Свет
Саркози го повика Гбагбо да ја предаде функцијата

Францускиот претседател, Никола Саркози денеска изјави дека Лоран Гбагбо, кој тврди дека победил на неодамна одржаните избори во Брегот на Слоновата коска, треба власта да ја предаде до крајот на неделава, или во спротивно ќе се соочи со меѓународни санкции. На крајот од самитот на ЕУ во Брисел, Саркози рекол дека земјите членки на Унијата се едногласни во ставот дека Гбагбо треба да ја напушти претседателската функција. Според него доколку тоа не се случи, тој ќе се соочи со меѓународни санкции и можноста да биде обвинет пред меѓународниот суд, пренесуваат светските агенции. Саркози вели дека, Гбагбо е одговорен што една од најстабилните африкански држави се претворила во земја каде што подржувачите на претседателот по улиците убиваат недолжни луѓе. Гбагбо и лидерот на опозицијата Аласан Уатара тврдат дека победиле на изборите кои се одржаа на 28 ноември, и двајцата ја положија претседателската заклетва. Гбагбо одбива да ја предаде функцијата и покрај тоа што мисијата на Обединетите нации објави дека Уатара победил со предност од најмалку 10 проценти. Гбагбо не ја предава функцијата, а во тоа го подржува и Уставниот суд. Уатара има подршка од ОН, Франција, САД, ЕУ и Африканската унија. Во вчерашните насилства во Абиџан помеѓу приврзаниците на двајцата претседатели загинаа три лица. крај/ро/ н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Mерц: Русија ги загрози човечките животи во земја-членка на НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го осуди нарушувањето на полскиот воздушен простор со борбени беспилотни летала и ја осуди Русија за провокации.
„Русија се закани со човечки животи во земја која е членка на Европската Унија и НАТО“, објави Фридрих Мерц.
Канцеларот изјави дека денешната „неодговорна акција“ е уште една во долгата низа провокации во балтичкиот регион и источното крило на НАТО.
„Германија остро ја осудува оваа агресивна руска акција“, се вели во соопштението за медиумите.
Мерц верува дека е добро што Полска и партнерите од НАТО брзо ја забележаа, реагираа и ја отстранија опасноста.
„НАТО е и останува подготвен да се брани“, заклучи Мерц.
Пред тоа, германскиот министер за одбрана Борис Писториус објасни во Бундестагот дека нема причина да се верува дека станува збор за грешка во управувањето со беспилотните летала.
Свет
Германскиoт министер за одбрана: Упадот на руски беспилотни летала во Полска не е грешка

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека руските беспилотни летала што влегле во полскиот воздушен простор биле „јасно насочени на тој начин“.
Писториус ја отфрла можноста за случајна грешка.
Одговарајќи на прашања од пратениците во Бундестагот во Берлин, Писториус рече: „Нема причина да се сомневаме дека станува збор за корекција на курсот, грешка или нешто слично“.
Тој нагласи дека ова покажува како тие се „постојано изложени на закани од провокации“ од руските сили – во Балтикот од морето, а за Централна Европа преку „хибридни напади“ или летови како овие дронови.
Свет
Поплави на Бали, најмалку девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали оваа недела убија најмалку девет лица, ги блокираа главните патишта во главниот град и го нарушија животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица.
Силните дождови помеѓу вторник вечерта и среда предизвикаа големи поплави и убија пет лица во главниот град на Бали, Денпасар, изјави Абдул Мухари, портпарол на државната агенција за природни катастрофи.
Уште четири лица загинаа во регионите Џембрана, Џијањар и Бадунг, додаде Мухари. Две лица сè уште се водат како исчезнати.
Од 600 жители погодени од поплавите, речиси 200 се евакуирани од своите домови во училишта и џамии бидејќи нивните куќи се сè уште поплавени, соопшти агенцијата.
И. Њоман Сидакарја, раководител на агенцијата за пребарување и спасување на островот, изјави дека поплавите уништиле две згради во Денпасар и додаде дека пристапот до меѓународниот аеродром, кој се наоѓа недалеку од Денпасар, е ограничен бидејќи по патиштата можат да се движат само камиони.
Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази сочувство и му нареди на раководителот на националната агенција за катастрофи да отпатува на Бали за да ги води итни интервенции таму и да ги гарантира основните потреби на населението.