Свет
Драстично зголемен бројот на поплаки за банките во САД

Поплаките против банките во САД се енормно зголемени, што навестува дека новите закони и регулативи, кои се воведени по финансиската криза пред две години не го задушиле бесот на Американците поради претераните плати на банкарските менаџери и практиките за конфискација на хипотеките, за кои многумина велат дека не се праведни, јавува Асошиејтед пресЕкспертите сметаат дека, ако продолжи овој тренд, тоа ќе ги доведе банките во судир со нивните клиенти и ќе доведе до уште построги правила, кои ќе ги намалат нивните добивки. Од канцеларијата на контролорот на валутата соопштија дека нивните проценки се оти жалбите за 1.500-те банки кои тие ги контролираат годнава ќе ја достигнат бројката од 80.000. Ова ќе биде највисокото ниво во последниве 15 години, откако оваа канцеларија ги брои поплаките и повеќе од двојно од вкупниот број во 2008 година. Регулаторите велат дека напливот на поплаки кај нив го вклучил алармот. И федералните резерви и Федералната корпорација за осигурување на депозитите издадоа нови упатства, а регулаторите вработуваат додатен персонал, во обид да се справат со секоја поплака посебно. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.