Свет
ЕУ постигна согласност за формирање на фонд за спасување на еврото

Лидерите на ЕУ постигнаа согласност за формирање постојан фонд за спасување на државите членки, чии должнички проблеми би можеле да го загрозат опстанокот на еврозоната. Овој механизам за обезбедување на стабилноста на еврозоната ќе бара измена на Спогодбата од Лисабон, но дипломатите тврдат дека согласноста за неговото воведување конечно е постигната. Според зборовите на претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј, европските лидери биле подготвени да направат се што е потребно за да се заштити заедничката валута. На вчерашниот состанок во Брисел, 27 -те лидери се сложиле до 2013 година да се воведе траен механизам, што ќе го замени досегашниот привремен фонд за спасување на еврозоната од 750 милијарди евра – Европскиот механизам за финансиска стабилност. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо постигнувањето на оваа одлука го карактеризира како “голем ден за Европа“, која сега треба да покаже дека згрешија сите кои “предвидувале напуштање на заедничката валута“. Според европските официјални претставници, измените во Спогодбата од Лисабон можат да бидат усвоени со едноставна процедура, со што ќе се избегнат макотрпните преговори и референдуми што со години ги следеа преговорите преку кои се постигна оваа Спогодба. /крај/бл/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Повторно одложено враќањето на астронаутите заглавени во вселената

Мисијата за враќање на двајца американски астронаути кои беа оставени во вселената повторно е одложена, соопшти американската вселенска агенција НАСА. Двајца членови на екипажот на „Старлајнер“, Бери Вилмор и Сунита Вилијамс, се на Меѓународната вселенска станица (ISS) од јуни, иако требаше да останат само една недела.
НАСА и Спејс Икс го откажаа обидот да го лансираат Crew Dragon 10 на ISS поради технички проблем во последен момент.
Екипаж 10, вклучувајќи ги астронаутите на НАСА, Ен Меклејн и Никол Ајерс, астронаутот на Јапонската агенција за воздушно-вселенско истражување, Такуја Ониши и космонаутот на Роскосмос, Кирил Песков, ќе го заменат екипажот 9 кога ќе пристигнат на ISS.
НАСА соопшти дека екипажот 9, со астронаутите на НАСА Ник Хејг, Вилијамс и Вилмор, заедно со космонаутот на Роскосмос Александар Горбунов, ќе ја напушти вселенската станица не порано од 17 март, во зависност од временските услови на брегот на Флорида.
Вилијамс и Вилмор пристигнаа на ISS на почетокот на јуни на првиот пробен лет на вселенското летало на Боинг, „Старлајнер“. Тие требаше да останат на ISS само една недела, но бројните технички проблеми со леталото ги оставија таму.
„Старлајнер“ е вселенско летало делумно за повеќекратна употреба кое се состои од капсула на екипажот висока три метри и сервисен модул. За разлика од возилото Crew Dragon изградено од Спејс Икс на Илон Маск, „Старлајнер“ не слетува на вода туку на суво.
Свет
Елина Валтонен: Финска ќе биде дел од коалицијата да и пружи помош на Украина

Финска дефинитивно ќе биде дел од секоја коалиција што може да помогне во поддршката на безбедноста на Украина, изјави денеска финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен за британскиот Радио Тајмс.
„Дефинитивно сме дел од коалицијата на подготвените и го разгледуваме збирот ресурси и способности што треба да ги донесеме на маса за да и помогнеме на Украина да ја обезбеди својата безбедност“, рече таа, според Ројтерс.
Како што истакна таа, мора да се обезбеди и остатокот од Европа.
Свет
Брисел: Почестени сме од желбата на Канаѓаните да влезат во ЕУ, но тоа не е остварливо

Брисел е почестен од резултатите од истражувањето кое покажа интерес на Канаѓаните за влез во Европската унија, изјави денеска Пола Пињо, портпарол на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но нагласи дека идејата не е остварлива.
Истражувањето, спроведено на крајот на февруари од истражувачката компанија „Абакус Дата“, покажа дека 44 отсто од канадските испитаници веруваат дека нивната земја треба да се приклучи на ЕУ, додека само 34 отсто се против идејата, објави Политико.
Прашањето за општа поддршка за пристапување во европскиот блок наиде на одобрување од 46 отсто од испитаниците.