Свет
Последен рок за Шведска да се жали на условната слобода на Асанж

Шведските власти треба најдоцна до денеска да ја поднесат жалбата до Вишиот суд во Лондон, со која се оспорува пуштањето на условна слобода на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.Шведските власти најавија дека ќе се жалат на одлуката на судот во Лондон да го пушти Асанж на условна слобода со кауција од 200.000 фунти. Британскиот Виш суд сега треба да ја разгледа шведската жалба.Асанж беше уапсен на 7. декември во Лондон врз основа на меѓународната потерница издадена на барање на Шведска, која го обвинува за сексуално насилство врз две жени и бара негова екстрадиција.Асанж од тогаш е во притвор. Тој ги негираше сите обвиненија, а неговите адвокати најавија борба против шведското барање за екстрадиција.Неговиот сајт Викиликс од 28. ноември објавува илјадници американски дипломатски депеши, што предизвика критики од САД и нивните сојузници. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шолц повика на континуирана поддршка за Украина

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска повика на континуирана, постојана поддршка за Украина.
„Сè додека не се заклучи мирот, Европа и САД мора да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста во Берлин, според Тагесшау.
Според него, прекинот на огнот дава можност да се истражат начини за постигнување на подолгорочен мир, кој, како што рече, би можел да вклучи дополнителни чекори како размена на затвореници или враќање на киднапираните Украинци.
Свет
Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов, Украинците се повлекуваат од Курск

Доналд Трамп, кој е домаќин на ирскиот премиер во Белата куќа, ја искористи можноста да коментира за клучните меѓународни прашања пред светските медиуми.
Тој рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ по вчерашните разговори за прекин на огнот со Украина во Саудиска Арабија.
„Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“.
„Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“, рече тој и додаде дека Украинците се повлекуваат од Курск.
Свет
Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски.
„Нема да признаеме ниту една територија окупирана од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи… Значи, никој нема да го заборави ова. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите главни црвени линии“, рече Зеленски на прес-конференција.
Тој истакна дека државата нема да дозволи никој да го заборави ова злосторство против Украина. Украинскиот лидер нагласи дека доколку Русија ги отфрли предлозите изнесени за време на средбата на украинската и американската делегација во Џеда, Киев смета на силни американски чекори за притисок врз Русија.
„Колку што разбрав, можеме да сметаме на силни чекори од САД кон руската страна. Се уште не ги знам деталите, но зборуваме за санкции и зајакнување на Украина“, рече Зеленски.