Свет
Зоната околу Чернобил наскоро ќе биде отворена за туристи

Туристите наскоро ќе можат да ја посетуваат околината на нуклеарната централа Чернобил, каде во 1986 година дојде до најголемата нуклеарна катастрофа, соопштило украинското министерство за итни случаи, пренесува Бета.Според тоа соопштение т.н. зона на Чернобил ќе биде отворена следната година за тие што ќе сакаат повеќе да научат за несреќата што се случи пред 24 години.Еден од реакторите во чернобилската нуклеарна електрана експлодираше на 26 април 1986 година и предизвика ширење на нуклеарна прашина низ Европа поради што настрадаа повеќе милиони луѓе.Стотици илјади луѓе беа иселени од зоната каде што имаше радиоактивни дождови, но руски претставници сега велат дека зоната е безбедна./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Еден од основачите на „Пајрат беј“ загина во авионската несреќа во Словенија

Познатиот шведски претприемач кој е и еден од основачите на веб-страницата „Д Пајрат беј“ загина во авионска несреќа на Велика Планина во Словенија.
Авионот полета од Загреб во понеделникот за Швајцарија и се урна во Словенија, а во вторникот биле пронајдени остатоците од авионот и телото на пилотот.
Шведскиот претприемач и поранешен политичар Карл Улф Стур Лундстром, познат како еден од основачите на „Д Пајрат беј“, загина во авионска несреќа на Велика Планина, пренесува шведски „Експресен“.
Во понеделникот околу пладне, спасувачките служби откриле дека делови од авионот паднале врз куќа, јавуваат локалните медиуми.
Линдстром управувал со авионот и бил единствениот човек во него.
Тој беше познат и како претприемач и како десничарски екстремист. На изборите во 2021 година се кандидираше за партијата Алтернатива за Шведска. Во објава на платформата „Икс“, партијата напиша:
„Денеска не погодија трагични и незамисливи вести. Карл Лундстром, легенда и ветеран на шведскиот национализам, загина во авионска несреќа во понеделникот. Со својот авион „Муни М-20“ летал од Загреб до Сент Мориц во Швајцарија, но се урнал во Словенија.
Европа
Советник на Путин: Претседателот е во дилема, Русите се уморни од војна

Сергеј Марков, долгогодишен советник на рускиот претседател Владимир Путин, смета дека односот меѓу Путин и Доналд Трамп може да влијае на преговорите за прекин на огнот во Украина.
Во интервју за Би-би-си Радио 4, Марков рече дека односот меѓу Путин и новата американска администрација под Трамп е значително различен од оној со поранешниот претседател Џо Бајден.
„Бајден беше непријател, Трамп е ривал“, изјави тој.
Тој додаде дека предлогот за прекин на огнот поставува дилема за Путин, нагласувајќи дека руското општество е уморно од војна и сака мир.
Европа
Американската вселенска компанија повторно ѝ дозволи на Украина пристап до сателитски снимки

Американската воздухопловна и вселенска компанија Maxar Technologies повторно ѝ обезбеди на Украина пристап до услугата Global Enhanced GEOINT Delivery (GEGD), што уште еднаш му даде можност на Киев да користи комерцијални сателитски снимки со висока резолуција, објави денеска украинскиот медиум „Милитарњи“, повикувајќи се на корисници на услугата.
Украина се потпира на таквите снимки за одбранбено и стратешко планирање, вклучително и следење на движењата на руските сили, проценка на условите на бојното поле и следење на штетите на руската инфраструктура.
Според извори на „Милитарњи“, обновувањето на програмата значи дека Украина повторно може да пристапи до клучните сателитски разузнавачки информации за одбранбените операции.
Оваа одлука доаѓа по вчерашните разговори меѓу САД и Украина во Џеда, каде Вашингтон се согласи да ја обнови клучната воена и разузнавачка поддршка за Украина. „Милитарњи“ на 7 март објави дека Maxar го ограничил пристапот на Украина до своите сателитски снимки, повикувајќи се на неименувани корисници.
Компанијата подоцна ја потврди суспензијата во изјава за Киев Индипендент, објаснувајќи дека ограничувањата се однесуваат само на снимките достапни преку програмите на американската влада.
Директорот на ЦИА Џон Ретклиф на 5 март изјави дека САД го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина, што се толкува како притисок врз Киев да се согласи на мировни преговори со Русија.