Свет
Џони Деп најомилен актер
Холивудската ѕвезда, актерот Џони Деп втора година по ред го доби признанието за најомилен артист во САД, станувајќи победник на 37-от избор People’s Choice Awards 2011 на церемонијата што се одржа во средата вечер во Лос Анџелес. People’s Choice Awards 2011 е единствената награда од областа на шоу бизнисот во САД во којашто победниците се определуваат преку сензационално гласање. Гледачите гласаат за својот најомилен филм во различни жанрови, како и за најдобрите актери и музичари. На шоуто се емитува во живо на ТВ мрежата CBS.Во категоријата „Омилен актер“, најомилен кај милионите гледачи не само во САД туку во целиот свет во ликот на пиратот Џек Спероу, Џони Деп успеа да ги надмине победи на изборот главните ликови од вампирската сага „Самрак“, Роберт Патисон, Леонардо ди Каприо и Роберт Дауни Џуниор.Патисон, исто така, загуби и во друга категорија – „Омилен актер на возраст до 25 години“, каде што триумфираше холивудската ѕвезда во подем, Зак Ефрон.Сепак, „Самрак“ победи во една од најпрестижните номинации – „Омилен филм“, во која успеа да ги надмине сите кандидати, меѓу кои најголеми претенденти за наградата беа „Iron Man 2“, „Приказна за играчките 3“, „Алиса во земјата на чудата“ и „Почеток“.Толкувачот на главната женска улога во оваа вампирска сага, Кристен Стјуарт, ја освои титулата на „Омилена актерка“, успевајќи да победи во жестоката конкуренција на веќе докажаните холивудски диви како Џулија Робертс и Анџелина Џоли.Во категоријата „Омилен ТВ забава“, американската публика им даде предност на сестрите Кардашјан за нивното шоу „Keeping Up with the Kardashians“, кое според популарноста го надмина шоуто „Jersey Shore“.Актерите Нил Патрик Харис и Џејн Линч ги освоија наградите за „Омилен актер и актерка во комедија“. Адам Сандлер од рацете на Џенифер Анистон ја прими наградата за „Омилена ѕвезда во комедија“, а Конан О’Брајан стана „Омилен водител на ток-шоу“.Џеки Чен стана „Омилен актер во жанрот акција“, а во категоријата анимирани филмови „Приказна за играчките 3“ е прогласен за „Омилен семеен филм“./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

