Свет
Илјадници го дочекаа „Мави Мармара“ во Истанбул
Илјадници луѓе во истанбулското пристаниште го дочекаа враќањето на бродот „Мави Мармара“ кој во мај се обиде да ја мине израелската поморска блокада за појасот Газа носејќи хуманитарна помош и оттогаш траеше неговото враќање. „Мави Мармара“ во мај, заедно со уште пет бродови од Флотилата на хуманоста сакаше да ја пробие блокадата на појасот Газа која што ја контролира палестинското исламистичко движење Хамас. На бродот имаше и тројца македонски државјани активисти на хуманитарната организација ИХХ, којашто од европските и американските власти е осомничена за соработка со терористички организации.Израелските командоси тогаш упаднаа на бродот и во инцидентот загинаа девет турски државјани. И двете страни досега меѓусебно се обвинуваат за предизвикување на крвавиот инцидент. Флотилата сакаше да однесе разни продукти во Газа, но израелските власти не дозволуваа, туку сите бродови мора да пристигнат во Ашдерот од каде по ригорозната проверка на стоката што ја пренесуваат, меѓу кои се и градежни материјали, со камиони по сувоземен пат ја пренесуваат во Газа.Бродот „Мави Мармара“ досега беше на поправка. Овој инцидент ги расипа дотогаш одличните турско-израелски односи. Турција побара официјално извинување од Тел Авив и отштети за семејствата на загинатите активисти. Израел одбива да го стори тоа, тврдејќи дека станува збор за провокација и напад врз неговите војници. Потоа Израел под влијание на целокупната светска јавност ги омекна ригорозните услови за внесување стоки во Газа, што е воведено во 2007 година. Денеска во истанбулското пристаниште имало илјадници луѓе со палестински и турски знамиња кои го дочекале бродот со повиците „Алах е голем“, додека стотици про-палестински активисти на чамци го дочекале впловувањето на бродот во пристаништето./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во болница во Милано, пациентите евакуирани
Утрово околу 10 часот, избувна пожар во павилјонот 16 од болницата Сако во Милано.
За неколку минути, пламенот зафати дел од дијагностичката архива и се прошири на областите каде што медицинскиот персонал во тој момент прегледуваше десетици пациенти, пишува Ил Месаџеро.
Благодарение на заедничката интервенција на пожарникарите и болничкиот персонал, никој не е повреден.
Сите пациенти се евакуирани, а триесет пожарникари кои излегоа на терен вршат санација на подрачјето.
Свет
Европски војници пристигнаа на Гренланд
Европски војници од неколку земји пристигнаа на Гренланд за заеднички воени вежби, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес островот да биде под контрола на САД. Во главниот град Нуук слета француски контингент, а се приклучуваат и сили од Германија, Шведска, Норвешка, Холандија и Обединетото Кралство, јавува Би-Би-Си.
Распоредувањето следи по состанок во Вашингтон меѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс. Данскиот министер Ларс Локе Расмусен оцени дека разговорите биле конструктивни, но дека останало „темелно несогласување“.
Трамп изјави дека на САД му треба Гренланд за националната безбедност и не ја исклучи употребата на сила. Францускиот претседател Емануел Макрон најави проширување на мисијата, додека полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека евентуална американска интервенција би била „политичка катастрофа“.
Русија изрази загриженост поради засилувањето на присуството на НАТО на Арктикот. Од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер соопштија дека распоредувањето има цел да ја одврати руската и кинеската активност.
Германија испрати транспортен авион со 13 војници во рамки на данските вежби „Операција Арктичка издржливост“. Данска најави ротациона и потрајна сојузничка присутност. Премиерката Мете Фредериксен рече дека одбраната на Гренланд е заедничка грижа на Алијансата.
Премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен порача дека Гренланд не сака да биде дел од САД и, ако мора да избира, би ја избрал Данска.
Свет
Макрон: Франција ќе испрати воен брод на Гренланд
Франција наскоро ќе испрати воен брод, авиони и дополнителни војници на Гренланд, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Тој предупреди на појавата на „нов колонијализам“ и на изјави што, како што рече, „сеат сомнеж, дури и меѓу сојузниците“.
Макрон ова го соопшти во новогодишното обраќање до француските вооружени сили, наведувајќи дека дел од француските војници веќе се распоредени на Гренланд, на барање на Данска, каде им се приклучиле сили од Норвешка, Шведска и Германија.
„Нашите сили во наредните денови ќе бидат дополнително зајакнати копнено, поморски и воздушно“, рече Макрон, без да наведе детали.
Според достапните информации, најмалку еден француски воен брод и неколку авиони веќе се на пат кон северниот Атлантик.

