Свет
Медведев во контрола н абезбедноста на московското метро
Претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, влезе денеска во московското метро за да ги провери новите безбедносни мерки во главниот јавен транспорт во главниот град на земјата, каде неколкупати досега се извршени терористички напади
Во придружба на министрите за внатрешни работи, за вонредни состојби и сообраќај, шефот на разузнавачката служба, александар Бортников, како и на московскиот градоначалник, Сергеј Собјанин, Медведев меѓу другото видел и детектори за метал и контејнери за изолација на бомби.„Иако е скапо, треба да почнеме со сериско производство“, рекол Медведев пред влезот на станицата Охотњи град, која е во центарот на Москва, меѓу Кремљ и Државната Дума.На таа станица, во тек е експеримент со инсталација на современи безбедносни системи. Кога се уверил дека системот функционира, Медведев излегол од метрото, но како што пренесува радиото Руска служба за новости, тогаш престанал да работи и системот.Новинарот на тоа радио навел, повикувајќи се на службите од влезот во станицата, дека луѓето кои знаат да ракуваат со специфичната апаратура ја напуштиле станицата веднаш по заминувањето на претседателот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото+видео) Голема експлозија во близина на најпрометниот аеродром во Аргентина
Повеќе од 20 лица се повредени по силни експлозии во индустриски парк во близина на Буенос Аирес, по што следеше голем пожар, соопштија аргентинските власти.
Индустриската локација се наоѓа во близина на најпрометниот меѓународен аеродром во земјата, објави АФП.
Шефот на локалната администрација, Гастон Гранадос, изјави дека противпожарните екипи го гаснат пожарот од синоќа, но дека пожарот сè уште е надвор од контрола.
🔴ARGENTINA 🇦🇷| A powerful explosion rocked the Ezeiza industrial zone, south of #BuenosAires, triggering a massive fire. At least 22 people were rushed to the hospital. The shockwave affected homes & factories for miles around. The cause of the deflagration is to be determined. pic.twitter.com/Dsopdr1mTo
— Nanana365 (@nanana365media) November 15, 2025
Директорот на болницата, Карлос Санторо, изјави дека неговата институција примила 22 повредени лица.
Во индустриската зона има неколку фабрики кои произведуваат гуми, хемиски производи и друга стока.
Според медиумите, пожарот довел до откажување на летовите.
Свет
Кина ги повика своите граѓани да не патуваат во Јапонија поради тензиите околу Тајван
Кина денеска ги повика своите државјани да не патуваат во Јапонија поради зголемените тензии меѓу двете земји околу Тајван, откако Токио наговести можна воена интервенција за одбрана на островот, за кој Пекинг тврди дека има право, во случај на кинески напад.
Големите кинески авиокомпании најавија целосен поврат на средствата за летови за Јапонија резервирани до крајот на годинава.
Ова е реакција на претходната изјава на премиерката на Јапонија, Санае Такаиќи дека вооружените напади врз Тајван би можеле да оправдаат испраќање на јапонската војска за одбрана на островот, согласно одредбите за „колективна самоодбрана“ во јапонскиот закон усвоен во 2015 година.
Амбасадата на Кина во Токио ја оцени изјавата како провокативна и закана за меѓучовечките односи, а Пекинг го повика јапонскиот амбасадор да даде објаснување.
Јапонската влада реагираше по објавата на кинескиот генерален конзул во Осака, кој на социјалните мрежи упати закана кон премиерката, но објавата подоцна беше избришана.
Свет
(Видео) Морето исфрли брод стар 600 години на плажа во Виетнам
По минувањето на тајфунот Калмаеги, на брегот на плажата во округот Тан Тхан во градот Хој Ан повторно се појавија остатоци од дрвен брод долги повеќе од 17 метри. Станува збор за брод што првпат беше откриен во 2023 година, но за кратко повторно беше покриен со песочни наноси. Овојпат морето ги исфрли во подобра состојба од очекуваното, предизвикувајќи голем интерес кај археолозите и јавноста.
Археолошките процени укажуваат дека бродот потекнува од периодот меѓу 14 и 16 век, време кога Хој Ан бил еден од најзначајните трговски центри во Југоисточна Азија, познат по трговијата со свила, керамика и зачини. Според истражувачите, пловилото служело за долги трговски патувања, а не се исклучува можноста да било користено и за воени цели.
Утврдено е дека конструкцијата е изработена од исклучително цврсто и издржливо дрво, дополнително зајакнато за да поднесе долги пловидби и сурови океански услови. Иако уште во 2023 година експертите предупредуваа дека остатоците треба да бидат заштитени од ерозија и непредвидливи временски влијанија, тогашните услови не дозволија пообемна интервенција.
По повторното појавување, местото стана атракција за локалните жители и туристите кои доаѓаат да го видат овој редок археолошки наод. Локалниот Центар за културно наследство најави итни мерки за заштита и стабилизација на остатоците, предупредувајќи дека постои реална опасност морето повторно да ги покрие.
Експертите оценуваат дека станува збор за еден од највредните поморски археолошки наоди во последните години. Доколку се обезбеди соодветна заштита и се спроведе детално истражување, бродот би можел да понуди значајни информации за трговските патишта, поморската технологија и историјата на регионот во доцниот среден век.

