Свет
Ј. Кореја го отфрли предлогот на Северот за преговори
Јужна Кореја денеска ја отфрли понудата од северниот сосед за преговори за намалување на тензиите на полуостровот како несериозна и пропагандистичка, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување, пренесува Риа Новости„Северна Кореја и претходно на почетокот на годината издавало вакви соопштенија. Тоа е дел од нивната редовна пропагандна кампања кон Југот“, се вели во соопштението на министерството, во кое се вели и дека ваквото соопштение не се смета за сериозно, па дури дека не е испратено во потребниот формат.Вчера Северна Кореја понуди безусловни преговори со Југот за да се стави крај на провокациите. Во соопштението од Пјонгјанг се вели дека тие нудат „сеопфатни преговори и дијалог“ со Сеул, тврдејќи дека тоа било „единствениот начин да се излезе од оваа сериозна ситуација“. Вчера и Кина соопшти дека би поддржала такви преговори. Соопштението од Пекинг дојде непосредно по средбата на кинескиот државен врв со специјалниот американски пратеник за Северна Кореја, Стивен Босфорт.Минатата година тензиите помеѓу двата дела на поделената Кореја достигнаа највисоко ниво во последниве неколку децении, откако Пјонгјанг беше обвинет за потопувањето на јужнокорејскиот воен брод, при што загинаа 46 морнари. Во ноември северот истрела неколку артилериски гранати врз спорниот остров Јеонпјеонг на самата поморска граница помеѓу двете Кореи, при што загинаа четири лица. Веднаш потоа Јужна Кореја и САД одржаа неколку воени вежби во близина на административната граница, што во Пјонгјанг беше протолкувано како провокација. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

