Свет
Досегашниот премиер на Мианмар именуван за претседател

Премиерот на Мианмар на воената влада во заминување, Тхеин Сеин, денеска е именуван на функцијата прв цивилен претседател на државата во последните педесет години, известуваат официјални извори во Јангон.Набљудувачите оценуваат дека станува збор за козметичка промена која незначително ќе придонесе за значајните промени што и требаат на земјата, да се заврши или да се намали военото влијание врз политиката на земјата.Од 1992 година претседател на Мианмар беше врховниот генерал Тхан Шве. Експертите се сомневаат дека Сеин ќе успее да постигне да превземе било какви конкретни економски или политички реформи во земјата богата со природни ресурси, по децении минати во бритална воена диктатура.„Сеин е совршена личност за Шве, лојален е, нема никаква политичка, програма ниту програма за реформи и нема да превземе каква било иницијатива“, изјавил еден од водечките академици во Мианмар, школуван во САД, Аунг Тху Ниен.Сеин е воен генерал од кариера, кој на воената хунта и се придружи во 1997 година. Новиот претседател во претстојните неколку дена би требало да ги именува членовите на новата влада. /крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија бара меѓународно признавање на анектираните украински територии

За да се обезбеди траен мир, Русија бара украинските области анектирани од Москва да бидат меѓународно признати како дел од нејзината територија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денес.
Рускиот претседател Владимир Путин побара од Киев да ѝ предаде четири украински региони на Русија, чија анексија беше објавена во септември 2022 година, покрај Крим анектиран во 2014 година, и Украина да се откаже од своите планови за влез во НАТО. Ова се неприфатливи услови за украинските лидери и нивните западни сојузници.
Украина бара руската армија целосно да се повлече од својата територија. Русија окупираше околу 20 проценти од Украина.
„За мирот да биде траен, новите територијални реалности што се појавија треба да бидат признати и формализирани во согласност со меѓународното право“, рече Лавров во интервју објавено на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.
Неговиот украински колега Андриј Сибига брзо реагираше на тие изјави:
„Нова серија стари ултиматуми. Русија не ги промени своите брутални цели и не покажува расположение за значајни преговори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Тој додаде дека ова докажува дека „апетитот на агресорот се зголемува само кога не е подложен на притисок и сила“.
„Време е да се справат со руската воена машинерија и да се воведат строги нови санкции“, додаде тој.
Регион
Зошто само Вучиќ и Фицо дојдоа од Европа на историската парада на Шји во Кина?

Речиси сите европски лидери одлучија да ја бојкотираат кинеската воена парада по повод Денот на победата во Пекинг, со исклучок само на двајца лидери, чие присуство предизвика многубројни контроверзии, пишува Би-би-си.
Тоа се словачкиот премиер Роберт Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ, кои со тоа повторно се најдоа во центарот на вниманието. И двајцата присуствуваа на руската парада за Денот на победата во Москва во мај и исто како и тогаш, и сега во Пекинг се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин.
Иако двајцата пристигнаа во Пекинг, нивните мотиви се разликуваат. Србија, иако е кандидат за членство во ЕУ, има блиски економски односи со Кина и се обидува да одржи неутрален став кон Русија и покрај осудите на војната во Украина.
Од друга страна, позицијата на Роберт Фицо е многу посложена. Неговата Словачка е членка и на ЕУ и на НАТО, но Фицо отворено повикува на нормализација на односите со Русија.
Додека Брисел планира да го прекине увозот на руска нафта и гас до крајот на 2027 година, словачкиот премиер сака да го зголеми снабдувањето на својата земја со руски енергетски производи и покрај напорите на Украина да го прекине гасоводот.
Остра порака од Брисел
Додека Путин го фали Фицо за неговата „независна надворешна политика“, европските сојузници го гледаат тоа сосема поинаку.
На прашањето дали словачкиот премиер ја претставува Европската Унија во Пекинг, портпаролката на Европската комисија даде краток и јасен одговор – „не“. Таа нагласи дека Кина е клучен поддржувач на Русија во војната против Украина.
Политичките противници на Фицо во Словачка го обвинуваат дека служи на руската пропаганда и дека ги предал интересите на сопствената земја. Самиот Фицо го оправдува своето доаѓање со тоа што наведува дека е во Пекинг „додека се формира новиот светски поредок“.
По разговорот со Путин, тој рече дека дошол до неколку заклучоци и дека има сериозна порака за украинскиот претседател Зеленски, со кого треба да се сретне в петок.
Фото: ЕПА
Регион
Вучиќ на воената парада во Кина: „Благодарен за искреното пријателство кон нашата Србија“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес објави дека Кина отсекогаш била покрај Србија, особено во тешките моменти.
„Благодарен на претседателот Шји и на кинескиот народ за нивното искрено пријателство кон нашата Србија. Кина отсекогаш била покрај Србија, особено во тешките моменти. Србија и српскиот народ никогаш нема да го заборават тоа“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.