Свет
Хаити: Демонстрации и пукотници во главниот град

Жестоки протести избувнаа во престолнината на Хаити, откако изборната комисија соопшти дека ќе има втор круг на претседателските избори, бидејќи ниту еден од кандидатите не освоил повеќе од 50 проценти од гласовите. Во некои делови на Порт-О-Пренс се слушале истрели од огнено оружје, а демонстрантите поставувале барикади, по објавата дека во вториот изборен круг, во јануари, Миралде Манигат и Жид Селестен, ќе решат кој ќе биде победникот. Светските агенции пренесуваат дека за демонстрациите се виновни поддржувачите на третопласираниот кандидат Мишел Мартели. Привремената изборна комисија резултатите од претседателските избори, во атмосфера на насилство и обвинувања за изборна измама, ги соопшти девет дена по нивното одржување. Според првите резултати, по изброените нешто повеќе од еден милион гласачки ливчиња, од вкупно 4,7 милиони регистрирани гласачи, Манигат во првиот круг доби 31,37 проценти од гласовите, Селестен 22,48, додека Мартели зад него заостанува за помалку од еден процент. Миралде Манигат е поранешна прва дама на Хаити, додека зад Жид Селестен стои претседателот во заминување Рене Превал. крај/блиц/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откако е ослободен од Хамас

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати со своето семејство во Израел, откако помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во Газа.
Дваесет и едногодишниот Александар служел во израелската армија на границата со Газа кога бил заробен од членови на Хамас на 7 октомври 2023 година.
Во понеделникот, Израел ги прекина воените операции во Газа на неколку часа за да се овозможи негова размена. Висок функционер на Хамас изјави за Би-би-си дека ослободувањето на заложниците е „гест на добра волја“ како дел од напорите за постигнување нов прекин на огнот, пред пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток во вторник.
Redemption of Hostages
Staff-Sgt. Edan Alexander, reunites with his family at the initial reception facility. pic.twitter.com/PDp8uX48ce
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) May 12, 2025
Се верува дека Александар е последниот жив американски државјанин држен во заробеништво од Хамас.
Претседателот Трамп му честиташе на неговото семејство за ослободувањето.
Телевизиските снимки го покажуваат Едан Александар како насмеано ги прегрнува своите родители и браќа и сестри во израелска воена база.
Redemption of Hostages:
Staff-Sgt. Edan Alexander being transferred to the IDF. pic.twitter.com/Xk0cRe47yW
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) May 12, 2025
Во изјава за медиумите, неговото семејство му се заблагодари на американскиот претседател, но исто така ги повика израелската влада и преговарачите да продолжат да работат на ослободување на преостанатите 58 заложници.
Александар е првиот заложник ослободен од Хамас откако Израел ги продолжи воените операции на 18 март по двомесечното примирје.
Европа
Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, тие му се заканија на претседателот Владимир Путин со нови „масивни“ санкции доколку не се придржува до договорот.
ЕУ му постави ултиматум на Путин да се согласи на 30-дневен прекин на огнот од полноќ или да се соочи со значително построги санкции. Кина, исто така, го поддржа планот.
Русија не се огласи по ова прашање до полноќ.
Свет
(Видео) Телескоп на НАСА ја сними поларната светлина на Јупитер

Впечатливите поларни светлини на Јупитер се стотици пати посветли од оние на Земјата, откриваат нови слики од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, објави Асошиејтед Прес.
На најголемата планета во Сончевиот систем, се гледа импресивен светлосен феномен како „танцува“ кога честички со висока енергија од вселената се судираат со атоми на гас во атмосферата во близина на магнетните полови на планетата.
Аурорите на северната и јужната светлина на Јупитер и Земјата (aurora borealis и aurora australis) се движат од истиот механизам – честички со висока енергија што Сонцето ги исфрла за време на сончевите бури. Но, аурорите на Јупитер се уште поинтензивни бидејќи силното магнетно поле на планетата, исто така, ги заробува честичките исфрлени во вселената од џиновските вулкани на нејзината месечина Ио.
Телескопот Веб претходно го сними сјајот на аурорите на Нептун со највисока резолуција досега, децении откако тие беа првпат слабо видливи за време на прелетот на Војаџер 2.
Телескопот го снимил феноменот на аурора користејќи специјална камера во близок инфрацрвен спектар. Набљудувањето на Јупитер беше спроведено на 25 декември 2023 година, а го водеше тим научници предводен од Џонатан Николс од Универзитетот во Лестер во Обединетото Кралство. Резултатите од истражувањето беа објавени денес во научното списание „Nature Communications“.