Свет
Ј. Кореја ги одложи вежбите крај спорната граница
Лошото време ги одложи артилериските вежби на јужнокорејската армија, планирани за денеска во водите околу островот Јеонпјеонг, кој беше цел на артилериски напад од Северот минатиот месец, пренесува Риа новостиЈужна Кореја планираше еднодневната вежба да ја одржи во период од сабота до вторник. Северна Кореја го предупреди јужниот сосед дека доколку ги одржи вежбите, повторно ќе го нападне островот, уште посмртоносен од оној на 23 ноември, во кој загинаа четворица Јужнокорејци. „Со оглед на тоа дека се очекува временските прилики околу островот да се вложат денеска попладне, заклучивме дека ќе биде многу тешко да се одржат вежби со боева муниција“, соопшти јужнокорејската армија. Од таму велат и дека ако Пјонгјанг навистина нападне, одговорот на Јужна Кореја силен и суров. По објавувањето на плановите за вежбата, САД го поддржаа Сеул во намерата, додека Русија и Кина ја повикаа Јужна Кореја да покаже воздржаност и да се откаже од вежбите кои уште повеќе ќе ги зголемат тензиите на Корејскиот полуостров. Минатиот месец Северот го бомбардираше островот Јеонпјеонг, кој се наоѓа на самата спорна морска граница помеѓу двете Кореи, токму поради вежбите кои јужнокорејската морнарица ги изведуваше во регионот. Пјонгјанг не ја признава таканаречената Северна линија на разграничување, која ја исцртаа САД на крајот на Корејската војна во 1953 година и тврдеше дека гранатите испукани при вежбата завршиле на неговата територија. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Шокантно признание од министер на Трамп: Порано шмркав кокаин од…
Американскиот министер за здравство и социјални услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, изнесе шокантно признание за своето минато поврзано со дрогата како гостин во подкаст. Зборувајќи за својата борба со зависноста, Кенеди откри претходно непознати детали.
Во разговор со комичарот Тео Вон во подкастот „This Past Weekend“, Кенеди раскажа како се запознале двајцата.
„Со години сме на патот кон закрепнување заедно“, рече Кенеди, на што Вон потврди дека се среќавале на утринските состаноци на лекуваните зависници дури и пред пандемијата на коронавирусот.
RFK Jr. drops a spicy admission about his past while praising Narcotics Anonymous for helping him beat addiction. A raw, human moment from a 72-year-old HHS Secretary who says his 14-year drug era shaped him—and his path to recovery. 💬💪 #RecoveryStory #AddictionAwareness #HOPE… pic.twitter.com/CO9xbzM7Fn
— ceanmedia (@ceanmedia) February 13, 2026
Кенеди, кој е трезен повеќе од 40 години, потоа продолжи да зборува за тоа како формирал „пиратска“ група за време на пандемијата која продолжила да се состанува и покрај ограничувањата, што го навело да направи изненадувачко признание.
„Кога се собравме, реков: ‘Не ми е гајле што ќе се случи, ќе одам на состаноци секој ден’. Не се плашам од вирусот, порано шмркав кокаин од WC школката. Знам дека оваа болест ќе ме убие ако не добијам третман, а за мене тоа значи одење на состаноци секој ден. Без него, мојот живот е завршен“, рече Кенеди.
Потоа накратко разговараа за закрепнувањето, пред да преминат на други теми, вклучувајќи ја работата на Кенеди во Министерството за здравство и социјални услуги и неговата кариера како адвокат.
Свет
Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети
Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат своите борбени капацитети и да ја преземат водечката улога во одбраната на континентот од руската закана. Колби, влијателниот потсекретар за стратегија, објави дека САД ќе ги намалат своите конвенционални сили во Европа, но во исто време нагласи дека Вашингтон останува посветен на НАТО алијансата, пишува „Гардијан“.
Колби, зборувајќи во име на својот претпоставен Пит Хегсет, ја повика Европа да премине „од обични придонеси и намери кон реални резултати и капацитети“. Неговите коментари, дадени зад затворени врати на состанок на министрите за одбрана на НАТО, беа невообичаено брзо објавени.
„Тоа значи дека борбената ефикасност мора да дојде пред бирократската и регулаторната стагнација. Тоа значи донесување тешки одлуки за структурата на силите, подготвеноста, снабдувањето и индустрискиот капацитет, одлуки што ги одразуваат реалностите на современиот конфликт, а не политиката на мир“, им рече Колби на сојузниците на НАТО.
Подсекретарот, еден од главните застапници на пренасочувањето на вниманието на американската војска од Европа во рамките на администрацијата на Трамп, објасни дека „најважните“ интереси на САД се одвраќањето на Кина и ситуацијата на американскиот континент.
Затоа, рече тој, Европа мора да преземе „водечка улога во сопствената конвенционална одбрана“. И покрај ова, Колби потврди дека САД ќе продолжат да обезбедуваат „проширено нуклеарно одвраќање“ и дека американските сили, кои моментално се околу 85.000 во Европа, ќе бидат распоредени „на поограничен и пофокусиран начин“.
Тој, исто така, јасно стави до знаење дека САД „ќе продолжат да ги подготвуваат своите сили да го направат својот дел“ според Член 5 на НАТО, кој го смета нападот врз еден сојузник за напад врз сите – ветување што претседателот Трамп го доведе во прашање во минатото.
Изјавата на Колби доаѓа во време кога тензиите се намалуваат откако Доналд Трамп побара од Данска да го предаде Гренланд минатиот месец, при што Белата куќа повремено сугерираше дека воената сила нема да биде исклучена.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се обиде да го смири невидениот спор, велејќи дека алијансата на демократии секогаш ќе има „дискусии и разговори“ и дека коментарите на Колби покажуваат дека САД се „закотвени во НАТО“.
„Добрата вест е дека оваа Алијанса секогаш наоѓа начин да се движи напред, да се обедини и да се префокусира на нашата главна цел, а тоа е да се заштити безбедноста на милијарда луѓе“, рече Руте, нагласувајќи дека Член 5 останува неоспорен.
Минатото лето, европските членки на НАТО се согласија да ги зголемат средствата за одбрана на 3,5% од БДП до 2035 година со цел да го достигнат американското ниво, но сè уште не е јасно што ќе значи ова зголемување во пракса.
Иако одлуката да се испрати Колби на состанокот наместо министерот за одбрана Хегсет е јасен знак за намалената важност на НАТО за САД, европските дипломати истакнуваат дека Колби е важна личност блиска до потпретседателот Џ.Д. Венс.
Свет
Црвен метео аларм поради лавини, поплави и бури во Франција
Во пет француски департмани, Савоја, Од, Жиронда, Ло-ет-Гарон и Источни Пиринеи, денес е на сила црвена временска тревога поради опасност од лавини, силни ветрови или поплави.
На југоисток од Франција, 550.000 домови се уште се без електрична енергија поради бурата „Нилс“, објави BFMTV.
Метеоролозите прогнозираа ветрови од 60 до 100 километри на час и снежни врнежи од 40 до 60 сантиметри за синоќа во познатиот скијачки центар на југоистокот од Франција, Тинжи, а градоначалникот изјави дека одморалиштето ќе биде затворено во текот на ноќта поради ова.
Во текот на ноќта, налети на ветер до 162 километри на час се регистрирани во Бискарос, 157 километри на час во Леж-Кап-Фере и 132 километри на час во Мижу, пренесува Танјуг.
Во неколку градови, ветерот корнеше дрвја, блокираше патишта и го отежна сообраќајот, вклучително и пошироката област на Бордо.

