Контакт

Свет

Викиликс најавува дека во новите документи ќе објави бројни тајни за НЛО

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Доверливите дописи од амбасадата на САД кои наскоро ќе бидат објавени содржат нови детали за неидентификувани летечки објекти (НЛО), тврди основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж.Тој не открива за што точно се работи, ниту кога точно ќе бидат објавени овие документи, но укажал дека неговиот сајт во последните денови примил голем број на имејлови од луѓе кои тврдат дека виделе НЛО.„Но, тие не ги исполнија двете наши правила за објавување: Прво, дека документот не го напишале сами и второ, дека документот е оригинал“, прецизирал еден од основачите и уредници на Викиликс.Минатата година британското министерство за одбрана примило скоро 400 извештаи за НЛО, што е трипати повеќе од 2008 година. Поради таканаречените „Досиеја Икс“, пријавени во одделението за НЛО во министерството кое оттогаш е затворено, 2009 била најактивна година до сега.Некои сајтови подоцна шпекулираа дека депешите можат да понудат одговори на тврдењата на американските воени пилоти дека вонземјаните слетале, се инфилтрирале на локациите на нуклеарните проектили во Велика Британија и дека го деактивирале оружјето./крај/бл/пк.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

НАСА: Нивото на морето се зголеми повеќе од очекуваното

Објавено пред

Американската вселенска агенција НАСА објави дека глобалното ниво на морињата се зголемило повеќе од очекуваното во 2024 година поради топлотното ширење на морската вода и топењето на ледените плочи и глечерите.

dobivaj vesti na viber

Минатата година, најтопла досега, годишната стапка на пораст беше 5,9 милиметри, во споредба со очекуваните 4,3 милиметри, според анализата на НАСА.

Севкупно, стапката на пораст на нивото на морето се удвои во текот на 30 години, при што глобалното ниво на морињата се зголеми за 10 сантиметри од почетокот на сателитското снимање на височините на океаните во 1993 година.

„Зголемувањето што го видовме во 2024 година беше поголемо отколку што очекувавме“, рече Џош Вилис, научник во лабораторијата за млазен погон на НАСА.

„Секоја година е малку поинаква, но она што е јасно е дека океанот продолжува да расте, а стапката на пораст е се побрза и побрза“.

Во 2024 година, нивото на морето се зголеми главно поради термичка експанзија или затоплување на океаните, менувајќи го трендот дека топењето на глечерите и ледените плочи најмногу придонеле за порастот.

„Додека 2024 година е најтоплата година досега, океаните што се прошируваат на Земјата го следат примерот, достигнувајќи ги своите највисоки нивоа во последните три децении“, рече Надја Виноградова Шифер од НАСА.

Прикажи повеќе...

Европа

Португалија се откажа од планот да купи американски Ф-35

Објавено пред

Министерот за национална одбрана на Португалија, Нуно Мело, објави дека неговата земја нема да набавува борбени авиони Ф-35 од САД, имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст и непредвидливоста на американската политика, пишува португалскиот Подер Аеро.

dobivaj vesti na viber

Мело нагласи дека, иако Ф-16 на португалските воздухопловни сили се приближуваат кон крајот на работниот век, неопходно е да се проценат опциите кои обезбедуваат поголема предвидливост и оперативна безбедност.

Тој напомена дека се разгледуваат европски производствени алтернативи, исто така со цел да се генерираат економски придобивки за Португалија.

Министерот нагласи дека неодамнешната позиција на САД во контекст на НАТО и меѓународното геостратешко сценарио бара длабоко размислување за најдобрите опции за национална одбрана. Предвидливоста на сојузниците е клучен фактор во одлуката за замена на борбени авиони.

Иако не ги прецизираше моделите, Мело сугерираше дека француските алтернативи, како што е Dassault Rafale, би можеле да бидат меѓу опциите што ги разгледува португалската влада. Понатаму, министерот не ја исклучи можноста за испраќање на португалски воен персонал во Украина, под услов тие да бидат во мировни мисии и во сценарио за прекин на огнот.

Овие изјави одразуваат стратешка преоценка на сојузите и воените набавки на Португалија, со цел да се обезбеди националниот суверенитет и ефикасноста на вооружените сили во меѓународното сценарио кое постојано се менува.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Најмалку 150 демонстранти упаднаа во кулата Трамп во Менхетен

Објавено пред

Еврејските демонстранти упаднаа во кулата Трамп во Њујорк, барајќи ослободување на пропалестинскиот активист кој беше уапсен од претставници на имиграцијата.

dobivaj vesti na viber

Најмалку 150 луѓе се собраа во фоајето на зграда во центарот на Менхетен за да протестираат против приведувањето на Махмуд Калил, кој ги предводеше протестите против израелската војна во Газа на Универзитетот Колумбија минатата година, пишува „Скај Њуз“.

Членовите на еврејскиот глас за мир вчера носеа транспаренти и црвени маици со натпис „Евреите велат престанете да го вооружувате Израел“ и извикуваа „донесете го Махмуд дома сега“. Локалната полиција соопшти дека 98 лица се уапсени под обвинение за неовластено преминување, опструкција и отпор при апсењето.

Американскиот претседател го опиша 30-годишниот Калил, кој доби постојан престој во САД, како „анти-Американец“. Калил се оженил со американски државјанин. Оваа недела, неговата депортација беше ставена на чекање бидејќи адвокатите го оспорија неговиот притвор во имиграцискиот притвор во Луизијана.

Калил беше уапсен во саботата, но не е обвинет за кривично дело. Сепак, американскиот државен секретар Марко Рубио тврди дека има разумна основа да верува дека активностите или присуството на Калил во земјата може да има „сериозни негативни надворешнополитички последици“.

Вчера адвокатите на Калил побараа од федералниот судија да го ослободи нивниот клиент од имиграцискиот притвор. Тие предупредија дека неговото притворање е кршење на заштитата на слободата на говор со Првиот амандман.

Трамп вети дека ќе депортира некои активисти кои учествуваа во бранот протести во кампусите на американските колеџи против воениот напад на Израел врз Газа. Администрацијата на Трамп посочува дека пропалестинските протести во колеџите, вклучително и Колумбија, вклучиле поддршка за Хамас и антисемитско вознемирување на еврејските студенти.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет45 минути

Кина, Иран и Русија започнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави...

Свет56 минути

(Видео) Патниците бегаа преку крилото на авионот: се запали моторот на Боинг во Денвер

Млазен мотор на Американ ерлајнс се запалил откако авионот принудно слетал во Денвер, принудувајќи ги патниците да се евакуираат користејќи...

Свет12 часа

Разговаравме за деловите од Украина што ќе се задржат и за оние што ќе бидат изгубени, вклучена е и електрана, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава во Белата куќа во која ги коментираше преговорите со Русија за ставање крај на...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето...

Свет14 часа

Путин: Ние сме за примирје, но многу прашања прво треба да бидат одговорени

Рускиот претседател, Владимир Путин, изрази подготвеност за примирје во Украина, но нагласи дека е неопходно да се решат клучните прашања...

Македонија17 часа

Јаневски: Да сме набавеле нови автобуси, па вие и овие што ги имате не можете да ги сервисирате

Дали вие знаете дека минатата година Град Скопје за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие одвои 685 милиони денари, 11 милиони...

Македонија18 часа

МНР со реакција на бугарското министерство: Политиката на условувања создава непотребни тензии, кои не одговараат на европскиот дух на соработка

Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз...

Македонија18 часа

Дел од сегашните судии и обвинители е последниот штит на криминалот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка...

Македонија19 часа

Институтот интерпелација во никој случај не може да се примени за уставните судии, тоа е упад во самостојноста велат од Уставниот суд

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, судот информира дека Уставот...

Македонија19 часа

Жртвите на сексуално насилство ќе може да побараат помош и без да пријават во полиција силување или обид за силување

Сервисите за помош и поддршка на жртвите на сексуално насилство, кои сега се достапни само за жртвите откога ќе го...

Свет19 часа

Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент. Обвинителите соопштија...

Македонија20 часа

ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го разгледа решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството...

Македонија21 час

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година...

Македонија22 часа

Трендафилов продолжува да дејствува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси,...

Македонија22 часа

„Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски“, бара СДСМ

„Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во...

Свет23 часа

Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната...

Европа1 ден

Британија протера двајца руски дипломати

Откако во понеделникот двајца британски функционери беа протерани од Русија, Обединетото Кралство им ја укина акредитацијата на руски дипломат и...

Свет1 ден

Русија им ги претстави условите за прекин на огнот на Американците, пренесува „Ројтерс“

Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите...

Европа1 ден

(Видео) Путин ненадејно се појави во Курск: „Тој ѝ постави задача на армијата“

Рускиот претседател Владимир Путин постави задача конечно да ги порази украинските вооружени сили во регионот Курск во најкус можен рок,...

Македонија1 ден

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд

„Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за...