Свет
Обама од грижи ослабнал 14 килограми

Претседателот на најмоќната земја во светот има многу грижи на глава. Во последно време Барак Обама почнал да слабее драстично, предизвикувајќи загриженост кај неговите советници, принесува ShowBizSpy. Обама ослабел околу 14 килограми поради нервозите предизвикани од дебатата околу местото на неговото раѓање (во САД многу луѓе сметаат дека Обама не е роден во оваа земја), како и поради фактот дека не бил поканет на свадбата на принцот Вилијам. Се чини дека британското кралско семејство не би сакало Обама и неговата сопруга Мишел да присуствуваат на свадбата. Првата дама на САД веста ја примила исклучително луто, велејќи дека непоканувањето е навреда за семејството Обама./крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Америка го предупреди Хезболах: Тоа би била многу, многу, многу лоша одлука

Специјалниот американски пратеник за Сирија, Том Барак, го предупреди Хезболах да не се вклучува во војната меѓу Иран и Израел, објави АФП.
Барак, кој е и амбасадор на САД во Турција, е во прва официјална посета на Бејрут, каде што се сретна со високи либански претставници, вклучувајќи го и претседателот на парламентот Набих Бери, сојузник на Хезболах.
„Можам да кажам во име на претседателот Доналд Трамп… дека тоа би била многу, многу, многу лоша одлука“, рече Барак по средбата со Бери, одговарајќи на прашање за ставот на САД доколку либанската вооружена група Хезболах, поддржана од Иран, се вклучи во војната.
Хезболах, кога избувна конфликтот во петокот, ги осуди нападите на Израел врз Иран, но не објави никакви планови за интервенција во име на Техеран. Групата претрпе големи загуби во минатогодишната војна со Израел, која заврши со прекин на огнот во ноември.
И покрај прекинот на огнот, Израел продолжи со нападите врз Либан, велејќи дека ќе продолжи со нападите сè додека Хезболах не се разоружа. Во израелски напад врз Кфар Јуз во јужен Либан во среда загинаа две лица, додека во друг напад во Бариш беше повредено едно лице, соопшти либанското Министерство за здравство.
Регион
Мајка се обидела да го задуши своето 8-месечно бебе со перница во болница во Бања Лука

20-годишна мајка се обидела да го задуши своето осуммесечно бебе со перница во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука. Мајката била уапсена, а бебето, кое претходно имало здравствени проблеми, било спасено во последен момент.
Кликс.ба неофицијално дознава дека дваесетгодишната девојка имала психички проблеми.
„Вршителот на должноста обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бања Лука, по сослушувањето на осомничената В. П., родена во 2005 година, на 18.06.2025 година поднесе предлог за определување мерка притвор до Окружниот суд во Бања Лука, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело Тешко убиство во обид на штета на дете.
Обвинителот поднесе предлог за определување мерка притвор поради постоење на посебни околности што го оправдуваат стравот дека осомничената ќе го доврши обидот за кривично дело“, соопшти Окружното јавно обвинителство.
Судијата на Окружниот суд во Бања Лука ќе одлучи дали на 20-годишната девојка ќе ѝ биде одреден притвор.
Свет
(Видео) Иран утрово испали ракети кон Израел: стотици повредени, повеќе од 70 во болница

Најмалку 240 лица беа ранети во иранските ракетни напади утрово, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на израелското Министерство за здравство.
Четири лица се сериозно повредени, додека огромното мнозинство се полесно повредени, вклучувајќи повеќе од 70 лица во болницата Сорока во јужниот град Бершеба. Чад се издигаше од болничкиот комплекс додека службите за итни случаи ги евакуираа пациентите.
Двајца лекари изјавија за АП дека ракетата ја погодила болницата речиси веднаш откако се огласиле сирените, предизвикувајќи силна експлозија што ја слушнале од безбедносната соба. Лекарите зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да зборуваат со медиумите.
Болницата Сорока претрпе голема штета. Директорката Шломи Кодеш претходно изјави дека неколку одделенија се целосно уништени, а десетици луѓе – пациенти и медицински персонал – се повредени во болницата, главно од скршено стакло и урнати тавани.
Eastern Tel Aviv suburd of Ramat Gan hit in this mornings Iranian missile barrage causing extensive damage.
This district is home to the Israel Diamond Exchange—the world’s largest diamond trading complex. pic.twitter.com/9akUDKGxC4
— Yama Wolasmal (@YamaWolasmal) June 19, 2025
Паралелно со овој напад, ракета погоди и облакодер во Рамат Ган, недалеку од центарот на Тел Авив, каде што, според сведоците, експлозијата уништи локална пицерија и ги искрши прозорците на десетици околни згради.
Нападите предизвикаа негодување кај израелската јавност, а израелскиот министер за здравство Уриел Бусо изјави дека нападот врз болницата е „гнасно воено злосторство“ и дека Иран „преминал црвена линија“.