Контакт

Свет

Портпаролот на Викиликс: Ќе продолжиме со објавување на документи

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Апсењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е напад врз слободата на печатот и нема да ја спречи организацијата да продолжи да објавува документи на интернет, изјавил денеска портпаролот на Викиликс, Кристин Храфнсон, пренесува агенцијата АП.Храфнсон одбил да коментира за „состојбата на совеста на Асанж“ пред да биде уапсен, но тој потврди дека бил во контакт со 39-годишниот Австралиец во последните 24 часа.Тој истакнал дека апсењето нема да го одложи објавувањето на уште тајни документи, односно како што рекол за АП: „Ова нема да ја промени нашата операција“.Асанж, како што пренесуваат светските медиуми, утринава беше предаден на лондонската полиција, а во текот на денот би требало да се појави пред судот во Вестминстер.Викиликс по многубројните сајбер напади, беше принуден да се префрли на швајцарски сервер, зашто неколку американски интернет провајдери одбија да му овозможат преку нив да продолжи да објавува доверливи документи./крај/бе/пк.

Европа

Русија: Соборивме 77 украински дронови; Украина: Жена убиена во напад во Херсон

Објавено пред

Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека во текот на ноќта соборило 77 украински беспилотни летала, два дена откако Киев го изврши најголемиот директен напад врз Москва од почетокот на тригодишната војна.

dobivaj vesti na viber

Утринава нападнати беа и неколку украински градови. Во Херсон е убиена 42-годишна жена, изјави шефот на регионалната воена администрација Роман Мрочко.

Властите во регионите на Киев и Дњепропетровск, исто така, известија за напади.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Земјотрес го погоди Неапол среде ноќ: oштетени автомобили, повредено лице извлечено од урнатините

Објавено пред

Многу луѓе во и околу италијанскиот град Неапол ја поминаа ноќта на улиците или во своите автомобили поради земјотресот. Италијанските сеизмолози известија дека земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала се случил во 01:25 часот по локално време на исклучително мала длабочина од три километри.

dobivaj vesti na viber

Во делови од Неапол имаше прекин на струја. Во блискиот град Поцуоли, недалеку од епицентарот на земјотресот, едно повредено лице е извлечено од делумно урната куќа. Неапол се наоѓа во Флегрските полиња, вулкански басен што ја прави областа во јужна Италија подложна на земјотреси.

Најсилниот земјотрес беше проследен со најмалку два послаби последователни потреси. Беа видени луѓе како ги напуштаат своите домови и се собираат на улиците на Неапол, стравувајќи од дополнителни земјотреси. Подоцна се појавија фотографии на кои се гледа оштетена куќа и автомобил со скршено ветробранско стакло.

Формиран е координативен центар за спасување за проценка на штетите. Неколку училишта денеска ќе останат затворени за да може да се проверат стабилноста на зградите, објави весникот „Кориере дела сера“.

Прикажи повеќе...

Европа

Британија протера двајца руски дипломати

Објавено пред

Откако во понеделникот двајца британски функционери беа протерани од Русија, Обединетото Кралство им ја укина акредитацијата на руски дипломат и неговата сопруга и тие сега ќе мора да ја напуштат земјата, јавува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Во последниот од серијата реципрочни потези, британското Министерство за надворешни работи соопшти дека презема „итна реципрочна акција“ откако Москва обвини британски дипломат и неговата сопруга за шпионажа.

Министерството за надворешни работи во соопштение ја обвини Русија дека ги фабрикува наводите „за да го оправда зголеменото вознемирување на британските дипломати“ и „активно се обидува да принуди затворање на британската амбасада во Москва“.

Рускиот амбасадор во Обединетото Кралство Андреј Келин вчера бил повикан кај висок претставник на Министерството за надворешни работи, се вели во соопштението.

Службеникот „јасно стави до знаење дека Обединетото Кралство нема да толерира заплашување на персоналот на британската амбасада и нивните семејства“ и дека поради тоа се одзема акредитацијата на рускиот дипломат и неговата сопруга. Акредитацијата е признавање на дипломатскиот статус од страна на владата.

Британското Министерство за надворешни работи ја обвини Москва дека спроведува „сè поагресивна и координирана кампања за вознемирување на британските дипломати“ и „ширење злонамерни и целосно неосновани наводи за нивната работа“ во текот на 12 месеци, јавува Би-Би-Си.

Во соопштението се вели дека Русија се обидува да ја принуди британската амбасада во Москва да се затвори и дека Русија „не се грижи за опасниот ескалирачки ефект од ова“.

Британската влада верува во „одржување дипломатски канали за комуникација“ со Русија, „и покрај екстремно тешките билатерални односи предизвикани од нелегалната инвазија на Русија на Украина и нејзината долготрајна кампања на непријателски дејствија против Обединетото Кралство“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа22 минути

Британија протера двајца руски дипломати

Откако во понеделникот двајца британски функционери беа протерани од Русија, Обединетото Кралство им ја укина акредитацијата на руски дипломат и...

Свет1 час

Русија им ги претстави условите за прекин на огнот на Американците, пренесува Ројтерс

Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите...

Европа1 час

(Видео) Путин ненадејно се појави во Курск: „Тој и постави задача на армијата“

Рускиот претседател Владимир Путин постави задача конечно да ги порази украинските вооружени сили во регионот Курск во најкус можен рок,...

Македонија10 часа

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд

„Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за...

Македонија17 часа

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија: евроамбасадорот Рокас најави посети на европски лидери во Скопје

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека се работи и е во тесна соработка со македонската Влада со цел да се надминат...

Македонија17 часа

Очекувам да ги напуштат позициите, тие што ги избраа јасно кажаа дека повеќе немаат кредибилитет, вели Мицкоски по интерпелациите

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да...

Македонија17 часа

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата на МВР и БЈБ

По акцијата за канцерогениот мазут, во која беа уапсени 11 лица, премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека бил шокиран од...

Македонија19 часа

Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена...

Македонија20 часа

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...

Македонија20 часа

Манев сведочеше во судот: Палчо го застрела Панче Жежовски, кога се спротивставив, ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“

Едниот од обвинетите за  убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, во судница даде исказ за двократното убиство...

Свет20 часа

Лавров: „Фирерот“ Урсула ја вооружува Европа за војна против Русија

Москва во никој случај нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировни сили, изјави рускиот министер...

Европа22 часа

(Видео) Објавени нови мапи, Русите силно напредуваат во Курск

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи...

Свет23 часа

Како би можела да заврши војната во Украина, на маса се повеќе опции

Ограничен прекин на огнот, меѓународни мировни сили или откажување од територија? Постојат повеќе сценарија за можен крај на борбите во...

Македонија23 часа

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа1 ден

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет1 ден

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа1 ден

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп им вети пекол на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...

Свет1 ден

Стапуваат во сила царините на Трамп за челик и алуминиум

Во сила стапија царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум. Оваа мерка ја зголемува...