Свет
Берлускони: Избори на крајот на мандатот на владата во 2013 година

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изјави денеска дека е сигурен како неговата влада ќе издржи цел мандат до 2013 година, демантирајќи ги наводите дека вонредни избори би можело да одржат следната година.Берлускони на новинарите во Брисел, по самитот на ЕУ, рекол дека е сигурен дека има доволен број пратеници кои ја поддржуваат неговата влада. Премиерот на Италија ги негирал обвинувањата од опозицијата дека неговата коалиција купувала пратеници заради опстанокот на владата, велејќи дека никому не му е понудена работа во владата ниту пак некоја награда.Владата на Берлускони пред три дена да доби довербата од Сенатот и Долниот дом на парламентот, откако за владата гласаа 314 пратеници за смена 311, додека двајца беа воздржани.Тројца пратеници од партијата на Џанфранко Фини, кои ја покренаа иницијативата за смена на владата, не гласаа за изгласување недоверна на Кабинетот на Берлускони./крај/бл/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шолц повика на континуирана поддршка за Украина

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска повика на континуирана, постојана поддршка за Украина.
„Сè додека не се заклучи мирот, Европа и САД мора да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста во Берлин, според Тагесшау.
Според него, прекинот на огнот дава можност да се истражат начини за постигнување на подолгорочен мир, кој, како што рече, би можел да вклучи дополнителни чекори како размена на затвореници или враќање на киднапираните Украинци.
Свет
Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов, Украинците се повлекуваат од Курск

Доналд Трамп, кој е домаќин на ирскиот премиер во Белата куќа, ја искористи можноста да коментира за клучните меѓународни прашања пред светските медиуми.
Тој рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ по вчерашните разговори за прекин на огнот со Украина во Саудиска Арабија.
„Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“.
„Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“, рече тој и додаде дека Украинците се повлекуваат од Курск.
Свет
Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски.
„Нема да признаеме ниту една територија окупирана од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи… Значи, никој нема да го заборави ова. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите главни црвени линии“, рече Зеленски на прес-конференција.
Тој истакна дека државата нема да дозволи никој да го заборави ова злосторство против Украина. Украинскиот лидер нагласи дека доколку Русија ги отфрли предлозите изнесени за време на средбата на украинската и американската делегација во Џеда, Киев смета на силни американски чекори за притисок врз Русија.
„Колку што разбрав, можеме да сметаме на силни чекори од САД кон руската страна. Се уште не ги знам деталите, но зборуваме за санкции и зајакнување на Украина“, рече Зеленски.