Свет
Откажани стотици летови поради снегот

На германските аеродроми се откажани стотици летови заради меќавата која во многу региони трае веќе 24 часа, а до тешки пореметувања дошло и во патниот сообраќај
Само во Франкфурт беа откажани 200 летови. Поради сличната ситуација минатата вечер, многубројни патници, кои не се од тој град и околината, биле принудени ноќта да ја поминат на полски кревети во транзитниот простор на аеродромската зграда.На аеродромот Тегел во Берлин откажани се дури една третина од сите летови планирани за денес, како и внатрешните така и меѓународните. Слична е ситуацијата и на аеродромите во Дизелдорф, Хамбург и Минхен.Исто така, минатата ноќ дошло и до пореметувања и на патниот сообраќај. Во Хесен за кратко време паднало повеќе од 20 см нов снег, па на патиштата останаа „заробени“ и возилата за расчистување.Полицијата, утринава ги извести медиумите дека морала да буди многумина заспани возачи,кои минатата ноќ ја поминале на завеаните автопатиштата.Метеоролозите предвидуваат за денес попладне крај на врнежите во западниот и источниот дел на земјата, но затоа се очекуваат нови снежни виулици, силен ветер и ниски температури во јужниот дел на Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пленковиќ: Американските царини не би требало да имаат значително влијание врз Хрватска

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави денеска дека американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија не треба значително да влијаат на Хрватска и дека во овој момент овој потег „не е толку загрижувачки“ за трговските односи меѓу Хрватска и САД.
Тој додаде дека „подетално треба да се анализира поврзаноста на бројни хрватски компании со поголеми европски компании, кои многу повеќе извезуваат во Европската унија и врз чии економии ќе имаат поголемо влијание овие мерки.
„Во овој момент, овој потег не е толку загрижувачки за трговските односи меѓу Хрватска и САД, но секако, треба да бидеме внимателни со сите сектори, Хрватската стопанска комора, стопанството, да внимаваме што се случува и евентуално да ја прилагодиме ориентацијата на овие компании на други извозни пазари или на домашните пазари“, рече Пленковиќ.
Свет
Шолц повика на континуирана поддршка за Украина

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска повика на континуирана, постојана поддршка за Украина.
„Сè додека не се заклучи мирот, Европа и САД мора да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста во Берлин, според Тагесшау.
Според него, прекинот на огнот дава можност да се истражат начини за постигнување на подолгорочен мир, кој, како што рече, би можел да вклучи дополнителни чекори како размена на затвореници или враќање на киднапираните Украинци.
Свет
Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов, Украинците се повлекуваат од Курск

Доналд Трамп, кој е домаќин на ирскиот премиер во Белата куќа, ја искористи можноста да коментира за клучните меѓународни прашања пред светските медиуми.
Тој рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ по вчерашните разговори за прекин на огнот со Украина во Саудиска Арабија.
„Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“.
„Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“, рече тој и додаде дека Украинците се повлекуваат од Курск.