Свет
Зимата завладеа во Германија – училиштата останаа затворени
Во Германија денеска поради ниските температури што ја окова земјата од Алпите до Балтичко море, голем број на училишта особено во северниот и североисточниот дел на земјата останаа затворени, а метеоролозите најавуваат нови снежни врнежи и предупредуваат за внимателност на патиштата.„Зимата ни останува верна“, рекол метеорологот Питер Хартман од Сојузната метеоролошка служба.Зимата ги „заклучи“ училиштата во Хамбург, Долна Саксонија, Саксонија и други провинции, а медиумите информираат дека мал број деца, кои сепак, дошле на училиште, биле згрижени.Метеоролозите и зимските служби апелираат да се патува само по потреба, а хуманитарните организации потсетуваат на тешкиот живот на бездомниците, за кои се бара сместување, за да не се повтори минатата зима, кога на улиците на Германија замрзнаа најмалку 17 лица.Кога станува збор за бездомниците, статистиката покажува дека околу 20 илјади луѓе живеат на улица и дека тој број расте. Се проценува дека меѓу 83 милионската нација, 255 илјади луѓе немаат дом./крај/блиц/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Секој осми млад Германец не слушнал за Холокаустот, анкетирани и млади лица во Европа и САД – податоците неочекувани
Еден од осум млади Германци никогаш не слушнале за Холокаустот, термин за систематско убивање Евреи за време на нацистичката ера, покажува истражувањето.
Во истражувањето, во кое беа опфатени млади луѓе на возраст меѓу 18 и 29 години, 12 отсто од испитаниците рекле дека никогаш не слушнале за терминот.
Тој удел е уште поголем во Австрија, 14 отсто, Романија 15 отсто и во Франција неверојатни 46 отсто, пренесува „ДПА“.
Истражувањето е нарачано од Конференцијата за еврејски барања за компензација, во време на подемот на екстремната десница во Европа.
Околу 1.000 млади луѓе беа анкетирани во Германија, Франција, Австрија, ОК, Полска, Унгарија, Романија и САД. Во сите овие земји, значителен дел од испитаниците не знаеле дека за време на нацистичката ера биле убиени околу шест милиони Евреи, а во Германија тоа било дури две петтини.
Во Германија два отсто од испитаниците се согласиле дека холокаустот воопшто не се случил.
Големо мнозинство во речиси сите земји испитани процениле дека нешто како Холокаустот може да се случи денес: 76 отсто во САД, 69 отсто во Британија, 63 отсто во Франција, 62 отсто во Германија и 61 отсто во Австрија.
Централниот совет на Евреите во Германија со тревога реагираше на резултатите од истражувањето.
„Загрижувачкиот пораст на антисемитското вербално и физичко насилство што го гледаме во Германија е главно вкоренет во дезинформации и недостаток на податоци за холокаустот“, рече претседателот на Советот Јозеф Шустер.
Регион
Лајчак: Го ценам конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ што се води во Давос
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека го цени конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан што се одржува на Светскиот економски форум во Давос.
„Дискусија за ЕУ иднината на нашите соседи за која вреди да станеме рано. Ја ценам конструктивната дискусија за проширувањето на ЕУ на традиционалниот Светски економски форум во Давос“, објави Лајчак на мрежата „Икс“, зборувајќи за дипломатскиот дијалог за Западен Балкан.
Свет
Унгарија има план доколку гасоводот „Турски тек“ стане нефункционален
Унгарската влада има подготвено план за вонредни ситуации доколку гасоводот „Турски тек“ стане нефункционален, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергели Гуљас.
Тој нагласи дека испораката на гас за Унгарија ќе биде обезбедена, но додаде дека најверојатно тоа ќе чини многу повеќе, пренесе „ТАСС“.
Гуљас потврди дека има акциски планови за кризни ситуации откако неодамна беше загрозен Турскиот тек.
Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан не навлегува во детали за планот.