Свет
Лидерите на ЕУ договорија измени на Лисабонскиот договор
Лидерите на Европската унија(ЕУ) вечерва во Брисел се договорија да го изменат Лисабонскиот договор за да се овозможи формирање на фонд за помош на земјите од еврозоната во случај да се во тешка економска криза.
„Постигнат е договор за промена на Лисабонскиот договор“, изјави анонимен извор близок до Унијата, пренесува агенцијата Франс прес.
ЕУ сака во договорот да вметне мерка која експлицитно овозможува на земјите од еврозоната да воспостават механизам за меѓусебна финансиска помош.
Германија побара правна гаранција. Берлин стравува дека Уставниот суд би можел да ги спречи во тоа, бидејќи сегашниот Лисабонски договор не им дозволува на земјите од еврозоната партнерите финансиски да си помагаат.
Министрите за финансии на ЕУ сега треба да разработат механизам за помош, што би требало да стапи на сила во 2013. година.
Лисабонскиот договор стапи на сила пред една година. /крај/афп/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Лајчак: Го ценам конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ што се води во Давос
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека го цени конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан што се одржува на Светскиот економски форум во Давос.
„Дискусија за ЕУ иднината на нашите соседи за која вреди да станеме рано. Ја ценам конструктивната дискусија за проширувањето на ЕУ на традиционалниот Светски економски форум во Давос“, објави Лајчак на мрежата „Икс“, зборувајќи за дипломатскиот дијалог за Западен Балкан.
Свет
Унгарија има план доколку гасоводот „Турски тек“ стане нефункционален
Унгарската влада има подготвено план за вонредни ситуации доколку гасоводот „Турски тек“ стане нефункционален, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергели Гуљас.
Тој нагласи дека испораката на гас за Унгарија ќе биде обезбедена, но додаде дека најверојатно тоа ќе чини многу повеќе, пренесе „ТАСС“.
Гуљас потврди дека има акциски планови за кризни ситуации откако неодамна беше загрозен Турскиот тек.
Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан не навлегува во детали за планот.
Свет
Трамп: Зеленски е подготвен да преговара со Русија за ставање крај на војната
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да преговара за договор со Русија за ставање крај на војната.
„Тој е подготвен да преговара за договор“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, додавајќи: „Тој е некој кој изгубил многу војници, како и Русија.
Американскиот претседател ja најави можноста за средба со рускиот лидер Владимир Путин, кој, како што рече, веќе изразил желба за таква средба.
Тој додаде дека Кина има „голема моќ над Русија“.
Тврдењата на Трамп дојдоа еден ден откако тој ја повика Русија да постигне решение за завршување на војната и се закани дека ќе воведе даноци, тарифи и санкции доколку не се постигне договор. Кремљ објави дека Русија внимателно ја следи реториката на Вашингтон и останува подготвена за дијалог меѓу Трамп и Путин, како и во првиот мандат на Трамп.