Свет
Берлускони ги повика пратениците да му укажат доверба
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска обраќајќи се пред Сенатот во Рим токму пред гласањето за доверба на владата во парламентот, изјави дека политичката стабилност е неопходна во период на економската криза, пренесува агенцијата Бета.Берлускони во говорот пред горниот дом на парламентот рекол дека би било „лудо“ да се создаде политичка криза во сегашната ситуација и апелираше до пратениците да бидат „политички одговорни“ и повторно да и укажат доверба на неговата влада.Гласањето за доверба е закажано за утре во двата дома на италијанскиот парламент, а до владината криза дојде по повлекувањето на долгогодишниот близок сојузник на Берлускони, Џанфранко Фини.Берлускони најави предвремени избори доколку владата не ја добие довербата, јавува БиБиСИ.„Ги разбирам оние кои сакаат да предизвикаат владина криза која води до нови избори или барем до предлагање нов премиер и истовремено се уверени во можноста да се создаде ново владејачко мнозинство“, рекол Берлускони.Тој истакна дека Италија на чело со неговата влада добила углед и покрај финансиската криза и предложи формирање „парламентарен сојуз“ со силите на центарот./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Инцидент во хрватскиот парламент: пратеничка ја удри струја
За време на вчерашната парламентарна дебата во Хрватска, пратеничката Далија Орешковиќ ја „стресе“ струја.
Додека зборуваше членот на ХДЗ, Марко Павиќ, таа гласно вресна, а потоа почна да ја тресе раката.
„Извинете, колега Павиќ, дајте ми кратка пауза. Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош или нешто слично?“, прашал заменик-претседателот на Парламентот, кој во тој момент претседавал со седницата.
Орешковиќ одговорила дека сè е во ред, а се чини дека струјниот удар се случил кога се обидела да го вклучи полначот, пренесува Дневник.хр.
Регион
Oдиме на избори, рече Радев откако и третата партија го врати мандатот за состав на влада
„Алијансата за права и слободи“ (АПС) го прифати третиот мандат, но потоа го врати, што значи дека Бугарија оди на нови предвремени избори.
„Не случајно избрав да ви го врачам третиот мандат на вашата пратеничка група. АПС беше подложена на сериозен притисок“, изјави претседателот Румен Радев на почетокот од средбата.
Според шефот на државата, токму АПС најдобро ги разбирала пороците на актуелниот модел на владеење.
Хајри Садаков, претседател на пратеничката група на АПС, му се заблагодари на претседателот за довербата да им го врачи третиот мандат.
„Ние изодевме еден многу сложен пат“, нагласи Садаков, додавајќи дека АПС го слушнала гласот на луѓето од плоштадите. Тој истакна дека токму АПС први го кренале гласот против појавата што се наѕирала.
„Одиме на избори“, констатира Радев, откако и третиот мандат се покажа како неуспешен.
Европа
Јулија Тимошенко: Моите банкарски сметки се блокирани
Лидерката на партијата Татковина и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која од страна на истражителите е осомничена дека нудела мито на неколку пратеници, објави дека нејзините банкарски сметки се замрзнати.
Тимошенко го објави ова на Фејсбук, а нејзината реакција доаѓа откако беше објавено дека обвинителите ќе бараат кауција од околу еден милион евра и изрекување мерки на претпазливост. Според неа, дури тогаш дознала дека нејзините сметки се замрзнати.
„Што е надреализам? Ова е кога во отворено политички нарачан случај планирате да платите кауција со парите што сте ги добиле како компензација за политичкиот прогон на одреден кратковид „диктатор“. Но, не можете да го направите ова бидејќи вашите банкарски сметки беа блокирани дури и пред судската одлука.
Вака изгледа „антикорупциската правда“ на меѓународните измамници. Вие наивни луѓе веројатно мислите дека со такви примитивни потези ќе ме принудите да бегам или дека ќе престанам да се борам. Страшно грешите“, напиша Тимошенко на Фејсбук.
Украинските антикорупциски власти во вторник вечерта објавија дека откриле корупција поврзана со лидер на партија. Подоцна беше потврдено дека случајот се однесува на Јулија Тимошенко. Таа е осомничена за нудење нелегални бенефиции на пратеници од други партии во замена за гласање за или против одредени законски предлози.
Извори од политички кругови потврдија во среда наутро дека истражителите ѝ доставиле на Тимошенко известување за сомневање. Потоа, Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБО) објави аудио снимка во која, според истражителите, Тимошенко и неидентификуван пратеник разговараат за шема за плаќање за гласови во украинскиот парламент.
Тимошенко рече дека тоа била „голема ПР-шоу“ и „чистење на политичките конкуренти пред изборите“. Таа тврди дека истражителите „не пронашле ништо“, туку само ги заплениле нејзините „мобилни телефони, парламентарни документи и лични заштеди, кои се целосно наведени во нејзината имотна картичка“. Таа, исто така, изјави дека објавената аудио снимка „нема никаква врска“ со неа.

