Свет
Потона брод кај Божикните острови -загинати 48 луѓе
Најмалку 48 лица загинале кај Божикните острови кога се превртел бродот на кој се наоѓале
Досега се пронајдени 30 тела, спасени се 42 лица, а како што се претпоставува на бродот имало 90 лица, а уште 18 се водат како исчезнати, а веројатноста дека се преживеани е минимална, изјавила денеска австралиската премиерка Џулија Гилард.Таа додала дека е можно нивните тела никогаш да не бидат пронајдени, ниту, пак, да се утврди колку точно патници – азиланти биле на потонатиот брод.Една од преживеаните, ирачанката Рана Мохамед, изјавила за австралискиот весник „Вест острелијен“ дека екипажот, неколку часа пред бродот да удри во карпите во близина на Божикните острови, ги изгаснал моторите и соопштиле дека наскоро ќе им пристигне помош од австралиска морнарица.Таа додал дека пред еден месец заедно со својот маж и седумгодишен син побегнале од Ирак. Во моментот на несреќата тројцата биле заедно и се држеле за раце. Сите имале на себе појаси за спасување. Рана не знае дали нејзиниот маж и син преживеале. Австралија е многу популарна дестинација за луѓето од Авганистан, Ирак, Иран и Мјамнар тие прво пребегнуваат во Индонезија и оттаму заминуваат за Австралија, главно со пренатрупани бродови. Несреќите на таквите бродови се многу чести
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

