Свет
Асанж мора да собере 200 илјади фунти во кеш
Основачот на Викилис ќе остане во притвор уште најмалку 48 часа, а неговите адвокати за тоа време треба да најдат 200 илјади фунти во готовина за кауција, бидејќи судот не прима чекови, изјави Марк Стивенс, адвокатот на Џулиан Асанж
Како што пренесовме претходно, во вторникот, судијата суд на судот во Вестминстер (лондонски регион) го солободи Џулиан Асанж со кауција од 240 илјади фунти, по повторените барања на неговите адвокати. Основачот на контроверзната итнерет страница WikiLeaks којашто континуирано објавува стотици илјади страници тајни документи за војните во Ирак и Авганистан, како и тајните дипломатски преписки на Стејт департментот и американските дипломати низ светот, беше уапсен врз основа на потерницата на Интерпол издадени по барање на шведското обвинителство коешто бара негова екстрадиција во Шведска, каде што Асанж е обвинет за силување и сексуално малтретирање. Асанж мора да го предаде на судот својот пасош, да носи електронси чип преку којшто ќе се следи неговото движење во секој момент, да ја одреди адресата на којашто ќе биде достапен во секое време (веќе е посочена адреса во округот Сафолк) и секоја вечер да се пријавува во локалната полициска станица. Асанж мора да плати уште 200 илјади фунти во готовина веднаш, а 40 илјади фунти да остави како гаранција ако ги прекршува условите за ослободување. „Жално е што тој не може да плати со неговите картички Виза и Мастеркард“, иронично изјавил адвокатот Марк Стивенс. Инаку, меѓународните платежни системи по избивањето на скандалот со Wikileaks ги суспендираа трансферите на корисникот на донациите оваа итнернет страница. Така што Асанж нема да може да излезе од притвор најрано до четврток. Според Стивенс, поддржувачите на Асанж веднаш започнале акција за собирање на сумата потребна за плаќање кауција а досега парична помош за Австралиецот ветиле неколку познати јавни личности – режисери, активисти за човековите права и новинари, чиишто имиња засега не се откриваат. Стивенс го изрази своето задоволство од одлуката на судот, иако призна дека, според него, процесот може да се води многу години. Тој додаде дека неговиот клиент се чуствува добро, но дека во 24-часовниот притвор му е забрането да чита и не му се обезбедува пристап до неговата електронска пошта. Асанж беше уапсен на 7-ми декември, кога доброволно се јави во Скотланд Јард. На првото судско рочиште коешто се одржа истот ден беше одбиено барањето на 39-годишниот Австралиец да биде ослободен со кауција. Со тоа, според британските процедури, сослушувањата за екстрадиција треба да се одржат во рок од 21 ден.Сепак, како што покажува практиката, при вакви големи процеси и се повеќето и погласни обвинувања за политизација на самиот процес, донесувањето на конечната одлука на судот може да потрае и неколку месеци. Судот во шведската престолнина Стокхолм во ноември го одобри барањето на тамошното обвинителство да се побара апсење на Асанж по обвиненијата за силување и сексуално вознемирување. На 20-ти ноември канцеларијата на шведскиот јавен обвинител до Интерпол поднесе барање да за распишување меѓународна потерница.По ослободувањето Асанж ќе живее во регионот на Сафолк, во куќата којашто му ја отстапил основачот на познатиот лондонски новинарски клуб Frontline Club. Основачот на клубот Вон Смит изјави дека е подготвен да му обезбеди постојано престојувалиште на Асанж, што е дел од условите под кои е ослободен со кауција, и тој веднаш му ја понуди својата родна куќа, каде што, како што изјави за медумите, „има многу простор и каде што тој (Асанж) ќе биде на сигурно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тајланд и Камбоџа најавија нови преговори за прекин на огнот
Тајланд и Камбоџа најавија нови преговори за прекин на огнот, откако смртоносните погранични судири влегоа во третата недела. Средбата на официјални претставници е најавена за следната недела, со цел да се постигне траен прекин на борбите, пренесе „Би-Би-Си“.
Според тајландскиот министер за надворешни работи, Сихасак Фуангкеткеов, претходното примирје од јули било „избрзано“, бидејќи САД инсистирале договорот да биде потпишан пред посетата на тогашниот американски претседател Доналд Трамп. Тој најави дека воените претставници на двете земји ќе се сретнат на 24 декември, пред евентуален нов договор. Камбоџа засега не се огласи.
Во обновените борби, кои вклучуваат артилериски напади и воздушни удари долж границата долга околу 800 километри, загинале најмалку 41 лице, а околу 900.000 луѓе биле раселени од двете страни на границата.
Ескалацијата предизвика загриженост и во регионот, при што на состанок на АСЕАН беше повикано на итно смирување на состојбата. Во посредувањето се вклучени и САД и Кина.
Судирите меѓу Тајланд и Камбоџа траат повеќе од еден век, а последното примирје, постигнато по посредство на Малезија и САД, се распадна на почетокот на декември, по што двете страни меѓусебно се обвинија за ново разгорување на борбите.
Свет
Кремљ: Путин не сака да ја освои цела Украина и да го обнови Советскиот Сојуз
Кремљ соопшти дека американските разузнавачки агенции грешат ако веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја преземе цела Украина и делови од Европа што некогаш беа дел од поранешниот Советски Сојуз.
„Ројтерс“ минатата недела објави, повикувајќи се на шест неименувани извори, дека извештаите на американските разузнавачки агенции продолжуваат да предупредуваат дека Путин не се откажал од својата цел да ја освои цела Украина и да ги преземе деловите од Европа што некогаш беа дел од поранешниот советски блок.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека Москва не знае колку се веродостојни изворите што ги цитира „Ројтерс“.
„Ако извештајот е точен, тогаш заклучоците на американските разузнавачки агенции се погрешни. Тоа апсолутно не е вистина“, рече Песков за заклучоците на разузнавачките агенции.
Путин испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година, а руските сили сега контролираат речиси една петтина од земјата. Некои европски и украински лидери го обвинија Путин дека има амбиции надвор од Украина.
Рускиот претседател никогаш јавно не изјавил дека сака да ја освои цела Украина, но постојано повторува дека руските сили ќе заземат поголем дел од Украина ако Киев не се согласи да го отстапи преостанатиот дел од Донбас во источна Украина, кој сè уште е под украинска контрола.
Москва го гледа проширувањето на НАТО кон исток, кое сега ги вклучува земјите од Источна Европа, кои беа дел од советскиот блок по Втората светска војна, како закана за Русија.
Путин изјави дека не сака да го обнови Советскиот Сојуз или да нападне членка на НАТО. Овој месец тој рече дека Русија не сака војна со Европа, но дека ако Европа почне војна, Русија ќе биде подготвена.
Свет
„Од Украина до Молдавија, од Западен Балкан до Турција“: кои се приоритетите на претседавањето на Кипар со Европската Унија
Кипарскиот претседател Никос Христодулидис вчера во Лефкара ги претстави програмата и приоритетите на претседавањето на земјата со ЕУ од 1 јануари, како и логото и мотото на претседавањето.
Приоритетите на кипарското претседавање ќе бидат автономија преку безбедност, одбранбена подготвеност и спремност, автономија преку конкурентност, автономност и отвореност кон светот, автономна Унија на вредности, која никого не остава на страна, како и долгорочен буџет на автономна Унија.
Во согласност со овие приоритети, мотото на кипарското претседавање „Автономна Унија. Отворена кон светот“, како што се наведува на официјалната веб-страница на кипарското претседавање со ЕУ, го одразува визионерскиот пристап, кој ги комбинира внатрешната сила и независноста со отвореност, соработка и глобален ангажман.
Во рамките на третиот приоритет – автономна и кон светот отворена Унија – се нагласува дека проширувањето на ЕУ е во центарот на овој процес, пренесе агенцијата „Бета“.
„Од Украина до Молдавија, од Западен Балкан до Турција, проширувањето е најмоќното геополитичко средство на ЕУ. Во суштина, станува збор за проширување на нејзиниот витален простор на безбедност, стабилност и можности“, се наведува.
Претставувајќи ги приоритетите, Христодулидис изјави дека Европа и во минатото се соочувала со сложени, па дури и егзистенцијални кризи и дека морала да одговори преку развој додавајќи дека новина денес се интензитетот, плурализмот и комплексноста на предизвиците.
„Автономијата е следниот чекор во еволуцијата на проектот на европската интеграција. Потребна ни е Европа без поделби“, истакна кипарскиот претседател.
За време на своето второ претседавање со ЕУ, Кипар, како што е најавено, ќе дејствува како одговорен и чесен посредник и ќе соработува тесно со Европскиот парламент и Европската комисија, со цел предизвиците да се претворат во можности и да се обезбеди амбициите да бидат проследени со конкретни активности и опипливи резултати.
Со кипарското претседавање ќе заврши осумнаесетмесечниот програма на триото претседавања на Полска, Данска и Кипар.
На крајот на јуни в година Кипар ќе ѝ го предаде ротирачкото шестмесечно претседавање со Советот на Европската Унија на Ирска.
Фото: depositphotos

