Свет
Конгресменката Габриеле Џифордс ќе биде преместена во центар за рехабилитација

Конгресменката Габриеле Џифордс, која пред две недели беше застрелана во главата, по масовната пукотница во Тусон, Аризона, од утре ќе биде преместена во центар за рехабилитација, пренесува BBC.Нејзиниот сопруг изјавил дека откако состојбата и се стабилизирала и не се очекуваат дополнителни компликации таа ќе продолжи со третмани во „Memorial Hermann Rehabilitation Hospital“ во Хјустон, каде сопругот Марк Кели работи за НАСАВо изјава што ја испратил преку конгресменската канцеларија на неговата сопруга, Кели нагласил дека по серијата операции што ги направил лекарскиот тим од болницата во Тусон, сега Џифордс е целосно подготвена да премине во друга фаза од закрепнувањето, а тоа е посета на центар за рехабилитација.Додека повредената конгресменка закрепнува по тешките повреди, човекот што се обиде да ја убие, дваесет и двегодишниот Џаред вчера е обвинет за обид за убиство на федерален службеник и двајца нејзини службеници./крај/BBC/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.