Свет
Се очекуваат нови немири во Санкт Петербург и во Москва
Полицијата на Санкт Петерсбург е подготвена и распоредена во пресрет на очекуваните нови расни немири денеска, го пренесува Риа Новости соопштението на полицијата
Во Москва веќе се собра толпа од околу 5.000 националисти и фудбалски хулигани и се судри со полицијата на централниот плоштад Манеж. Толпата протестираше против, според нив, неодговорноста на полицијата во истрагата за смртта на 28-годишниот Јегор Свиридов, кој беше убиен во тепачка со кавкаски мигранти на крајот на ноември.Сепак, полицијата на Санкт Петерсбург, според соопштението, не очекува посериозни инциденти.Претходно, рускиот претседател истакна дека рускатат Федерална безбедносна служба мора да открие кои ги планира расните јавни немири и шири етничка и верска омраза. Тој исто така, за расните немири во Москва минатата недела ги обвини полициските иследници затоа што ги ослободиле осомничените за смртта на Свиридов.Во главниот град на Русија, Москва, претходните денови беа зголемени мерките за безбедност, поради најави за можно организирање на недозволени собири, откако во саботата 5.500 навивачи и националисти одржаа неодобрен митинг.Собирот беше организиран во знак на протест против убиството на навивачот на „Спартак“ Егор Свиридов, пет дена предходно во Москва. За убиството е осомничен Аслан Черкесов, по потекло од руската република Кабардино-Балкарија, а протестот на плоштадот Мањеж се претвори во судир на демонстрантите со полицијата. Во саботата на плоштадот Мањеж, во близина на Црвениот плоштад дојде до жестоки судири меѓу полицијата со според последните процени околу пет илјади претежно млади луѓе од различни провиниенции, од фудбалски навивачи до приврзаници на националистички организации. Во судирите беа повреди и хоспитализирани 29 лица, а беа приведени повеќе од 60 лицаЖестокиот судир меѓу демонстрантите кои употребуваа пиротехнички средства, камења и палки, и полицијата која употреби пендреци, избија откако навивачите не сакаа да се повлечат на повиците на московските власти туку одговорија со националистички пароли и со напади врз случајните минувачи кои им наликувале на припадници на етничките малцинства од подрачјето на северен Кавказ.Претходно илјадници навивачи на московски Спартак се собраа и положија знамиња на автобуската постојка на булеварот Кронштад во северниот дел од Москва на којашто на 6-ти декември беше застрелан Егор Свиридов еден навивачките водачите во тепачка со доселениците од северен Кавказ. Според некои руски медиуми, Свиридов бил водач на „Ултрас“ една од насилните навивачки групи на Спартак. Ова убиство предизвика голем револт кај навивачките групи во Русија. Блоговите и социјалните мрежи во Русија деновиве се многу активни во врска со овој случај и на нив се изразува голем револт заради нерешавањето на овој случај. Полицијата прво уапси шест осомничени, но ослободи петмина но досега нема подигнато обвинение. Во руските медиуми се изразува загриженост дека тензиите ќе се зголемат затоа што навивачите преку своите блогови потсетуваат дека се’ уште не е решен случајот на убиството на уште еден навивач на Спартак, Јуриј Волков, од летово годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.