мора да биде насочен кон нови инвестиции во одбраната и инфраструктурата, според соопштението.
„Оваа буџетска игра ризикува да ја поткопа идната конкурентност на Германија“, рече економистот Тобијас Хенс.
„Бундесбанк“ претходно предупреди дека дополнителното задолжување „се користи во значителна мера за создавање фискален простор“, што значи дека долгот ќе расте „без соодветно зголемување на одбранбениот капацитет и инфраструктурата“.
Централната банка прогнозира дека буџетскиот дефицит на Германија ќе се зголеми на 3,5 проценти од БДП следната година, а потоа ќе достигне околу 4 проценти, од приближно 2 проценти во 2025 година.
Министерот за финансии на покраината Баден-Виртемберг, Дањал Бајац (Зелените), оцени дека Берлин „во голема мера ги надминува политички договорените ограничувања“ на новите правила за задолжување, нарекувајќи го тоа „дрзок потег“ што ги намалува очекуваните позитивни ефекти врз економскиот раст.
„Голем дел од парите одат на мерки што не ја зајакнуваат нашата инфраструктура или конкурентност“, рече Бајац.
На барање за коментар, федералното Министерство за финансии објави дека сите буџети до 2029 година ќе бидат во согласност со правилата дефинирани со уставниот амандман, според кои најмалку 10 проценти од основниот буџет мора да се користат за инвестиции, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Се урна турски воен авион во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија
Турски воен товарен авион се урна денес во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува „АП њуз“.
Министерството објави на социјалните мрежи дека авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција. Сè уште не е познато колку членови на екипажот биле на авионот. Започната е операција за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти, соопшти министерството.
🇬🇪🇦🇿🇹🇷 TUAF543 | Turkish Air Force C-130 (reg. 68-01609) Aircraft tracked departing Ganja earlier today, later signal lost over Georgian territory.
Footage below apparently shows the crash of the same aircraft, currently under verification. pic.twitter.com/1Qjt0FiBtY
— Visioner (@visionergeo) November 11, 2025
Воените товарни авиони Ц-130 се широко користени од турските вооружени сили за транспорт на персонал и логистички операции. Турција и Азербејџан одржуваат тесна воена соработка.
Видео кое наводно го прикажува моментот на несреќата беше емитувано на турската приватна телевизија НТВ и други медиуми. Снимките покажуваат како авионот остава трага од бел чад зад себе.
Фото: принтскрин
Свет
Претседателот на Чешка: Руските нарушувања на воздушниот простор на НАТО мора да бидат запрени со сила
Повторените нарушувања на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија не треба да се толерираат бесконечно и на нив мора да се одговори со сила, изјави денес чешкиот претседател Петр Павел.
За време на дискусијата со средношколци во регионот Карлови Вари, Павел рече дека верува оти е потребен соодветен одговор на нарушувањето на воздушниот простор на членките на НАТО и дека Русија мора да ја покаже својата сила, објавува „Чешки весник“.
Тој додаде дека ова не значи дека секое нарушување на воздушниот простор ќе биде казнето со соборување на авион, туку дека тоа ќе биде неопходно ако Русија продолжи да се однесува на овој начин.
Павел изјави дека е убеден дека во спротивен случај, Русија нема да се двоуми ниту за момент доколку некоја од земјите-членки на НАТО го наруши нејзиниот воздушен простор.
Тој како пример ги наведе инцидентите што Русија ги предизвика во Турција, кога беше на чело на Воениот комитет на НАТО, кога постојано го нарушуваше турскиот воздушен простор, што престана кога таа земја собори руски авион во ноември 2015 година.
„И дури по десеттото кршење, кое очигледно беше намерно, дека тоа беше провокација и дека Русија тестираше колку далеку може да оди, Турците се налутија и соборија еден од руските авиони. И владееше мир“, рече чешкиот претседател.
Тој додаде дека, и покрај стравувањата во тоа време дека ова ќе ги ескалира односите со НАТО, Русија се откажа од понатамошни обиди за нарушување на турскиот воздушен простор.
„Русите денес нè тестираат на ист начин. Тие тестираат како функционира воздушната одбрана на поединечните земји, како функционира интегрираниот систем за воздушна одбрана на НАТО, колку сме решени да се спротивставиме на тоа за сопствена одбрана. И од руска гледна точка, слабоста не заслужува ништо повеќе од тоа да се избрише“, заклучи Павел.
Фото: принтскрин

