Свет
Обама пак бара Сенатот да го ратификува договорот СТАРТ
Американскиот претседател Барак Обама денеска ги повика членовите на Сенатот, да не одолговлекувањето ратификацијата на новата спогодба со Русија за контрола на нуклеарното вооружување, бидејќи со тоа се загрозува безбедноста на земјата
Договорот за намалување на стратешко вооружување , позната како новиот СТАРТ кој во април го потпишаа САД и Русија , до доцна синоќа беше разгледувана во Сенатот.„Ратифкацијата на спогодбата каква е СТАРТ не е прашање на победа на некоја влада или политичка партија.Се работи за безбедноста на САД“, рече Обама во редовниот саботен говор.Во средината на септември, Меѓународниот комитет на Сенатот го усвои документот и го предаде за разгледување пред целиот состав на законодавниот дом со резолуција која препорачува ратификација на договорот.Републиканскиот сенатор Џон Кајл во средината на ноември издаде соопштени во кое изрази сомневање дека Сенатот ќе го разгледа договорот до јануари. Според него, сенаторите се премногу зафатен со други работи, а освен тоа кај сенаторите имале се уште прашања по содржината на документот. Оваа изјава предизвика панична реакцијата од страна на администрацијата на претседателот Обама, и покрај тоа што претходно републиканците ја објавија својата поддршка за договорот. Гласот на сенаторот Кајл е од круцијално значење за демократите, затоа што неколку републикански сенатори изјавија дека го поддржуваат неговото мислење, сметаат американските аналитичари.Демократите бараа за START да се разговара пред ноемвриските избори за конгресот. Инаку демократите го одложуваа гласањето во надворешнополитичката комисија затоа што сакаа да обезбедат поширока поддршка од републиканците. Некои републиканци се противат на договорот, затоа што тврдат дека не нуди „адекватни процедури кои би осигурале дека Русија ќе ги исполни своите обврски“. Тие, исто така, страхуваат дека Москва би можела да го искористи договорот за да го ограничи американскиот план за поставување на противракетен штит. Меѓу републиканците има и такви кои од демократите побарале гаранции дека ќе обезбедат повеќе пари за одржување на постоечкиот нуклеарен арсенал.По завршувањето на прелиминарните конгресни избори од 2-ри ноември, на кои републиканците ја намалија предноста на демократите кои се мнозинство, судбината на договорот START останува нејасна, сметаат, пак, руските политички аналитичари. Имено, републиканците пред изборите блокираа голем број иницијативи на администрацијата на Обама, па се претпоставува дека со новиот сооднос на силите и новите републикански сенатори американскиот претседател и неговиот кабинет ќе се справуваат уште потешко.За да Сенатот во новиот состав го ратификуваа договорот, Обама треба да придобие најмалку 14 републиканци.Претседателите на Русија и САД го потпишаа новиот договор за стратешко офанзивно оружје на 8-ми април 2010 г. во Прага. Страните имаат намера во рок од седум години да го намалат вкупниот број боеви глави до 1.550 што е една третина во однос на постоечките 2.299 одредени со Москавскиот договор од 2002 г. и повеќе од двапати од долниот лимит за стратешки системи за испорака. Со новиот договор, исто така, се предвидуваат и нови процедури, со кој се олеснува контролата на почитувањето на договорот. Договорот мора да бидат одобрени од страна на двата дома на рускиот парламент, како и на американскиот Сенатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.