Свет
Медведев ги одобри полициските акции во Москва и Санкт Петербург
Министерот за внатрешни работи Рашид Нургалиев во неделата му предложил дополнителни мерки на претседателот на Руската Федерација Дмитриј Медведев во врска си вчерашните неовластени протести на фудбалски навивачи и членови на радикалните организации во Москва и во Санкт Петерсбург, соопшти прес-службата на Кремљ.Дмитриј Медведев ги одобри вчера преземените дејствија на руската полиција и му наложил на министерот да продолжи да ги презема сите потребни мерки заради заштита на јавниот ред. Медведев во соопштението што го пренесуваат руските медиуми истакнал дека се неприфатливи масовните нарушувања на мирот и законите, нагласувајќи дека полицијата во спроведување на законот има право во таквите ситуации да ги презема сите законски овластувања“. Според неофицијалните информации во вчерашните безредијата во Москва во кои наводно има едно загинато лице, полицијата ја зајакна безбедноста на улиците. Началникот на полицијата во руската престолнина Владимир Колоколцев по судирите меѓу фудбалските навивачи и полицијата, нареди засилени патроли по улиците на Москва во текот на ноќта кои продолжуваат и денеска.Московската полиција ја следи ситуацијата на територијата на сите административни единици на московската област и доколку има некои индиции ќе се активира мобилната резерва, вклучувајќи ги и единиците од составот на ОМОН (специјалните единици на Внатрешните војски на Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација).Во саботата на плоштадот Манежнаја, во близина на Црвениот плоштад дојде до жестоки судири меѓу полицијата со според последните процени околу пет илјади претежно млади луѓе од различни провиниенции, од фудбалски навивачи до приврзаници на националистички организации. Во судирите со повреди се хоспитализирани 29 лица а според првичните податоци починал еден од повредените.Жестокиот судир меѓу демонстрантите кои употребуваа пиротехнички средства, камења и палки, и полицијата која употреби пендреци, избија откако навивачите не сакаа да се повлечат на повиците на московските власти, туку одговорија со националистички пароли и со напади врз случајните минувачи кои им наликувале на припадници на етничките малцинства од подрачјето на северен Кавказ.Претходно илјадници навивачи на московски Спартак се собраа и положија знамиња на автобуската постојка на булеварот Кронштад во северниот дел од Москва на којашто на 6-ти декември беше застрелан Егор Свиридов еден од навивачките водачите во тепачка со доселениците од северен Кавказ. Според некои руски медиуми, Свиридов бил водач на „Ултрас“ една од насилните навивачки групи на Спартак. Ова убиство предизвика голем револт кај навивачките групи во Русија. Блоговите и социјалните мрежи во Русија деновиве се многу активни во врска со овој случај и на нив се изразува голем револт заради нерешавањето на овој случај. Полицијата прво уапси шест осомничени, но ослободи петмина и досега нема подигнато обвинение. Во руските медиуми се изразува загриженост дека тензиите ќе се зголемат затоа што навивачите преку своите блогови потсетуваат дека се’ уште не е решен случајот на убиството на уште еден навивач на Спартак, Јуриј Волков, од летово годинава./.крај/риа/кп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Англичанец обвинет дека 13 години ја дрогирал сопругата и носел мажи да ја силуваат
Сопруг и пет други мажи се обвинети за серија сериозни сексуални злосторства против неговата поранешна сопруга, кои наводно се случиле во долг период од 13 години во западна Англија. Жртвата, 48-годишната Џоан Јанг, се откажала од правото на анонимност, објавува Би-Би-Си.
Нејзиниот поранешен сопруг, 49-годишниот Филип Јанг, кој претходно живеел во Свиндон, а сега во Енфилд, се соочува со 56 обвиненија. Тие вклучуваат силување, давање супстанца со намера за поттикнување сексуална активност, воајеризам и поседување непристојни слики од деца и екстремен материјал.
Случајот потсетува на оној на Жизел Пеликот, која била дрогирана и силувана од нејзиниот тогашен сопруг девет години, поканувајќи десетици мажи во нивниот заеднички дом во Прованса за да ја силуваат.
Сите шест мажи во „случајот Пеликот“ во Англија треба да се појават пред Судот за прекршоци во Свиндон во вторник. Јанг беше притворен, додека другите петмина беа ослободени со кауција. Норман Максони (47) од Шарнбрук, опишан од полицијата како британски државјанин и црнец, е обвинет за силување и поседување екстремни слики.
Обемна истрага
Дин Хамилтон (47), без фиксна адреса, опишан како британски државјанин, белец, е обвинет за силување, сексуален напад и две обвиненија за сексуално допирање. Конер Сандерсон Дојл (31) од Свиндон, опишан како британски државјанин, белец, е обвинет за сексуален напад и сексуално допирање.
Ричард Вилкинс (61) од Свиндон, опишан од полицијата како Британец, белец, е обвинет за силување и сексуален напад. Мохамед Хасан (37) од Свиндон, опишан од полицијата како британски Азиец, е обвинет за сексуално допирање.
Главниот детектив инспектор Џеф Смит од полицијата во Вилтшир го опиша покренувањето обвиненија како значаен чекор во она што тој го нарече „сложена и сеопфатна“ истрага. Тој, исто така, потврди дека г-ѓа Јанг е поддржана од специјално обучени полицајци.
Фото: депозитфотос
Свет
Автомобил се заби во толпа луѓе на божиќна парада во Холандија
Автомобил се заби во група луѓе за време на божиќна парада во холандската покраина Гелдерланд, при што беа повредени најмалку десет лица, пренесуваат локални медиуми.
Во таа прилика, најмалку три лица беа тешко повредени.
Холандските медиуми, повикувајќи се на локалните власти, објавија дека полицијата во моментов не е во можност да утврди дали несреќата е намерно предизвикана.
Група луѓе кои беа удрени од автомобил чекаа да помине парадата.
Три хеликоптери за брза помош беа испратени во Нунспет.
Во понеделникот вечерта, низ овој град требаше да помине парада, настан што се одржува секоја година во оваа област, но беше откажан по несреќата.
Фото: депозитфотос
Регион
Вучиќ: Следната година е многу важна, ќе ја одреди судбината на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени 2026 година како исклучително важна година поради изборите што ќе „ја одредат судбината на Србија“ и големите инвестиции планирани како дел од подготовките за изложбата ЕКСПО 2027, пишува „n1info.rs“.
Вучиќ изрази надеж дека граѓаните ќе „судат според постапките“ кога гласаат и ќе дадат поддршка на Српската напредна партија.
„Донесете ја одлуката со ладна глава и рационално. Погледнете што е направено, разгледајте ги плановите, програмите и луѓето кои се способни да спроведат нешто или не се способни“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека за него е важно што знае колку народот дал за да ја спаси земјата.
„Знам колку разбравте дека вашата земја е загрозена и колку сакавте да помогнете, и затоа сум ви бескрајно благодарен. Благодарение на вас и вашата сила, успеавме да се бориме, успеавме да ја одбраниме и зачуваме Србија и сега само гледаме како Србија може да продолжи напред. Ви благодарам за вашата поддршка“, рече тој.
Фото: депозитфотос

