Свет
Романците трети по бројот на имигранти во ЕУ

Повеќе од два милиони граѓани на ЕУ во 2008 ја напуштиле својата татковина и се преселиле да живеат во друга земја членка на Унијата. Меѓу нив најбројни се Романците, втори се Полјаците, а трети-Германците, покажуваат официјалните податоци на Еуростат. Ако од листата, сепак се извадат граѓаните, кои подоцна се враќаат во нивните земји, Романците се уште се на прво место, но по нив следат Полјаците и Бугарите. Во земјите-членки на ЕУ живеат најмногу имигранти од Романија. Бројот на граѓани од оваа земја, кои живеат во друга земја од ЕУ, е 384 000. На второ место се Полјаците, од кои 266 000 се во странство. Трети на листата пак се Бугарите, од кои над 91 000 живеат во друга земја од Европската Унија. Членка на ЕУ, која во 2008 регистрирала најголем број имигранти, е Шпанија, каде што живеат над 725 000 странски државјани. Во категоријата спаѓаат уште Германија, Велика Британија и Италија, каде живеат повеќе од половина милион имигранти. /крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.
Во писмото до весникот „Кориере дела сера“ папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.
Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.
Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.
Регион
Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор, денеска, со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица што завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.
Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.
Свет
Кремљ го објави времето за почеток на разговорите Трамп – Путин

Кремљ потврди дека телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи денеска, со почеток во 14 часот по македонско време (16 часот по московско време).
Американскиот претседател пред телефонскиот разговор со Путин изјави дека многу елементи од мировниот договор во Украина се веќе договорени со неговиот руски колега.
Во своето ноќно обраќање во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин за продолжување на војната. „Овој предлог можеше одамна да се спроведе“, рече тој додавајќи дека „секој ден во време на војна значи човечки животи“.