Контакт

Свет

Холанѓанец сексуално злоупотребил 50-ина деца

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Холандската полиција уапси 27-годишен човек осомничен за сексуална злоупотреба на 50-ина деца, кој се криел во градинките во Амстердам.Уапсениот во детските градинките работел од февруари 2007 година, а неговите жртви биле деца на возраст до четири години.Случајот бил откриен на 7 декември кога осомничениот е уапсен, откако во САД биле пронајдени фотографии со педофилски содржини, за кои е утврдено дека потекнуваат од Холандија.Полицијата вчера на прес-конференција објавила дека се уште не го утврдиле бројот на жртвите, поради што била објавена и негова фотографија за да ги предупредат родителите за можноста дека и нивното дете било жртва.Полицијата информира дека 27 годишниот маж работел и како дадилка, огласувајќи ги своите услуги преку интернет.Уапсен е и 37 годишен маж, за кој полицијата се сомнева дека поседувал детска порнографија и оти бил соучесник.Уапсените денеска ќе се појават пред истражниот суд, пренесува Ројтерс./крај/дхр/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Еден од основачите на „Пајрат беј“ загина во авионската несреќа во Словенија

Објавено пред

Познатиот шведски претприемач кој е и еден од основачите на веб-страницата „Д Пајрат беј“ загина во авионска несреќа на Велика Планина во Словенија.

dobivaj vesti na viber

Авионот полета од Загреб во понеделникот за Швајцарија и се урна во Словенија, а во вторникот биле пронајдени остатоците од авионот и телото на пилотот.

Шведскиот претприемач и поранешен политичар Карл Улф Стур Лундстром, познат како еден од основачите на „Д Пајрат беј“, загина во авионска несреќа на Велика Планина, пренесува шведски „Експресен“.

Во понеделникот околу пладне, спасувачките служби откриле дека делови од авионот паднале врз куќа, јавуваат локалните медиуми.

Линдстром управувал со авионот и бил единствениот човек во него.

Тој беше познат и како претприемач и како десничарски екстремист. На изборите во 2021 година се кандидираше за партијата Алтернатива за Шведска. Во објава на платформата „Икс“, партијата напиша:

„Денеска не погодија трагични и незамисливи вести. Карл Лундстром, легенда и ветеран на шведскиот национализам, загина во авионска несреќа во понеделникот. Со својот авион „Муни М-20“ летал од Загреб до Сент Мориц во Швајцарија, но се урнал во Словенија.

Прикажи повеќе...

Европа

Советник на Путин: Претседателот е во дилема, Русите се уморни од војна

Објавено пред

Сергеј Марков, долгогодишен советник на рускиот претседател Владимир Путин, смета дека односот меѓу Путин и Доналд Трамп може да влијае на преговорите за прекин на огнот во Украина.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Би-би-си Радио 4, Марков рече дека односот меѓу Путин и новата американска администрација под Трамп е значително различен од оној со поранешниот претседател Џо Бајден.

„Бајден беше непријател, Трамп е ривал“, изјави тој.

Тој додаде дека предлогот за прекин на огнот поставува дилема за Путин, нагласувајќи дека руското општество е уморно од војна и сака мир.

Прикажи повеќе...

Европа

Американската вселенска компанија повторно ѝ дозволи на Украина пристап до сателитски снимки

Објавено пред

Американската воздухопловна и вселенска компанија Maxar Technologies повторно ѝ обезбеди на Украина пристап до услугата Global Enhanced GEOINT Delivery (GEGD), што уште еднаш му даде можност на Киев да користи комерцијални сателитски снимки со висока резолуција, објави денеска украинскиот медиум „Милитарњи“, повикувајќи се на корисници на услугата.

dobivaj vesti na viber

Украина се потпира на таквите снимки за одбранбено и стратешко планирање, вклучително и следење на движењата на руските сили, проценка на условите на бојното поле и следење на штетите на руската инфраструктура.

Според извори на „Милитарњи“, обновувањето на програмата значи дека Украина повторно може да пристапи до клучните сателитски разузнавачки информации за одбранбените операции.

Оваа одлука доаѓа по вчерашните разговори меѓу САД и Украина во Џеда, каде Вашингтон се согласи да ја обнови клучната воена и разузнавачка поддршка за Украина. „Милитарњи“ на 7 март објави дека Maxar го ограничил пристапот на Украина до своите сателитски снимки, повикувајќи се на неименувани корисници.

Компанијата подоцна ја потврди суспензијата во изјава за Киев Индипендент, објаснувајќи дека ограничувањата се однесуваат само на снимките достапни преку програмите на американската влада.

Директорот на ЦИА Џон Ретклиф на 5 март изјави дека САД го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина, што се толкува како притисок врз Киев да се согласи на мировни преговори со Русија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа37 минути

(Видео) Објавени нови мапи, Русите напредуваат силно во Курск

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи...

Свет1 час

Како би можела да заврши војната во Украина, на маса се повеќе опции

Ограничен прекин на огнот, меѓународни мировни сили или откажување од територија? Постојат повеќе сценарија за можен крај на борбите во...

Македонија2 часа

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа3 часа

Пристигна реакцијата на Лавров за можниот мировен договор со Украина

Говорејќи во контекст на можниот мировен договор со Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју изјави дека...

Европа3 часа

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет3 часа

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа3 часа

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет4 часа

(Видео) Трамп им вети „пекол“ на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...

Свет4 часа

Стапуваат во сила царините на Трамп за челик и алуминиум

Во сила стапија царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум. Оваа мерка ја зголемува...

Македонија12 часа

Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ,...

Топ13 часа

Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион. Од АМСМ известија...

Свет14 часа

Трамп се надева дека прекинот на огнот во Украина ќе стапи во сила во следните денови

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборуваше со новинарите пред Белата куќа, потврдувајќи дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа...

Свет15 часа

Америка ја враќа воената помош во Украина, Киев: Подготвени сме на примирје од 30 дена

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат...

Македонија15 часа

Единаесет лица се приведени за злоупотреба на тендер за набавка на мазут

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една...

Македонија17 часа

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....

Топ18 часа

Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот...

Македонија21 час

Чачарова-Илиевска: Не планирам денес да одам во Собранието за интерпелацијата, таа е недозволива и акт на преседан

Тања Чачарова-Илиевска од Судскиот совет нема да присуствува на седницата во Собранието за нејзината интерпелација заедно со интерпелациите за Весна...

Топ21 час

Уапсени 11 лица, пронајдени оружје, документи, возила: МВР за вчерашната акција

Вчера е спроведена полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што...

Македонија22 часа

Жерновски: Добредојдовме во новото ненормално, во кое сме западнобалканска копија на Орбан

Поранешниот амбасадор и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, преку објава на социјалните мрежи реагира на владината надворешна политика....