Свет
Расте популарноста на Медведев

Русите се подготвени на претседателските избори што ќе се одржат во 2012 година да ја поддржат кандидатурата на Дмитри Медведев, ова го покажува истражувањето на Серускиот центар за истражување на јавното мислење – ВКИОМ. Покрај Медведев, ВКИОМ на граѓаните им ги понуди и кандидатурите на лидерот на Либерално-демократската партија Владимир Жерновски, лидерот на комунистите Генадиј Зјуганов и министерот за вонредни ситуации Сергеј Сојгу. Во анкетата, Серускиот центар за истражување на јавното мислење на граѓаните не им ја понудил кандидатурата на Владимир Путин, бидејќи според нив Медведев и Путин нема истовремено да излезат на избори. Во анкетата 50 проценти од испитаниците се изјасниле за Медведев, поддршка на Жерновски му дале 5 проценти, за Зјуганов би гласале 4 отсто од испитаниците, а за Сојгу три проценти. Останатите кандидати би ги поддржале само еден процент од граѓаните. крај/бета/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.