Свет
Владата прва во вработувањата на црно
Нема град во земјава каде што Владата, јавните претпријатија, факултетите, угостителството, трговијата, услужните дејности не прибрале некое лице на црно.
Владимир Николоски
Нема град во земјава каде што Владата, јавните претпријатија, факултетите, угостителството, трговијата, услужните дејности не прибрале некое лице на црно. Македонија е земја со 800 илјади работоспособни луѓе, од кои околу 370 илјади се вработени, а само 250 илјади работници се осигурени и редовно земаат плата. Економската криза кај нас е реална бидејќи само една осмина од населението ги одржува државните фондови, а владите во последните десет години не презеле ништо за да ја спречат таквата состојба, која ја влече кон колапс домашната економија.
На трибината што во рамките на кампањата „Стоп за работата на жени на црно“ вчера ја организира Секцијата на жени при Сојузот на синдикатите на Македонија, синдикалци, стопанственици, претставници на трудовиот инспекторат, парламентарки и од невладини организации, се согласија дека во Македонија постојано расте бројот на лицата вработени на црно. Состојбите се алармантни, но Стевче Јакимовски, министерот за труд и социјална политика, чиј ресор е најнадлежен за тоа, не присуствуваше на трибината.
Лилјана Јанкуловска, претседателка на Секцијата на жени при ССМ, информира дека долгиот период на транзиција, непостоењето правна држава, 150-те илјади отпуштени работници и стапката на невработеност од 40 отсто се главните причинители на таа појава.
– Повеќе од 25 отсто од населението живее во сиромаштија со 1,5 долар на ден, а 65.000 семејства примаат социјална помош. Третина од работниците примаат плата со задоцнување, а околу 60 отсто од вработените примаат плата околу 100 евра – вели Јанкуловска.
Во Македонија нема официјални податоци за бројот на работниците на црно. Според Светската банка, во земјава околу 80.000 лица работат нелегално.
Статистичките податоци покажуваат дека во земјава работат 540 илјади граѓани, а тие на Државниот завод за ста тистика зборуваат дека во Агенцијата за вработување има 270 илјади пријавени работници. Споредбата покажува разлика од 50 отсто.
– Нашите сознанија велат дека во Македонија има 150 илјади работници што работат на црно, а 60 отсто од нив се жени – вели Јанкуловска.
Мимоза Вујошевиќ, координатор на кампањата „Стоп за работа на црна на жените“, смета дека главните причини поради кои работодавците вработуваат на црно се високите даночни стапки и високите придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Таа вели дека главните причини поради кои граѓаните прифаќаат нелегално вработување се потребата да обезбедат основни средства за живот и фактот дека повеќето чекаат и по четири години на првото вработување.
Во рамките на споменатата кампања од 8 до 31 март годинава биле пријавени 150 работодавци што вработувале на црно. Според телефонските јавувања, најмногу нелегални вработувања има во Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе, Охрид и во Делчево. Најмногу јавувања биле за работа на црно во текстилната и во чевларската индустрија, во трговијата, угостителството, прехраната, градежништвото и во услужните дејности.
Од Секција на жени во ССМ информираа дека, покрај газдите на малите и на средните претпријатија, како нелегално вработени пријавиле и во голем број јавни претпријатија.
Најголеми прекршувања на Законот за работни односи се констатирани по основа на вработување со договор на дело, вработување без договор за работа, вработување пензионери, стечајни работници и хендикепирани лица за кои државата доделува субвенции. Сепак, судбината на тие работници најчесто е неповолна – ги бркаат од работа.
Ангеле Стаменковски од Државниот инспекторат за труд вели дека вработување на црно има насекаде, почнувајќи од извршната власт.
– Владата е прва според вработувањето на црно. Повеќе министри имаат соработници што се вработуваат со договор на дело. Голем број нелегални вработувања има и во јавните претпријатија. Според законот, договор за дело е нелегално вработување – вели Стаменковски.
Владата мора да размислува за намалување на давачките што ги имаат работодавците за своите вработени, смета Вујошевиќ.
– Ако 100 илјади граѓани работат на црно, а просечната плата е 200 евра, тоа значи дека работодавците секој месец одвојуваат по 67 отсто или 134 евра од платата на работникот на име на давачки кон државата. Доколку работниците биле легално вработени, државата ќе добивала 160, 8 милиони евра годишно од давачки – вели Вујошевиќ.
Според неа, ако Владата реши да ги намали давачките само за 30 отсто, работодавците би плаќале 74 евра месечно за еден работник, а државата од 100 илјади легално вработени би инкасирала 88 милиони евра годишно. – Намалувањето на давачките е единствен начин да се намали бројот на невработените и да се елиминира работењето на црно. Колку пари ќе добие Македонија од последниот аранжман со Меѓународниот монетарен фонд, нека каже Владата – вели Вујошевиќ.
Петре Филипоски од Сојузот на стопански комори смета дека третманот на жените на пазарот на трудот е мизерен.
– Во Македонија само образованите, талентираните и натпросечните жени можат да обезбедат пристоен третман во општеството, а другите се принудени да работат на црно. Државата треба да донесе мерки што ќе ги стимулираат работодавците редовно да ги исполнуваат обврските кон вработените – вели Филипоски.
Најважно е Владата конечно да ја утврди минималната плата, смета тој.
– Мора да се воведе и бруто-плата со која работниците ќе знаат до денар колку од нивните заработени пари зема државата. Така работниците ќе сфатат дека државата е таа што собира голем дел од профитот на фирмата. Меѓутоа, овие акти се избегнуваат бидејќи се чини дека чистите сметки на многумина не им одговараат – констатира Филипоски.
Тој вели дека инспекциските служби и да сакаат не можат да стасаат да ги казнат сите работодавци што не го почитуваат законот.
– Законите не ни чинат. Со преговори меѓу Владата, работниците и работодавците треба да се дојде до законски решенија, кои ќе бидат доброволно применливи, а не репресивни. Кога има либерализирање на законите, казните за оние што не ги почитуваат ќе бидат толку строги што ретко кој ќе се реши да ги прекршува – вели Филипоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.

