Свет
Во 2011-та ќе се зголеми насилството во Авганистан

Странските војници во Авганистан идната година ќе бидат соочени со уште поголемо насилство од страна на талибаните отколку во 2010 г. која беше досега најсмртоносната година во деветгодишната војна во оваа земја, предупредува НАТО.„Следната година ќе бидеме соочени со уште повеќе насилство. И натаму ќе има судири и мораме и понатака да вршиме притисок врз талибаните“, изјавил во понеделникот генералот Јозеф Блоц, портпарол на мисијата ИСАФ, на прес-конференција во Кабул.Годинава до првата седмица на декември во Авганистан животите ги загубија 683 странски војници, додека минатата 2009-та оваа црна бројка изнесуваше 521. Вкупно од 2001 г. досега во Авганистан загинаа 2.253 странски војници, од кои 1.424 се Американци.Инаку, на самитот на НАТО што се одржа кон крајот на ноември во Лисабон, членките на пактот се обврзаа дека до крајот на 2014 г. ќе ја префрлат одговорноста за безбедноста врз авганистанските безбедносни сили на територијата на целата земја.Во Авганистан во моментов има околу 150 илјади странски војници, од кои две третини се американски, кои се распоредени како поддршка на авганистанската влада во борбата со бунтовниците.Во 2001 г,. по терористичките напади врз САД од страна на Ал Каеда. Соединетите држави и сојузниците извршија инвазија врз Авганистан при што многу лесно го соборија режимот на талибаните, но Бин Ладен и водачот на авганистанските талибани Мула Мохамед Омар се уште се на слобода. Силниот отпор на талибаните и бројните самоубиствени напади од страна на талибаните придонесоа за зголеменото присуство на странските војници во земјата.Талибаните во неколку наврати одбија мировни преговори со владата во Кабул којашто е поддржана од САД.Минатиот декември, американскиот претседател Барак Обама најави дека ќе испрати дополнителни 30 илјади американски војници за конечно совладување на отпорот на талибаните, поставувајќи го терминот јули 2011 г. како момент од кој треба да започне повлекувањето на американските сили од Авганистан. Меѓутоа, подоцна Обама призна дека неговата стратегија за повлекување од земјата ќе од многу побавно од предвиденото./крај/ ро/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната

Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС и РИА.
Ова е четврто во серијата предавања на останки на загинати војници во изминатата недела, во согласност со договорот постигнат меѓу Русија и Украина на разговорите во Истанбул претходно овој месец.
За време на разговорите во Истанбул на почетокот на јуни, Киев и Москва се согласија да предадат по 6.000 тела и да разменат болни и тешко ранети воени заробеници и лица под 25 години.
Русија вели дека досега ѝ предала на Украина тела на речиси 5.000 украински војници, но за возврат добила само 27 тела на убиени руски војници.
Украина и Русија досега извршија и три размени на воени заробеници, но не го објавија нивниот точен број.
Свет
Москва нападна рафинерија за гориво на украинската армија

Руските вооружени сили ноќеска ја нападнале нафтената рафинерија во украинскиот град Кременчук, која, според Москва, снабдува гориво за украинските сили во Донбас.
Според соопштението од руското Министерство за одбрана нападот бил изведен со ракети и дронови, и бил успешен.
Москва тврди дека нејзините сили презеле контрола врз селото Малиновка и навлегле длабоко во Сумската област, каде, како што велат, украинската армија претрпела сериозни загуби. Сепак, Русија досега официјално нема барања за анексија на Сумската област, иако наведува дека таму би воспоставила безбедносна зона.
Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера соопшти дека украинската армија повторно ја презела контролата врз селото Андреевка во североисточниот дел на Сумската област.
Свет
Се нуди награда од 50.000 долари за осомничен за двојно убиство во Минесота

Американските власти во Минесота и натаму трагаат по 57-годишниот Венс Лутер Бетлер, осомничен за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за ранување на сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга.
Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
– Не знаеме дали има соучесници, можно е да бил со други лица. Сакам да ги сослушаме сите што можеби биле во контакт со него, изјави полицискиот претставник Дру Еванс.
ФБИ објави фотографија од Бетлер како стои пред домот на еден пратеник маскиран како полицаец, и понуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до негово апсење и осуда.
Бетлер живее во округот Сибли, близу градот Грин Ајл, и работи како директор за безбедносни патроли во приватна фирма. Во минатото бил генерален менаџер во синџир продавници и фабрика за храна.
Во 2016 година бил назначен од тогашниот гувернер Марк Дејтон за претставник од приватниот сектор во Советот за развој на работната сила, организиран од гувернерот. Во истиот совет членувал и сенаторот Хофман, жртвата на нападот.
Засега не е јасно дали Бетлер и Хофман имале лична поврзаност.
Американските власти нападите ги опишаа како „чинови на политичко насилство“.