Свет
Адмиралот Мален повика на брза ратификацијата на новиот СТАРТ
По писмото на началникот на здружената команда на силите на САД, адмиралот Мајкл Мален кој го повика Сенатот да го ратификува Договорот за ограничување на стратешкото вооружување со Русија, поддржувачите на ратификацијата успеваат да придобијат се повеќе гласови од републиканците, пишуваат американските медиуми денеска.Писмото на адмиралот Мален всушност е прекор за републиканците кои бараа расправата за ратификацијата на ткн. новиот СТАРТ да се одложи за почетокот на идната година и на договорот да се додадат амандмани кои ќе овозможат повеќе инспекции и поголем број стратешки бомбардери и интерконтинентални проектили. Во писмото на Мален што го цитираат американските медиуми, се наведува дека побрзата ратификација на договорот е клучна за националната безбедност на САД, и наведувајќи дека бил директно вклучен во преговорите со руската страна, нагласува дека „воените перспективи биле темелно разгледани“. Како што сметаат американските аналитичари, писмото на адмиралот ќе го зголеми притисокот врз колебливите републикански сенатори кои ќе бидат ставени во незавидна ситуација да го одбијат советот од армијата по прашањето на американската национална безбедност за што инаку имаат секогаш поддршка. Со писмото на Мален се интензивираат напорите на двете страни да се придобијат доволно сенаторски гласови за потребното двотретинско мнозинство од 67 гласови. Мнозинските демократи во Сенатот сега имаат обезбедено 58 гласови, а седум републикански сенатори веќе ја изразија својата поддршка, па потребни се само уште два гласа. Според некои предвидувања, гласањето би можело да се одржи уште денеска. Водачите на републиканското малцинство во Сенатот кои сакаат да расправаат за ратификацијата во февруари, затоа што тогаш во Сенатот ќе имаат 48 места, предупредуваат на брзоплетост во ратификацијата што би можело да им наштети на американските интереси./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.