Свет
Ким Јонг-Ил во инспекција на фабриките и новата стоковна куќа
Севернокорејскиот претседател Ким Јонг-Ил, неодамна направил инспекција на две фабрики од лесната индустрија како и на новоизградените стоковни куќи во департментот Потхонганг, обајви во петокот државната новинска агенција KCNA
Во извештајот се вели дека претседателот Ким Јонг-Ил кој е генерален секретар на Работничката партија на Кореја и претседател на Националната комисија за одбрана, прво направил проверка на новоизградената фабрика за санитарии. Тој многу ги пофалил работници за зголемување на производството на санитарни производи, изјавувајќи дека се производството го задржало растечкиот тренд.Јонг-Ил додал дека овој успех јасно ја покажува важноста и виталноста на политиката што ја спроведува единствената партија а поврзаност меѓу науката и технологијата, како излеза за создавање економска моќ.Тој, исто така, ја посети новата продавница за женска трикотажа и фабрика за истите производи во Пјонгјанг, каде што ја истакнал цврстата решеност на партијата на севернокорејците да им обезбеди подобри животни услови, нагласувајќи ја потребата да се продолжи со што повеќе напори за зголемување на производството на трикотажата.При посетата на стоковната куќа во Потхонганг, севернокорејскиот лидер ја подвлекол потребата од изградба на повеќе центри за услуги за населението, како што се модерни продавници и ресторани, во различни делови на земјатаЈонг-Ил нагласил дека тоа се важни задачи, кои ќе служат како насоки за подобрување на услугите.Како што забележува кинеската државна новинска агенција, која ја следи официјалната политика на Пекинг која одржува тесни врски со Пјонгјанг, претседателот Јонг-Ил на овие обиколки бил придружуван од Ким Кјонг-Хуи, член на Централниот комитет на политичкото биро на Работничката партија на Кореа и од други високи партиски претставници./крај/син/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.