Контакт

Свет

Бункерот на Асанж како од филмовите на Џејмс Бонд

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

На веќе легендарната животна приказна на Џулијан Асанж, контроверзниот основач на Викиликс, кој од медиумите е наречен Џејмс Бонд во новинарството, дополнителна мистерија даваат фотографиите од бункерот во кои се чуваат фајловите на сајтот.Амбиентот сличен на сцените од филмот за агентот 007 е одбран за во него да се складираат илјадниците тајни документи што го потресоа светот.Фајловите на Викиликс се чуваат на серверите во компјутерскиот центар „Пионен“ кои се сместени во подземен бункер во Стокхолм.Бункерот во времето на студената војна служел како атомска засолниште и се наоѓа 30 метри под земја во паркот Витаберг.Резервното напојување со струја го обезбедуваат два мотора „мајбах МТУ“ кои се идентични со моторите на подморниците на НАТО со сила од 1,5 мегавати.Влезната врата е со дебелина од 40 сантиметри. Бункерот е реновиран во 2008 година според ектравагантен проект на шведско проектантско биро.Бункерот се простира на површина од 1.200 квадрати, а вклучува хол и четири огромни простории каде се сместени серверите.Футуристичката атмосфера е надополнета со вештачки водопади и цвеќе кое се одржува на соларни ламби и аквариум од 2.600 литри. /крај/смедиа/мт

Регион

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Објавено пред

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата во еврото, валутата што земјата ќе ја усвои на 1 јануари.

dobivaj vesti na viber

Некои демонстранти во бугарската престолнина се судрија со полицијата што ги заштитуваше канцелариите на владејачките партии, напаѓајќи ги безбедносните сили со камења, шишиња и пиротехнички средства.

Опозицијата и други организации изразија незадоволство од буџетот поради најавените зголемувања на придонесите за социјално осигурување и даноците на дивиденда за финансирање, како што велат, на повисоките државни трошоци и корупцијата.

Околу половина од Бугарите се противат на воведувањето на еврото, тврдејќи дека тоа ќе го загрози суверенитетот на земјата и дека ќе го искористат преминот кон друга валута за да ги зголемат цените.

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, исто така, неодамна предупреди дека инфлацијата во Бугарија може да се зголеми откако ќе се приклучи на еврозоната, објави Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Европа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Објавено пред

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.

dobivaj vesti na viber

Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз изјави дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.

Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред очекуваната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва утре, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.

Прикажи повеќе...

Свет

Започнаа клучните сослушувања за Луиџи Манџионе, обвинет за убиството на моќен директор во Њујорк

Објавено пред

Луиџи Манџионе, човекот обвинет за убиство на директорот на „UnitedHealthcare“, Брајан Томпсон, пред хотел на Менхетен, се појави денес на суд, со што започна серијата клучни рочишта.

dobivaj vesti na viber

Ројтерс објавува дека рочиштата ќе одлучат за прифатливоста на клучните докази во неговото претстојно судење за убиство.

27-годишниот Манџионе беше уапсен во декември минатата година под обвинение дека го застрелал Томпсон сред бел ден на тротоар во Менхетен.

Шокантното убиство беше осудено од многу службени лица, но Манџионе стана еден вид народен херој меѓу Американците фрустрирани од високата цена на здравствената заштита.

Тој се изјасни за невин по сите обвиненија, а неговото судење се очекува да започне следната година. Тој, исто така, се изјасни за невин во посебен федерален случај, во кој обвинителите планираат да бараат смртна казна.

За време на денешното рочиште, Манџионе, облечен во сиво одело и бела кошула, не проговори ниту збор додека судските службеници му ги вадеа лисиците. Неколку негови поддржувачи се собраа пред судницата. Меѓу нив беше и маж облечен како негативец од видео играта Супер Марио Брос, кој носеше транспарент на кој пишуваше: „Кога пациентите умираат, профитот расте“. Присутна беше и жена со лента на која пишуваше: „Ослободете го Луиџи“.

Тој се соочува со доживотен затвор
Доколку биде осуден за убиство од втор степен, дефинирано како намерно убиство, Манџионе се соочува со доживотен затвор. Тој се соочува и со седум обвиненија за нелегално поседување оружје и едно обвинение за поседување лажни документи.

Судијата Грегори Каро отфрли две обвиненија за тероризам во септември, велејќи дека обвинителите не доставиле доволно докази дека Манџионе имал намера да ги заплаши вработените во здравственото осигурување или да влијае на владината политика. Датумите на судењата сè уште не се закажани ниту во државните ниту во федералните случаи. Манџионе е во федерален притвор во Бруклин од неговото апсење.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 минути

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата...

Европа8 часа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет9 часа

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп бил превентивен по...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија12 часа

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија15 часа

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија19 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија20 часа

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија21 час

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија21 час

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет22 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет22 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет22 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет23 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија2 дена

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија2 дена

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија2 дена

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија3 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија3 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...