Свет
Најмалку 13 загинати во напад на пазар во Пакистан
Најмалку 13 лица се убиени во средата во експлозија на бомба на пазар во градот-гарнизон во северозападен Пакистан
Нападот е извршен на еден од најфреквентните пазари Тирах во градот Кохат околу 70 километри југозападно од Пешавар, во близина на талибанските упоришта во нестабилната покраина Хибер-Пахтунва. Началникот на полицијата во Кохат, Дилавар Бангаш, соопштил дека најмалку 13 лица се убиени, а уште десетина се ранети во експлозијата на бомба, пренесе AFP. Како што пренесува Reuters кој известува за десет жртви, повикувјаќи се на првичните информации на официјалниот претставник на полицијата Мохамад Џехангир, станува збор за експлозија на мини-бус паркиран на автобуска постојка. Локален телевизиски канал соопштил дека најверојатно станува збор за напад извршен од бомбаш-самоубиец.Во пакистанската покраина Хибер-Пахтунва талибаните поврзани со Ал Каеда од неодамна започнаа кампања од самоубиствени бомбашки напади./крај/афп/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Петмина повредени во напад со нож во Лондон
Полицијата уапси осомничен откако пет лица беа повредени во напад со нож во јужен Лондон, јавува агенцијата „Анандолија“.
Полицијата и другите служби за итни случаи биле повикани на извештаи за напад со нож во магацин во Марлоу Веј, Бедингтон.
Во соопштението, Метрополитанската полиција соопшти дека маж на возраст од 50 години, двајца мажи на возраст од 30 години и двајца мажи на возраст од 20 години биле пренесени во болница со убодни рани.
Констатирано е дека тие не се во критична состојба.
„Во близина е уапсен 30-годишен маж поради сомнение дека нанел тешки телесни повреди и го поседувал оружјето употребено во нападот“, соопшти полицијата.
Оттаму додаваат дека и тој е пренесен во болница со повреди кои не се опасни по живот.
„Врз основа на прелиминарните информации, веруваме дека сите инволвирани се познавале. Затоа, не веруваме дека постои поширок ризик за јавноста“, рече главниот надзорник Енди Британ, командант на локалните полициски сили за јужен Лондон.
Свет
Tрамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини
Доналд Трамп порача до компаниите во светот дека ако не произведуваат во САД, ќе се соочат со царини во вредност од „билиони долари“.
Тоа би значело воведување на универзални тарифи, од кои многумина стравуваат, а кои би влијаеле на целиот свет.
„САД ќе бидат светска престолнина на вештачката интелигенција и криптовалутите… Дојдете и правете ги вашите производи во Америка, но ако не, тоа е ваша одлука. Но, многу едноставно, ќе плаќате тарифи во различни износи, што ќе насочи стотици милијарди, дури и биллиони долари во нашата каса“, рече Трамп во обраќањето во Давос.
„Ја сакам Европа, но таа се однесува многу неправедно со Америка“
Трамп упати и критики до Европската Унија.
Рече дека царините и даноците во европските земји се превисоки, нивните регулативи се рестриктивни, трговскиот дефицит со САД е преголем и дека тужбите против американските компании како Гугл се неправедни.
„Планираме да направиме нешто околу тоа. Се обидувам да бидам конструктивен бидејќи ја сакам Европа. Ги сакам европските земји, но процесот е многу комплициран и тие се однесуваат кон САД многу, многу неправедно“, рече Трамп.
„Сè што сакаме од Кина е праведност“
Трамп беше прашан за односите меѓу САД и Кина.
„Сè што сакаме е праведност“, рече тој. „Ние само сакаме еднакви услови за игра“, додаде.
Трамп, исто така, рече дека се надева оти Кина може да им помогне на САД да ја прекинат војната меѓу Русија и Украина.
„Тие имаат големо влијание врз оваа ситуација“, рече тој.
Додаде дека сака да работи со Кина за денуклеаризација, истакнувајќи дека другите светски лидери, вклучително и рускиот претседател Владимир Путин, ќе ја поддржат идејата.
Свет
Украина е подготвена да направи договор, рече Трамп
Претседателот на САД, Доналд Трамп во Давос, зборувајќи за војната во Украина, ги истакна напорите на неговата администрација да постигне мировен договор меѓу Москва и Киев, нарекувајќи ја војната „апсолутно поле за убивање“, какво што не е видено од Втората светска војна.
Трамп беше прашан и дали ќе има мировен договор до следната година.
„Треба да ја прашате Русија. Украина е подготвена да направи договор“, одговори американскиот претседател.
Трамп, меѓудругото, во своето обраќање истакна и дека ќе побара од сојузниците од НАТО да придонесат повеќе.
Тој рече дека повеќето земји не ги подмириле плаќањата додека не дошол на власт.
Трамп, исто така, истакна дека е одговорен за прекинот на огнот во Газа постигнат во последните денови од администрацијата на Бајден и враќањето на заложниците кај нивните семејства.