Свет
Никсон ги навредувал Евреите, Ирците, Италијанците и Афроамериканците

Белата куќа синоќа објавила аудио снимки кои содржат негативни изјави на поранешниот претседател Ричард Никсон за Евреите, Афроамериканците, Ирците и Италијанците
„Евреите се агресивни и одвратни“, рекол Никсон кој бил претседател од 1968. до 1974 година, во разговор направен во 1973 година со еден советник. Тој направил разлика помеѓу Евреите во Израел кои ги цени, и Евреите во САД.За Ирците, Никсон рекол дека стануваат „одвратни“ кога ќе се напијат. „Сите Ирци кои ги знам стануваат одвратни кога ќе се напијат, а особено вистинските Ирци“, навел Никсон.За Италијаните рекол дека тоа се прекрасни луѓе ама „не стоеле цврсто на земја“, додека за афроамериканците го критикувал тогашниот државен секретар Вилијам Роџерс, оценувајќи дека тој бил „заслепен од црнците“.Тогашниот советник за безбедност на Никсон, Хенри Кисинџер, според аудио записите, ги отфрлил во еден разговор позивите од Вашингтон, САД да побара од советските власти да им се овозможи на Евреите да емигрираат во таа земја за да избегнат прогонување.„Емиграцијата на Евреите од Советскиот Сојуз не е цел на американската надворешна политика. Ако ги стават Евреите во гасна комора во Советскиот Сојуз, тоа не е американско прашање. Можеби би било хуманитарно прашање“, рекол Кисинџер.„Знам“, одговорил Никсон, „не можеме да го кренеме светот во воздух поради тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Еден од основачите на „Пајрат беј“ загина во авионската несреќа во Словенија

Познатиот шведски претприемач кој е и еден од основачите на веб-страницата „Д Пајрат беј“ загина во авионска несреќа на Велика Планина во Словенија.
Авионот полета од Загреб во понеделникот за Швајцарија и се урна во Словенија, а во вторникот биле пронајдени остатоците од авионот и телото на пилотот.
Шведскиот претприемач и поранешен политичар Карл Улф Стур Лундстром, познат како еден од основачите на „Д Пајрат беј“, загина во авионска несреќа на Велика Планина, пренесува шведски „Експресен“.
Во понеделникот околу пладне, спасувачките служби откриле дека делови од авионот паднале врз куќа, јавуваат локалните медиуми.
Линдстром управувал со авионот и бил единствениот човек во него.
Тој беше познат и како претприемач и како десничарски екстремист. На изборите во 2021 година се кандидираше за партијата Алтернатива за Шведска. Во објава на платформата „Икс“, партијата напиша:
„Денеска не погодија трагични и незамисливи вести. Карл Лундстром, легенда и ветеран на шведскиот национализам, загина во авионска несреќа во понеделникот. Со својот авион „Муни М-20“ летал од Загреб до Сент Мориц во Швајцарија, но се урнал во Словенија.
Европа
Советник на Путин: Претседателот е во дилема, Русите се уморни од војна

Сергеј Марков, долгогодишен советник на рускиот претседател Владимир Путин, смета дека односот меѓу Путин и Доналд Трамп може да влијае на преговорите за прекин на огнот во Украина.
Во интервју за Би-би-си Радио 4, Марков рече дека односот меѓу Путин и новата американска администрација под Трамп е значително различен од оној со поранешниот претседател Џо Бајден.
„Бајден беше непријател, Трамп е ривал“, изјави тој.
Тој додаде дека предлогот за прекин на огнот поставува дилема за Путин, нагласувајќи дека руското општество е уморно од војна и сака мир.
Европа
Американската вселенска компанија повторно ѝ дозволи на Украина пристап до сателитски снимки

Американската воздухопловна и вселенска компанија Maxar Technologies повторно ѝ обезбеди на Украина пристап до услугата Global Enhanced GEOINT Delivery (GEGD), што уште еднаш му даде можност на Киев да користи комерцијални сателитски снимки со висока резолуција, објави денеска украинскиот медиум „Милитарњи“, повикувајќи се на корисници на услугата.
Украина се потпира на таквите снимки за одбранбено и стратешко планирање, вклучително и следење на движењата на руските сили, проценка на условите на бојното поле и следење на штетите на руската инфраструктура.
Според извори на „Милитарњи“, обновувањето на програмата значи дека Украина повторно може да пристапи до клучните сателитски разузнавачки информации за одбранбените операции.
Оваа одлука доаѓа по вчерашните разговори меѓу САД и Украина во Џеда, каде Вашингтон се согласи да ја обнови клучната воена и разузнавачка поддршка за Украина. „Милитарњи“ на 7 март објави дека Maxar го ограничил пристапот на Украина до своите сателитски снимки, повикувајќи се на неименувани корисници.
Компанијата подоцна ја потврди суспензијата во изјава за Киев Индипендент, објаснувајќи дека ограничувањата се однесуваат само на снимките достапни преку програмите на американската влада.
Директорот на ЦИА Џон Ретклиф на 5 март изјави дека САД го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина, што се толкува како притисок врз Киев да се согласи на мировни преговори со Русија.