Контакт

Свет

Лондонскиот суд го ослободи Асанж

Објавено пред

Лондонскиот суд реши да го ослободи основачот на фамозната „свиркачка“ итнернет страница WikiLeaks Џулијан Асанж со кауција, но и под одредени услови, јави BBC

dobivaj vesti na viber

Џулиан Асанж е обвинет за сексуално насилство врз две жени во Шведска и се бори против негова екстрадиција од Велика Британија.  Минатата седмица судот го одби барањето на Асанж тој да биде пуштен на слобода.Како што беше најавено, одбраната на Асанж повторно побара негово ослободување со кауција.Во моментот кога се носеше денешната одлука, пред зградата на судот во Лондон беа собрани стотици поддржувачи на Асанж. Асанж беше уапсен на 7-ми декември, кога доброволно се јави во Скотланд Јард. На првото судско рочиште коешто се одржа истот ден беше одбиено барањето на 39-годишниот Австралиец да биде ослободен со кауција. Со тоа, според британските процедури, сослушувањата за екстрадиција треба да се одржат во рок од 21 ден.Сепак, како што покажува практиката, при вакви големи процеси и се повеќето и погласни обвинувања за политизација на самиот процес, донесувањето на конечната одлука на судот може да потрае и неколку месеци. Судот во шведската престолнина Стокхолм во ноември го одобри барањето на тамошното обвинителство да се побара апсење на Асанж по обвиненијата за силување и сексуално вознемирување. На 20-ти ноември канцеларијата на шведскиот јавен обвинител до Интерпол поднесе барање да за распишување меѓународна потерница. Шведското обвинителство се реши на овој чекор бидејќи извесно време не беше познато каде престојува Асанж, иако тој не се трудеше да се сокрие и британските медиуми упорно пишуваа дека тој престојува во Лондон. Покрај тоа, неговите адвокати изјавуваа дека Скотланд Јард ги има сите контакти на нивниот клиент и дека тој е секогаш подготвен да се сретне со нив.Оттаму воопшто не беше изненадување тоа што минатиот вторник Асанж сам се пријави во полицијата. Основачот на Викиликс и неговиот адвокат Марк Стивенс изјавија дека самите сакаат да ги видат доказите против Австралиецот, за делата што тој не ги признава. Судот, сепак, не го зема предвид доброволното предавање и интересот на Асанж за соработка со правосудните органи, ја одби кауцијата и го испрати во затвор Вандсворт во југо-западен Лондон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Објавено пред

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.

dobivaj vesti na viber

Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз изјави дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.

Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред очекуваната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва утре, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.

Прикажи повеќе...

Свет

Започнаа клучните сослушувања за Луиџи Манџионе, обвинет за убиството на моќен директор во Њујорк

Објавено пред

Луиџи Манџионе, човекот обвинет за убиство на директорот на „UnitedHealthcare“, Брајан Томпсон, пред хотел на Менхетен, се појави денес на суд, со што започна серијата клучни рочишта.

dobivaj vesti na viber

Ројтерс објавува дека рочиштата ќе одлучат за прифатливоста на клучните докази во неговото претстојно судење за убиство.

27-годишниот Манџионе беше уапсен во декември минатата година под обвинение дека го застрелал Томпсон сред бел ден на тротоар во Менхетен.

Шокантното убиство беше осудено од многу службени лица, но Манџионе стана еден вид народен херој меѓу Американците фрустрирани од високата цена на здравствената заштита.

Тој се изјасни за невин по сите обвиненија, а неговото судење се очекува да започне следната година. Тој, исто така, се изјасни за невин во посебен федерален случај, во кој обвинителите планираат да бараат смртна казна.

За време на денешното рочиште, Манџионе, облечен во сиво одело и бела кошула, не проговори ниту збор додека судските службеници му ги вадеа лисиците. Неколку негови поддржувачи се собраа пред судницата. Меѓу нив беше и маж облечен како негативец од видео играта Супер Марио Брос, кој носеше транспарент на кој пишуваше: „Кога пациентите умираат, профитот расте“. Присутна беше и жена со лента на која пишуваше: „Ослободете го Луиџи“.

Тој се соочува со доживотен затвор
Доколку биде осуден за убиство од втор степен, дефинирано како намерно убиство, Манџионе се соочува со доживотен затвор. Тој се соочува и со седум обвиненија за нелегално поседување оружје и едно обвинение за поседување лажни документи.

Судијата Грегори Каро отфрли две обвиненија за тероризам во септември, велејќи дека обвинителите не доставиле доволно докази дека Манџионе имал намера да ги заплаши вработените во здравственото осигурување или да влијае на владината политика. Датумите на судењата сè уште не се закажани ниту во државните ниту во федералните случаи. Манџионе е во федерален притвор во Бруклин од неговото апсење.

Прикажи повеќе...

Свет

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Објавено пред

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп било превентивно по природа и покажало дека претседателот е во одлична кардиоваскуларна здравствена состојба.

dobivaj vesti na viber

На брифингот за медиумите во Белата куќа, Ливит рече дека мажите на возраст како Трамп имаат корист од ваквите прегледи.

„Кардиоваскуларните снимки на претседателот Трамп покажаа сосема нормална слика, без докази за стеснување на артериите, слаб проток на крв или абнормалности во срцето или главните крвни садови“, рече Ливит за 79-годишниот претседател.

„Срцевите комори се со нормална големина. Ѕидовите на крвните садови изгледаат мазни и здрави и нема докази за воспаление или згрутчување. Генерално, неговиот кардиоваскуларен систем е во одлична здравствена состојба. Абдоминалните снимки се исто така сосема нормални“, рече Ливит.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 часа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет5 часа

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп било превентивно по...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија9 часа

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија12 часа

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија16 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија17 часа

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија18 часа

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија18 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет18 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет19 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет19 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет20 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија2 дена

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија2 дена

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија2 дена

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија3 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија3 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...