Свет
Основачот на WikiLeaks во вторник повторно ќе биде изведен пред судот
Магистратскиот суд на лондонскиот регион Вестминстер во вторник во 14. часот по локално време ќе се состане повторно на сослушувањето за екстрадиција на основачот на фамозната „свиркачка“ интернет страница Викиликс, Џулиан Асанж во Шведска, каде што е обвинет за сексуални злосторства.
Џулиан Асанж беше уапсен на 7-ми декември, кога доброволно се јави во Скотланд Јард. На првото судско рочиште коешто се одржа истот ден беше одбиено барањето на 39-годишниот Австралиец да биде ослободен со кауција. Со тоа, според британските процедури, сослушувањата за екстрадиција треба да се одржат во рок од 21 ден.Сепак, како што покажува практиката, при вакви големи процеси и се повеќето и погласни обвинувања за политизација на самиот процес, донесувањето на конечната одлука на судот може да потрае и неколку месеци, пишуваат британските медиуми. Тие, исто така, дознаваат дека одбраната на Асанж повторно ќе бара негово ослободување со кауција.Судот во шведската престолнина Стокхолм во ноември го одобри барањето на тамошното обвинителство да се побара апсење на Асанж по обвиненијата за силување и сексуално вознемирување. На 20-ти ноември канцеларијата на шведскиот јавен обвинител до Интерпол поднесе барање да за распишување меѓународна потерница. Шведското обвинителство се реши на овој чекор бидејќи извесно време не беше познато каде престојува Асанж, иако тој не се трудеше да се сокрие и британските медиуми упорно пишуваа дека тој престојува во Лондон. Покрај тоа, неговите адвокати изјавуваа дека Скотланд Јард ги има сите контакти на нивниот клиент и дека тој е секогаш подготвен да се сретне со нив.Оттаму воопшто не беше изненадување тоа што минатиот вторник Асанж сам се пријави во полицијата. Основачот на Викиликс и неговиот адвокат Марк Стивенс изјавија дека самите сакаат да ги видат доказите против Австралиецот, за делата што тој не ги признава. Судот, сепак, не го зема предвид доброволното предавање и интересот на Асанж за соработка со правосудните органи, ја одби кауцијата и го испрати во затвор Вандсворт во југо-западен Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци кои го испрашуваа Драгијевиќ
Смртта на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) со недели е во фокусот на јавноста бидејќи обдукцијата покажала дека тој починал од насилна смрт додека бил во полициски притвор. Целиот случај со насилна смрт го истражува Секторот за внатрешна контрола (СУК), кој, според неофицијалните информации побарал суспензија на тројцата полицајци кои кобниот ден го испрашувале Драгијевиќ во станица.
Откако на 1 мај Одделот за внатрешна контрола изврши увид во полицијата во Бор, а со цел да се утврдат околностите под кои почина Драгијевиќ на 7 април, надлежните од СУК и предложија на надлежната организациска единица на Управата на полицијата да се спроведе дисциплинска постапка поведена против тројца членови на Одделението за криминалистички истраги на ЈУ Бор – Д.Б, И.С и Д.П, како и да донесе решение за времено отстранување од служба.
Според неофицијалните информации Далибор Драгијевиќ бил малтретиран од полицијата од моментот кога бил приведен поради сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на Данка.
Во текот на денот бил претепан од одредени припадници на полицијата, додека го носеле на различни локации за да им покаже каде е телото на двегодишното девојче, за што тврдел дека не знае.
Свет
Зеленски го разреши главниот телохранител по обидот за атентат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти шефот на агенцијата одговорна за неговата заштита. Промената дојде откако двајца службеници на агенцијата беа приведени за планирање на атентатот на Зеленски.
Разрешувањето на шефот на Државната стражарска служба (УДО) Серхиј Руд е објавено со указ на претседателската веб-страница. Причината за отказот не беше наведена. Руд беше назначен за главен телохранител на Зеленски во октомври 2019 година. Се уште не е објавено кој ќе го замени.
Двајца полковници обвинети за предавство
Задачата на УДО е да обезбеди безбедност на украинскиот претседател и високи владини претставници, како и заштита на административните згради.
Претходно оваа недела беше објавено дека се уапсени двајца безбедносни службеници кои наводно биле вклучени во руски заговор за атентат врз Зеленски. Двајца полковници на УДО се обвинети за „субверзивни активности против Украина во замена за финансиска компензација“, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител.
Двајцата беа обвинети за предавство, додека еден беше обвинет за подготовка на терористички акт.
Свет
Државната дума на Русија го именуваше Михаил Мишустин за премиер
Државната дума на Русија на пленарниот состанок усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер.
За овој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, додека ниту еден од пратениците не гласаше против, пренесува РИА Новости.
Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување.