Свет
Петнаесет цивили убиени во Авганистан

Петнаесет цивили загинале а четири се повредени во експлозија на импровизирана експлозивна направа на југ од Авганистан, соопшти во саботата портпаролот на локалните власти
„Во експлозијата смртно настрадаа 15 лица а четири се ранети“, го цитира AFP портпаролот Дауд Ахмади, кој истакнал дека меѓу загинатите имало и деца.Камионот со кој во петокот навечер цивилите патувале, се движел од селото Хаир Абад кон Ханшен во провинцијата Хелманд, при што налетал на крајпатна мина.Во саботата, пак, бомбаш самоубиец активирал експлозив во возило во близина на воена база во северната покраина Кундуз при што се повредени пет војници, потврдил за агенцијата DPA, авганистански полициски функционер.Покрај загинатиот бомбаш, во експлозијата биле повредени и три жени кои се наоѓале во блиската куќа, изјавил началникот на полицијата во Кундуз, Голам Мухаијудин.Тој додал дека бомбашот самоубиец користел полициско возило кое неодамна било украдено. Полицијата не ја објавила информацијата од состојбата на ранетите војници. Нападот се случил во округот Чар Дарах, нестабилен дел од северен Авганистан. Талибанските милитанти инаку се најактивни во покраините Кундуз и Баглан кои инаку се наоѓаат во релативно мирниот северен регион од земјата. Авганистанските и силите на НАТО неодамна ги протераа бунтовниците од неколку села во овој регион. Командата на здружените сили соопшти дека ќе продолжат со акциите против талибаните и во текот на зимата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пленковиќ: Американските царини не би требало да имаат значително влијание врз Хрватска

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави денеска дека американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија не треба значително да влијаат на Хрватска и дека во овој момент овој потег „не е толку загрижувачки“ за трговските односи меѓу Хрватска и САД.
Тој додаде дека „подетално треба да се анализира поврзаноста на бројни хрватски компании со поголеми европски компании, кои многу повеќе извезуваат во Европската унија и врз чии економии ќе имаат поголемо влијание овие мерки.
„Во овој момент, овој потег не е толку загрижувачки за трговските односи меѓу Хрватска и САД, но секако, треба да бидеме внимателни со сите сектори, Хрватската стопанска комора, стопанството, да внимаваме што се случува и евентуално да ја прилагодиме ориентацијата на овие компании на други извозни пазари или на домашните пазари“, рече Пленковиќ.
Свет
Шолц повика на континуирана поддршка за Украина

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска повика на континуирана, постојана поддршка за Украина.
„Сè додека не се заклучи мирот, Европа и САД мора да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста во Берлин, според Тагесшау.
Според него, прекинот на огнот дава можност да се истражат начини за постигнување на подолгорочен мир, кој, како што рече, би можел да вклучи дополнителни чекори како размена на затвореници или враќање на киднапираните Украинци.
Свет
Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов, Украинците се повлекуваат од Курск

Доналд Трамп, кој е домаќин на ирскиот премиер во Белата куќа, ја искористи можноста да коментира за клучните меѓународни прашања пред светските медиуми.
Тој рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ по вчерашните разговори за прекин на огнот со Украина во Саудиска Арабија.
„Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“.
„Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“, рече тој и додаде дека Украинците се повлекуваат од Курск.