Свет
Хотелски секс-скандал во новата бразилска влада
Кандидатот за нов министер за туризам на Бразил платил над 1.000 долари државни пари за забава во хотел кој најчесто бил употребуван за сексуални средби, пишуваат денеска бразилските весници.Иако во оваа афера е инволвирана личност од вториот ешалон од владата на новоизбраната бразилска претседателка Дилма Русеф, во написите се наведува дека Бразилците се посебно чувствителни дури и на најмалите обвиненијата за корупција. Сличните шпекулации за случај на плаќање за гласови предизвикаа голем скандал во 2005 година и за малку ќе го собореа од власт претседател Луис Инасио Лула да Силва, кого го наследи Бразилката со бугарски корени.Министерството за туризам, инаку, ќе има голема улога во владата на Русеф којашто ќе ја преземе претседателската функција на 1-ви јануари 2011 година, бидејќи во нејзиниот мандат во Бразил ќе се одвиваат двете најголеми спортски манифестации на светско ниво од кои се очекуваат големи профити – Светското првенство во фудбал 2014 година и летната Олимпија во 2016 година.На насловните страници од денешниот бразилски печат е сторијата за потенцијалниот министер за туризам. Како што пишува весникот „Естадо де Сао Паоло“ (Estado de S. Paulo), весникот вели дека 80-годишниот Педро Новаиш, во јуни приредил забава во хотелот „Паусада Карибе“, кога тој беше сè уште пратеник во Долниот дом на бразилскиот Конгрес. Новаиш тогаш фактурирал на сметката на Конгресот 2.156 реаси (повеќе од илјада долари).Као што откриле новинарите, тоа е цена што се плаќа за две лица, и тоа за изнајмување на апартманот на одредено време (часови) што обично во Бразил се користи за секс-средби. Весникот објавил и фотографија од апартманот што го изнајмил Новаиш, којшто е со розови ѕидови, а е опремен и со округол кревет, базен и сауна.Весникот го цитира Новаиш кој тврди дека забавата била за да почести лица од консултантска куќа и негови политички истомисленици. Сепак, тој признава дека користењето на конгресната сметка било „несоодветно“, опишувајќи го тоа како „грешка која ќе биде исправена“.Новаиш е член на партијата ПМДБ, најголемата членка од десет-партиската коалиција којашто ја поддржа Русеф и е главниот политички блок за поддршка за нејзините планирани економски реформи во Конгресот. Угледот на партијата обвинета сега за корупциски скандал носи одреден ризик за претседателката Русеф во периодот кога таа се обидува да ги исполни барањата на коалиционите партнери за клучните министерски ресори. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

