Свет
САД го поздравија не-реагирањето на Пјонгјанг на маневрите на Јужна Кореја
Стејт департментот соопшти дека одлуката на Северна Кореја да не одговори на воената вежба со боева муниција на армијата на Јужна Кореја е во согласност со општоприфатените стандарди за однесување на меѓународната сцена и оти го покажува отсуството на оправдување за непријателски дејствија
„Ова е начинот на кој треба да се однесуваат државите. Јужнокорејските маневри имаа дефанзивен карактер, за што Северна Кореја беше предупредена однапред, па така и немаше причини за дејствија од непријателски карактер“, рекол портпаролот на Стејт департментот, Филип Кроули, кој е цитиран од Reuters.Севернокорејските власти изјавија претходно дека не сметале за потребно да одговорат на воените маневри на нивниот јужен сосед. Во соопштението објавено од страна на Корејска централна новинска агенција (KCNA) беше истакнато дека „не било неопходно овојпат да се одговори на воената провокација.“Денеска Јужна Кореја одржа редовна обука за артилериска стрелба со боева муниција во областа на островот Јонпендо, која беше цел на напад на воената морнарица на Северна Кореја на 23 ноември, во време кога јужнокорејската армија изведуваше слична воена вежба. Во нападот имаше две воени и две цивилни јужнокорејски жртви. Минатиот петок Северна Кореја предупреди дека како одговор на планираната вежба од страна на Јужна Кореја, може да возрати со против-удар дури и помасовен отколку оној од ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.