Свет
Нови судир во Александрија меѓу христијаните и полицијата
Судири меѓу христијански Копти и полициските сили накратко ибувнаа во египетскиот град Александрија, каде што во новогодишната ноќ беше изведен терористички напад во кој беа убиени 21 чове, јавува порталот на дневниот весник Ал-Ахрам
Стотици христијани се собрале во неделата навечер пред христијанската болница на улицата на која се наоѓа и црквата која беше цел на нападот од ноќта на 1-ви јануари. Претежно млади лица целосно ја блокирале од улица, ги запалиле контејнерите за смет и ги кршеле прозорците од паркирани автомобили и излозите на блиските продавници. Полицијата била принудена да ги растера демонстрантите со употреба на солзавец, а тие врз нејзините припадници фрлале камења и шишиња.Во безредијата се уапсени десетици христијани, пишува интернет страницата на египетскиот дневен весник.Во неделата илјадници египетски христијани излегоа и на улиците на главниот град на Египет, Каиро за да искажат солидарност со жртвите и роднините на оние што загинаа во експлозија во Александрија. Протсестот на кој учествувале главно млади луѓе бил претежно мирен, со мали спореадични конфликти меѓу демонстрантите и полицијата. Египетското министерство за внатрешни работи соопшти дека полицијата се обидела да ги опколи демонстрантите за да се спречи меѓу нив да се инфилтрираат провокатори.Силна експлозија одекна 30 минути по полноќ во новогодишната ноќ во црквата „Сите Свети“ во вториот по големина град на Египет, Александрија, при што загинаа 21 човек а околу стотина се ранети.Веднаш по експлозијата, египетските експерти за борба против троризмот и официјални политички претставници укажаа на голема веројатност дека зад терористичка акција стојат „странските сили“. Овие податоци ги потврди и министерството за внатрешни работи на Египет.Претходно, милитантна група блиска на меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда им испрати закани на египетски христијани. По овие закани, египетските власти ја зголемија безбедноста околу црквите и другите свети објекти во Александрија, Каиро и во други градови.Десетици земји го осудија терористичкиот напад во Александрија, како и лидерите на палестинските движење. Египетсктие власти ги повикаа граѓаните да го сочуваат мирот и да спречат какви и да се конфликти на верска основа.Христијаните од коптската православна црква сочинуваат околу десет отсто од 80-милионското претежно муслиманско население на Египет. Коптски православна црква која е најзначајната христијанска заедница на Блискиот исток, според легендата, била основана во 63-та година од нашата ера од апостолот Марко. Христијаните и муслиманите живеат заедно во мир во Египет со векови, но одвреме-навреме во различни делови на земјите доаѓа до конфликти меѓу двете заедници. Најчеста причина за инцидентите се спорови околу земјиштето или конфликти меѓу семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

