Свет
Викиликс: „Шел“ инфилтриран во министерствата на Нигерија

Нафтената компанија „Шел“ ги знае сите клучни одлуки на министрите во Владата на Нигерија, откриваат доверливите депеши на амбасадата на САД, објавува „Викиликс“. Компанијата тврди дека инфилтрирала свои луѓе во сите министерства, што и дава можност да ги предвиди сите потези на политичарите поврзани со делтата на Нигер која е исклучително богата со нафта. Ен Пикард, во 2009 година потпретседателка на „Шел“, на американските дипломати им кажала дека компанијата има распоредено свои луѓе во секој релевантен сектор во владата, и дека имаат детални информации што се случува во сите министерства. Таа додава дека нигериската влада не била свесна колку добро компанијата била информирана за нејзините планови. Депешите од Нигерија покажуваат дека Пикард барала разузнавачките информации да ги подели со американската влада околу воените активности и деловната конкуренција во делтата на Нигер. крај/блиц/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Почнува состанокот на Г7 во Канада, Украина е главна тема

Друг клучен настан денес е состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Квебек, Канада – прв откако Доналд Трамп се врати на власт во јануари.
Ќе има неколку дискусии во текот на денот, но главна тема ќе биде војната во Украина. За попладне е закажана дискусија за глобалниот мир и ситуацијата во Украина.
Во последното соопштение на Г7 од ноември, речиси две од осум страници беа посветени на Украина, а голем дел беше фокусиран на критикување на Русија.
Додека светот го чека одговорот на Русија на предложениот 30-дневен прекин на огнот, се очекува министрите овојпат да имаат многу што да кажат.
Свет
Шефот на НАТО денеска ќе се сретне со Трамп

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, во време кога Трамп се заканува со големи промени во политиката на алијансата, што може да има далекусежни последици.
Администрацијата на Трамп е се поблиска до рускиот претседател Владимир Путин поради војната во Украина, што ја доведува во прашање долгорочната посветеност на САД кон европската безбедност и самиот НАТО.
Трамп, исто така, бара европските членки на НАТО значително да ги зголемат трошоците за одбрана, барајќи од нив да ја надминат сегашната цел од 2% од БДП препорачана од Алијансата.
Ако Руте има резерва за потезите на Трамп, тој засега не ги искажува јавно.
Наместо тоа, тој се обидува да ги обнови односите меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и Трамп по напнатата средба меѓу двајцата лидери во февруари.
Зборувајќи за Би-би-си следниот ден, Руте рече дека му рекол на Зеленски дека „сите мора да го почитуваат“ она што Трамп досега го направил за Украина.
Свет
ЕУ се соочува со станбена криза

Становите, поточно нивниот недостиг се голем проблем во Европската Унија.
„Речиси 900.000 луѓе во Европа моментално се без покрив над главата. Секоја вечер во Европа, населението на Марсеј или Торино е бездомник“, изјави европскиот комесар за енергетика и домување Ден Јоргенсен на првиот состанок на Специјалниот комитет за станбена криза во Европскиот парламент.
„Речиси 10 отсто од населението на Европската унија троши 40 отсто или повеќе од својот приход за домување и поврзани трошоци“, рече тој. Тој додава дека во текот на последните 15 години, кириите во ЕУ се зголемени за околу една четвртина реално, а цените на становите за околу половина.
„Овие бројки, и луѓето зад нив, се суштината на станбената криза во Европа. И мислам дека ќе се согласите со мене: овие бројки се едноставно неприфатливи“, нагласи тој. Тој ги претстави своите планови да и помогне на ЕУ да го реши еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат земјите-членки, станбената криза.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја назначи поранешна данска министерка за енергетика да биде првиот комесар за домување, област во која ЕУ има малку директни овластувања, за да обезбеди поддршка од социјалистите во Европскиот парламент за нејзиниот реизбор.
Признавајќи го овој факт, Јоргенсен нагласи дека „поголемиот дел од одговорноста“ за домувањето е кај земјите-членки и регионалните и локални власти, но исто така тврди дека има „простор за ЕУ на таа маса и дека може и треба да се направи многу“.
Јоргенсен рече дека Комисијата ќе го објави својот прв Европски план за достапно домување. Планот ќе понуди техничка помош за градовите и земјите-членки и ќе се фокусира на инвестиции и вештини.
Комисијата ќе подготви Европска стратегија за домување за поддршка на понудата на станови, ќе воспостави паневропска инвестициска платформа за достапно и одржливо домување, ќе спроведе анализа на влијанието на шпекулациите за домување и ќе ги поддржи земјите-членки да ги удвојат планираните инвестиции во достапно домување во рамките на политиката на кохезија.
Во својот говор напомена дека Брисел не е директно одговорен за станбената политика. Сепак, локалните власти во европските градови вршат притисок за поголема акција на ниво на ЕУ.
Градоначалниците сакаат финансирањето за домување да биде изземено од европските фискални правила кои ја ограничуваат државната потрошувачка. Тие, исто така, сакаат да се прераспределат парите што не се потрошени за закрепнување од пандемијата „Ковид-19“.
Матео Лепоре, градоначалникот на Болоња, посебно нагласи дека во Италија меѓу 10 и 15 отсто од приватните станбени единици се празни.
Во родната земја на комесарот, Данска, растат и кириите и цените на становите. Една од најголемите дански банки, Nykredit, очекува просечните цени на становите во Данска да пораснат за 4,4 отсто оваа година. На пазарот на станови во Копенхаген годинава се очекува зголемување на цените за 6,2 отсто.
Еден начин на кој Данска сака да го реши својот станбен проблем, особено недостигот на прифатливи станови, е да ги претвори привремените студентски станови во достапни и трајни јавни станови.
Во Ирска, цените на куќите минатата година се зголемија речиси двојно повеќе отколку во 2023 година, а бројот на слободни станбени единици падна на историски најниско ниво во јануари 2025 година.
Централниот завод за статистика објави дека цените на становите во декември биле за 8,7 отсто повисоки од претходната година. Тоа значи дека годишната стапка на инфлација во тој сектор во 2024 година речиси двојно се зголемила.