Свет
Палестинските лидери ги осудија нападите во Алескандрија
Претседателот на палестинската автономија, Махмуд Абас во саботата остро го осудија експлозијата, што се случи ноќта на Нова Година во копстката црква во Александрија, пренесе палестинската официјалната новинска агенција Вафа
Силна експлозија се случи во православната црква во Александрија во новогодишната ноќ 30 минути по полноќ, кога загинаа 21 лица, 79 беа повредени,Досега никој на ја презема одговорноста за овој напад, иако египетските власти се ги обвинија милитантите кои се поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда кои се закануваа со напади за време на божикните и новогодишните празници.Според експерти за судска медицина на египетското министерство за внатрешни работи, нападот најверојатно го извршил бомбаш-самоубиец кој го активирал експлозивот во автомобил паркиран меѓу другите возила на блискиот паркинг кон кој тргнеле верниците по службата во црквата. Во телеграмата до египетскиот претседател Хосни Мубарак, палестинскиот лидер Махмуд Абас го нарече инцидентот во Александрија „криминален и нечовечки чин, кој има за цел дестабилизирање на безбедноста и стабилноста во братска земја Египет, за да поттикнат раздор меѓу муслиманите и христијаните.“, цитира AFP.„Групата којашто стои зад овој криминален акт, не и’ припаѓа на исламската религија, која повикува на толеранција и соживот“, изјави Абас изразувајќи солидарност со Мубарак и на народот на Египет изразувајќи верба дека виновниците ќе бидат брзо најдени и казнети.Телеграма со сочувство од палестинскиот лидер, исто така, е упатена и до Патријархот на Александрија, Шенуда Трети.Во знак на солидарност со народот на Египет, Абас го повика настојниците на црквите на палестинска територија да одржат помени во сеќавање на жртвите на овој терористички чин.Претходно и египетскиот претседател Хосни Мубарак изјави декака бомбата која во новогодишната ноќ усмрти 21 христијански верник, била наменета и за христијаните и за муслиманите. Мубарак им порача на терористите дека ќе ги стигне казната, а тие нема да успеат да го дестабилизираат Египет, ниту да предизвикаат раскол меѓу муслиманите и христијаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.