Свет
Австралиски весник објави писмо од Асанж
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж испрати писмо до австралискиот весник „The Australian“ во кое порачува дека Викиликс заслужува заштита, а не напади и закани поради тоа што без страв објавува „факти за доброто на јавноста“
Во текстот објавен под наслов „Не го убивајте гласникот бидејќи открива непријатна вистина“, Асанж потсетува на 1958 година и младиот Роберт Мурдок, тогашен сопственик на два весника, кој напишал дека во „трката помеѓу тајноста и вистината, се чини дека вистината неизбежно победува“.„Демократските општества имаат потреба од силни медиуми, а Викиликс е дел од медиумите. Медиумите им помагаат на владите да останат чесни. Викиликс откри некои болни вистини за војните во Ирак и Авганистан и објави ексклузивни приказни за корпоративната корупција“, пишува Асанж.Според него Викиликс изнедри еден нов вид на новинарство, а тоа е научното новинарство. Идејата да се формира овој сајт била да се искористи интернет технологијата за објавување на вистината а еден нов начин.„Нема ништо полошо од тоа кога некоја влада го лаже народот со војна, барајќи од граѓаните за таа лага да го положат својот живот и своите пари. Доколку е војната оправдана, кажете ја вистината и народот нека одлучи дали ќе ја поддржи“, смета Асанж.Џулијан Асанж деновиве прима бројни пораки од сите краишта на светот. Некој бараат негова ликвидација, а други го бодрат и сметаа дека се потребни уште неколку „Џулијани“ за да не се претвори светот во една голема диктатура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

